Претставување на Министерството за Образование и некои поважни линкови

Day 1,091, 21:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Почитувани граѓани на еМакедонија,

Министерството за Образование е државна институција која врши едукација на граѓаните на еМакедонија во поглед на нивно запознавање со основните и поважни работи во играта. Како и до сега, така и во наредниот период, преку нашиот весник ќе објавуваме упатства (туторијали), кои е препорачливо секој да ги прочита. Па се надеваме дека ќе ви бидат од корист и ќе ви го олеснат вашиот еЖивот.

Како понов играч се чуствувате доста изгубено и збунето со сите тие нови информации кои ви ги нуди играта ? Не грижете се, ние сме тука да ви помогнеме. Ако не најдете одговор на вашето прашање во нашите туторијали, тогаш слободно пишете ни порака па ќе се потрудиме да ви одговориме најдобро што можеме.



Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија. Ова е место каде може да дискутирате и да се информирате за доста работи во врска со играта и со нашата еЗемја.
Регистрирајте се со истото име како од играта за да знаеме кои сте.

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија


Ве молиме да гласате (Vote) за секој артикал во весниците на државните институции, за побргу да избијат меѓу првите статии и што повеќе луѓе да ги видат. Исто така претплатете се (Subscribe) на нивните весници и додајте ги организациите во пријатели.

Министерство за Образование - нивниот весник
*следете ги редовно туторијалите што излегуваат, без разлика дали сте понов или постар играч

Министерство за Здравство - нивниот весник
*ако неможете да си го покачите здравјето, пишете им порака и побарајте помош

Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
*ако неможете да си го покачите здравјето, пишете им порака и побарајте помош

Министерство за Одбрана - нивниот весник
*пред да се борите погледнете ги воените инструкции во нивниот весник, за да видете каде е најпотребно да се борите

Министерство за Информирање - нивниот весник
*следете ги нивните статии и информирајте се за новостите и промените во играта, но и со нашата земја

Народна Банка на Македонија - нивниот весник

Министерство за Економија - нивниот весник

Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник



Cyril of Macedon
Министерство за Образование
Ноември 2010