Профил страница

Day 1,096, 00:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Во претходниот туторијал ве запознавме со главното мени и делот што се наоѓа лево на вашите екрани кој содржи некои опции и основни информации за вас, а сега во овој туторијал ќе ве запознаеме со подеднакво важната: профил страница.

До вашиот профил доаѓате со кликнување на вашиот аватар или корисничко име. Еве како изгледа:



Приметуваме дека изгледот на профилот потсеќа како на оној на фејсбук. И овде имаме профил слика, листа со пријатели, да напишете нешто за себе, статуси односно овде се нарекуваат извици итн, но има други поважни работи како на пример вашата успешност во играта, информации за вашата активност, моментално здравје, локација, државјанство итн...

Ќе почнеме по ред со разгледување на секој еден дел од вашиот профил.

1.
Edit profile - овде можете да додадете и изменете некои податоци за вашиот профил, како на пример:
-слика за вашиот профил односно аватар (citizen avatar)
-краток текст што ќе стои на вашиот профил (about me)
-дата на раѓање
-промена на лозинката или вашиот е-маил
На крај откако ќе завршите со промените, ја внесувате лозинката и со кликање на Make changes, промените ќе бидат направени.

2.
Овде можете да видете дали играчот е вклучен (online) во моментов или не. Ако кругчето е зелено како во случајов тоа значи дека е вклучен, а ако е сиво тогаш тоа значи дека е исклучен.

3.
Локација (location) - ова ја покажува вашата локација, односно државата и регионот во кој сте. Можете да ја промените вашата локација преку копчето change, каде ја одбирате новата локација. Но за да се преселите треба да купите соодветен билет за селење (moving ticket) од маркетот.
Државјанство (citizenship) - ова покажува какво државјанство имате. Државјанството ви е важно за да учествувате во политичкиот живот во една држава, бидејќи можете да гласате и да се кандидирате само во таа држава од која што имате државјанство.

4.
Тоа се неколку податоци за вас:
-кога сте почнале да играте (eRepublik birthday)
-вашиот национален ранк (National rank)
-колку казнени поени (forfeit points или скратено FP) имате. Доколку стигнете до 5 казнени поени, ќе добиете бан од играта (permanent ban). Овој дел само вие можете да го гледате.

5.
Овде ја гледате вашата активност, односно:
-дали сте невработен или сте вработен и каде работите
-вашата политичка активност (political activity), во која партија членувате
-вашата медиумска активност (media activity), односно вашиот весник (блог)

6.
Ова се вашите пријатели. Се прикажани само првите 8 пријатели од вашата листа. Ако кликнете на view all, ќе добиете листа со сите ваши пријатели.

7.
Ова е вашиот последен извик (shout). Со кликање на сините стрелки на десната страна можете да ги погледнете и постарите shout-ови.

8.
Во основа вашиот профил се дели на 3 дела: Преглед на профилот (Overview), вашата парична парична состојба (Accounts), предмети кои ги поседувате (Inventory).

-Overview - преглед на профил. Сликата од профилот на почетокот на туторијалот е всушност преглед на профилот (overview) и овој дел освен вие, можат да ви го гледат и другите играчи. Додека другите два дела, accounts и inventory, можете да си ги гледате само вие.

-Accounts - преглед на вашите сметки, односно вашата парична состојба. Овде можете да видете поточно со колку парични средства располагате.

-Inventory - место каде се складират вашите предмети (items), а тоа се: храна, куќа, оружје, билети.
Храната ја консумирате преку копчето eat food и добивате здравје, оружјето се троши при борење за нанесување поголема штета, билетите за преселување од едно место на друго, а куќата ви дава здравје што го добивате на крајот од секој еРепублик ден (09:00 часот по наше време).
Со опцијата Edit inventory а потоа на Save inventory откако ќе завршите, можете да ги промените местата на предметите во инвентарот. Тоа го правите на пример за да одредите која храна ќе ја косумирате попрво или која од куќите сакате да ја користите, со поставување пред другите предмети.

