Интерфејс на играта, објаснувања за основните информации и менија

Day 1,092, 19:25 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Во овој туторијал во кратки црти ќе ги објасниме секоја од опциите што ви се достапни во главното мени и делот што се наоѓа лево на вашите екрани кој содржи некои опции и основни информации за вас. Ќе бидат објаснети основните работи за овие делови на интерфејсот бидејќи се важни за вашето снаоѓање овде и секогаш ги имате на вашите екрани додека сте на играта.

Како што можете да забележите на сликата, интерфејсот на играта во основа се сосотои од 4 дела:


1. Во горниот дел се наоѓаат главното мени, датумот и пребарувач на граѓани и организации.
2. Лево, можете да видете некои основни информации за вас и некои опции.
3. Централен дел, кој варира во зависност од избраното мени.
4. Десно се наоѓаат рекламите односно огласите на некои играчи.



Па да започнеме.

Прво ќе го објасниме делот што го гледате на левата страна, кој содржи некои основни информации за вас и некои опции.



1. Вашиот аватар (profile picture) и името на граѓанинот (citizen name). До вашиот профил доаѓате со кликнување на вашиот аватар или корисничко име. За повеќе информации околу вашиот профил, прочитајте го следниот туторијал: Профил страница
2. Вашето искуствено ниво (experience level), а кога ќе насочите на него со курсурот, ќе можете да видете колку искуствени поени имате (experience points) и уште колку ви фалат до наредното искуствено ниво (level).
3. Земјата на која сте државјанин, а со кликање на знамето ќе дојдете до информации и статистики за вашата држава на општествен, економски, политички, воен план, администрација..
4. Вашето моментално здравје (health или wellness, како сакате). Се зголемува преку консумирање храна и/или поседување куќа.
5. Копче за консумирање или купување на храна ако немате. Ова копче е Eat food кога имате храна во инвентарот, а Buy food кога немате храна во вашиот инвентар (inventory).
6.Износ на злато (gold) и домашна валута (МКД) кои ги поседувате. Воглавно се зголемуваат со работење и со добивање бонуси (treasure maps) од играта. Можат да се заменуваат едни со други преку Monetary market во зависност од тоа што ви е потребно.
7. Приватни пораки (personal messages), односно вашето сандаче со примени пораки (inbox), од каде можете да дојдете, покрај примените, и до пратените пораки (sent), известувањата (alerts) и претплатите на весниците (subscriptions).
8. Известувања (alerts) - преку овде одете директно до вашите известувања
9. Претплати на весници (subscripions) - листа на подоцнежни артикли на весниците на кои се имате претплатено
10. Излегување од вашиот профил (Logout)




Сега ќе го објасниме накратко секој дел и од главнното мени, кое како и претходното, секогаш е присутно додека сме на играта.

-Првото копче од менито, во вид на куќа, е почетната страница (HOME PAGE).



- MY PLACES - листа на некои од местата кои почесто ќе ги посетувате:

Company - компанија каде работите и ја покачувате вашата работна вештина (economy skill) за да дојдете до повисока плата. Многу е важно да работите со високо здравје (90-100) за подобри резултати.
Training grounds - место каде тренирате и ја зголемувате вашата сила (strength) за да станете подобар војник
Party - политичка партија на која сте член
Newspaper - весник (слично на блог) што го поседувате и уредувате по сопствена желба
Organization - организации кои ги поседувате
Country administration - информации за одлуките на конгресот на вашата земја
Citizen ads - се реклами од играчи, кои се плаќаат со злато (gold)


- MARKET - како што и самото име кажува, претставува пазар:

Marketplace - е пазар што често ќе го посетувате, бидејќи од таму се купува храна, оружје, куќа, билети за селење..
Monetary market - е место каде што можете да разменувате пари, на пример злато во домашната валута, домашна валута во злато...
Job market - е место каде барате работа
Companies for sale - е листа на компании кои се продаваат


- INFO - информации во врска со вашата и другите земји:

Rankings - се рангирања во различни категории
Country stats - информации и статистики за вашата и другите земји
Wars list - е листа на отворени војни помеѓу земјите
World Map - мапата на еСветот


- COMMUNITY - или заедница, е подмени каде се наоѓаат некои поважни линкови:

Invite friends - е објаснето како можете да поканите пријатели во играта, а со тоа и да добивате бонуси во злато
Elections - информации во врска со изборите (партиски, конгресни, претседателски)
News - најчитани артикли во весници во последните неколку дена
Badges - пропаганден материјал за erepublik (банери, слики..)
Forum - официјален форум на erepublik
Wiki - претставува енциклопедија за erepublik, каде се објаснети многу работи од играта


- GOLD AND EXTRAS - линк со информации во врска со добивање, купување и трошење на злато:


од каде следува ова:


Gold - за да купите злато со вистински пари
Extra storage - за да добиете некои не многу важни привилегии, а тоа се екстра место во инвентарот (inventory) и поштенското сандаче (inbox), а и добивате 10 извици (shouts) дневно.
Treasure Maps - е најважниот дел од оваа подмени, бидејќи овде ги добивате бонусите од медалите во форма на Gold Treasure Maps кои содржат по околу 5 златници.
Gold Bonus - исто така и ова е доста важно, затоа што овде ви доаѓаат бонусите во форма на злато од пријателите што ги имате покането преку вашиот реферал линк.
Get Health (Health Kit) - е купување односно покачување на здравјето со злато, но овој начин на покачување на здравјето е многу неисплатлив


До овде завршивме со кратките објаснуања за содржините во главното мени, и дојдовме до делот што се наоѓа во горниот десен агол:



-времето во erepublik (server time) е за 9 часа позади нашето време. Што значи денот овде се менува во 09:00 часот по наше, односно во 00:00 часот по нивно време.
-датата односно денот во erepublik
-пребарувач на граѓани и организации



Cyril of Macedon
Министерство за Образование (http://www.erepublik.com/en/article/-1-1574539/1/20)
Ноември 2010


Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија. Ова е место каде може да дискутирате и да се информирате за многу работи во врска со еМакедонија.
Регистрирајте се со истото име како од играта.

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Министерство за Образование - нивниот весник
*следете ги редовно туторијалите што излегуваат и слободно пишете ни порака ако нешто не ви е јасно од играта

Министерство за Здравство - нивниот весник
*ако неможете да си го покачите здравјето, пишете им порака и побарајте помош

Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
*ако неможете да си го покачите здравјето, пишете им порака и побарајте помош

Министерство за Одбрана - нивниот весник
*пред да се борите погледнете ги воените инструкции во нивниот весник, за да видете каде е најпотребно да се борите

Министерство за Информирање - нивниот весник
*следете ги нивните статии и информирајте се за новостите и промените во играта, но и со нашата земја

Народна Банка на Македонија - нивниот весник

Министерство за Економија - нивниот весник

Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник