[Министерство за образование] УПАТСТВО ЗА НОВИТЕ ИГРАЧИ. ДОБРЕДОЈДОВТЕ!

Day 1,170, 10:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie
НОВИ ИГРАЧИ, ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО еREPUBLIK. Се надеваме дека ќе ви се допадне играва и дека во најскоро време ќе успеете да ја совладате и да ни се придружите во градењето на иднината за еМакедонија. Бидејки морате да се запознаете што подобро со играва, Министерството за образование се реши да ги реобјавува туторијалите за да бидат што подостапни до Вас.

Ве молиме, пред да почнете со игра одделете барем пет минути да го прочитате основниот, почетнички туторијал. СЕУШТЕ НЕ СЕ БОРЕТЕ!!!

КЛИКНЕТЕ НА СЛИКИТЕ ЗА ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ТУТОРИЈАЛИТЕ




Доколку ви е потребна помош, дојдете на чет каналот #eMKD односно #NoviIgraci (потребно е да го впишете вашиот nickname за да бидете индетификувани) па поискусните играчи ќе ви помогнат.

Неколкумина играчи на своја рака се трудат да ги упатат новите играчи и напишаа свои туторијали за новите играчи.
Министерството за образование им се заблагодарува за нивниот труд и затоа, со цел истите да ги ставиме на располагање на новите играчите, се решивме да ги објавиме во нашето официјално гласило. Секој кој има напишано свој туторијал со тема која не е опфатена во веќе направените туторијали на Министерството за образование и трудовите на играчите, слободно контактирајте не.

Специјална благодарност упатуваме до ivan.aka.friday, GokaGrozni & Fantomsky без кои најновиот наплив на нови играчи во еМакедонија не ќе беше реалност.






Имајте на ум дека вашиот придонес од борењето е многу мал во почетокот. Ако сте стрплив играч, а стрпливоста е најважна особина на почетокот од играњето еРепаблик, немојте да се борите во почетокот, барем во првите 15-20 дена активно играње (да работите и тренирате) додека не се развиете. Тогаш штетата што ќе ја нанесувате ќе биде поголема отколку на почетокот, а исто и платата ќе биде поголема со која ќе можете да си дозволите да се борите секој ден по неколку пати давајќи многу поголем придонес, отколку да сте почнале со борење уште во првите денови во играта.

Откако ќе ги прочитете почетните туторијали, преминете на следните за уште по детално да се запознаете со концептот на играта. Ова се детално изработени туторијали кои ќе ве запознаат со играта. Ви препорачуваме да ги прегледате и прочитате по дадениот редослед. ВЕ МОЛИМЕ, НЕ СЕ БОРЕТЕ БАРЕМ ДО 13то НИВО!








Доколку сте избрзале, обратете се за помош до:
Црвениот Крст на Македонија или Министерството за здравство и преку пополнување на формуларов ќе добиете леб да си го вратите здравјето НО САМО ЕДНАШ! Ве молиме, не злоупотребувајте ја добиената помош.

Редовно следете ги официјалните соопштенија на македонските министерства за да бидете упатени за случувањата во еМакедонија и во играва. Претплатете се (Subscribe) на нивните весници и додајте ги организациите во пријатели.

Министерство за Образование - нивниот весник
*следете ги редовно туторијалите што излегуваат, без разлика дали сте понов или постар играч

Министерство за Здравство - нивниот весник
*ако неможете да си го покачите здравјето, пишете им порака и побарајте помош

Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
*ако неможете да си го покачите здравјето, пишете им порака и побарајте помош

Министерство за Одбрана - нивниот весник
*пред да се борите погледнете ги воените инструкции во нивниот весник, за да видете каде е најпотребно да се борите

Министерство за Информирање - нивниот весник
*следете ги нивните статии и информирајте се за новостите и промените во играта, но и со нашата земја

Народна Банка на Македонија - нивниот весник

Министерство за Економија - нивниот весник

Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник



PhoenixMK
Министерство за Образование
Февруари 2011