9.
Вашето здравје во моментот (health). Може да го зголемувате со консумирање храна и/или поседување куќа.

10.
Тоа е вашето искуствено ниво (experience level). Десно од тоа ги пишува вашите искуствени поени (experience points), а и до колку искуствени поени треба да стигнете за да дојдете до наредното искуствено ниво. Искуственото ниво се зголемува од секојдневните ваши активности во играта. Со зголемувањето на искуственото ниво имате бенефиции најмногу во почетокот, додека потоа не толку. Искуственото ниво и не е некое мерило на вашата јачина, туку економската вештина (economy skill) и силата (strength) што ги стекнувате од работење и тренирање се најважни.

11.
About me - ваш краток текст што ви стои на профилот. Го внесувате и променувате преку edit profile.

12.
Ова се вашите достигнувања (achievements), односно медалите кои сте ги освоиле или сеуште не сте. Секој освоен медал ви носи мапа со богатство (Treasure Map). Полесни медали за добивање се Hard Worker (работење 30 дена по ред) и Super Soldier (на секои 250 strength) медал, па затоа потрудете што почесто да ги добивате. Повеќе за медалите прочитајте во овој туторијал: Објаснување на медалите во играта

13.
Работна или економска вештина (economy skill). Таа се развива со секојдневно работење во компанија. Кога почнувате со играта во почетокот платата ви е ниска бидејќи вашата економска вештина е исто мала. Како што ја зголемувате вашата економска вештина, така и платите стануваат се поголеми. Многу е важно да работите со што е можно повисоко здравје бидејќи така сте попродуктивни и побргу ја зголемувате вашата економска вештина.

14.
Сила (strength). Силата се зголемува со тренирање. Силата е најважното мерило за големината на штетата што ја нанесувате во битките. Тренирајте редовно секој ден, за да ја зголемите вашата сила побргу, па потоа да допринесете за еМакедонија во битките.
Воениот чин (military rank). Воениот чин се добива со војување во битки. Кога се борите во битки, вие нанесувате штета, па така спрема нанесената штета соодветно добивате ранк поени со што се зголемува вашиот воен чин. Што поголем чин сте, толку повеќе штета нанесувате во битките.
Во почетокот не се борете бидејќи штетата што ја нанесувате е многу мала, а и дополнувањето на здравјето потоа ви излегува многу скапо.

15.
До овде ја опишавме вашата профил страница, но остана уште само нешто. Тоа е делот плус што го гледате на профилот кај другите играчи:

-Додај во пријатели (Add as a friend). Да пратите покана за пријателство.
-Прати порака (Send message). За праќање на приватна порака.
-Донирај (Donate). За праќање предмети(items) или парични средства (money), треба да одберете.
-Пријави злоупотреба (Report abuse). Да пријавите ако некој ги крши правилата и законите на играта. На пример: ве навредува, рекламира надворешни страници, спамира, и слично.



Cyril of Macedon
Министерство за Образование (http://www.erepublik.com/en/article/-1-1574539/1/20)
Ноември 2010


Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија. Ова е место каде може да дискутирате и да се информирате за многу работи во врска со еМакедонија.
Регистрирајте се со истото име како од играта.

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Министерство за Образование - нивниот весник
*следете ги редовно туторијалите што излегуваат и слободно пишете ни порака ако нешто не ви е јасно од играта

Министерство за Здравство - нивниот весник
*ако неможете да си го покачите здравјето, пишете им порака и побарајте помош

Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
*ако неможете да си го покачите здравјето, пишете им порака и побарајте помош

Министерство за Одбрана - нивниот весник
*пред да се борите погледнете ги воените инструкции во нивниот весник, за да видете каде е најпотребно да се борите

Министерство за Информирање - нивниот весник
*следете ги нивните статии и информирајте се за новостите и промените во играта, но и со нашата земја

Народна Банка на Македонија - нивниот весник

Министерство за Економија - нивниот весник

Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник