Добродојдовте во Новиот Свет - туторијал за новите играчи

Day 1,118, 14:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


еМакедонци, добродојдовте во Новиот свет !
eRepublik во суштина е упростена симулација на животот на човекот.
Исто како и во реалниот живот, така и овде имате дневни задачи. Работите без кои се неможе и треба да се прават секојдневно овде, одењето на работа, тренирањето и одржувањето на здравјето, се најзначајни за вашиот опстанок во еРепaблик. Секако дека понатаму има уште работи што можат да се прават, како на пример: да се борите во војни, да се занимавате со новинарство, политика, менаџирање со компанија итн., но сепак во овој туторијал ќе се задржиме на поосновните работи.



Најпрво пред да почнеме, поставете си аватар (профил слика). Препорачливо е да поставете аватар бидејќи за тоа добивате 2 искуствени поени (experience points). Тој се поставува преку опцијата edit profile која се наоѓа на вашата профил страница.
За да дојдете до вашата профил страница кликнете на вашето корисничко име, односно на полето лево на вашите екрани, кое изгледа вака:


Потоа одете на edit profile, каде можете да внесете и направите промена на некои податоци за вашиот профил, меѓу кои и профил сликата.


Откако ќе завршите со измените, внесете ја вашата лозинка и претиснете го копчето Make changes

Е сега може да почнеме по ред, со тоа што е основно што треба да се прави.



Работа

Треба да одите на работа секој ден, со цел побрз напредок и земање плата. Кога работите добивате плата, 2 искуствени поени (experience points) и одреден број поени за зголемување на вашето ниво на работна вештина (economy skill), а трошите од 1 до 5 здравје (health) во зависност од компанијата каде работите. Кога ќе достигнете одреден напредок со вашата работна вештина, т.е кога ќе напреднете на следното ниво economy skill, тогаш можете да побарате работа за повисока плата. А вашето ниво на работна вештина (economy skill) можете да го видите на вашата профил страница. Погоре објаснивме како се доаѓа до профил страницата.

Пред да работите (work), треба да бидете вработени некаде. Затоа сега ќе ви објасниме прво како да се вработите. Горе во менито одете на Market, па кликнете на Job market и ќе ви се отворат понудите за работни места.


Таму компаниите имат поставено понуди за работни места за различни нивоа на работна вештина (economy skill), од 1 до 12. Играта автоматски ги отвара понудите за вашето ниво на работна вештина. Бидејќи штотуку почнувате, вашата работна вештина е 1 ниво.



1. Во првата колона ги гледате компаниите и нивните нивоа. За вас како работник нивоата на компаниите ви покажуваат по колку здравје би трошеле вие при работење кај нив. Во Q1 (со една звездичка) компанија губите 1 здравје од работење, во Q2 по 2 здравје, во Q3 по 3 здравје итн. Во почетокот подобро вработувајте се во компании што одземаат помалку здравје.
2. Во втората колона гледате од која индустрија е компанијата, но тоа не важно за вас.
3. Во третата колона гледате за кое ниво на работна вештина (economy skill) се понудите за работни места.
4. Во следната колона ја гледате платата што би ја добивале доколку се вработите во таа компанија.
5. А во следната колона имате копче Apply каде можете да аплицирате за некое работно место, односно да се вработите.
Откако ќе го сторите ова, вие сте вработени и ви се отвара страницата за работење:



1. Ова поле ви ја покажува компанијата и индустријата во која е таа. Со кликнување на тоа поле, ќе ви се отвори страница со повеќе информации за компанијата.
2. Resign - овде можете да дадете отказ од работното место. Тоа може да го сторите не порано од 72 часа од вработувањето во таа компанија.
3. Овде може да ја видите вашата бруто плата (не оданочена).
4. Ова се бустери (boosters) кои ги зголемуваат вашите резултати од работењето, односно вашата работна вештина (economy skill) и продуктивност. Користете го првиот, бесплатен бустер и не ви препорачуваме да трошите пари за другите бустери.
5. Овде стојат некои од рефералите, односно играчите што се регистрирале преку вашиот реферал линк во играта, кои ви користат како еден вид бонус бесплатни бустери и додатно ви ја зголемуваат работната вештина и продуктивноста. Ви се зголемува по 10% од реферал, а можете најмногу двајца да одбележите. Што значи ако поканете еден или барем двајца луѓе во играта, би го користите овој бонус бесплатен бустер.
6. Работете со кликнување на копчето Start working.

Потоа ќе ви се отвори извештајот односно резултатите од работењето (workday results):


1. Платата што сте ја добиле од денешното работење.
2. Овде гледате за колку поени ви се зголемила работната вештина.
3. Ова поле ја покажува вашата продуктивност во компанијата.
4. Овде стои колку единици производ сте произвеле за тој ден, за компанијата каде работите.
5. Ова поле ви покажува колку денови сте работеле по ред и уште колку ви фалат до Hard Worker медалот (земате бонус во злато за добиен медал).
6. Ова поле ви покажува колку здравје имате изгубено и колку искуствени поени имате добиено од денешното работење.


Многу важно за работењето:
Работете секогаш со 100 здравје (health) или барем со над 90, бидејќи така побргу ви се зголемува вашата работна вештина (economy skill), од која ви зависи висината на вашата плата.
Обратно од тоа, доколку работите со ниско здравје многу побавно ви се зголемува вашата работна вештина, што значи ќе ви треба подолго време за да дојдете до работа со повисока плата.
Работејќи со ниско здравје покрај тоа што се оштетувате односно побавно напредувате вие, го оштетувате и вашиот работодавец. Добивате нормална плата, а вие му произведувате многу помалку од колку што треба бидејќи сте помалку продуктивни со ниско здравје. Значи работењето со ниско здравје и штети на нашата економија во целост, како на работниците, така и на сопствениците на компании.
Затоа секогаш работете со 100 или барем со над 90 здравје.
Подолу во текстот ќе ви објасниме како да го одржувате здравјето.

Сега кликнете на полето Train за да одете да тренирате.



Тренинг

Исто така треба и да тренирате секој ден. Со тренирањето ја зголемувате вашата сила (strength). А со зголемувањето на силата, го зголемувате инфлуенсот (war influence) односно штетата што ја нанесувате во битките. Силата е најзначаен факотр во пресметувањето на вашиот инфлуенс во битките.
Кога тренирате добивате 2 искуствени поени и 5 поени сила (+0.5 ако го одбележите бесплатниот бустер), а се троши по 1 здравје.



1. Ова се бустери кои ги зголемуваат вашите резултати од тренирањето. Сепак овде разгледувајте ги само првите два бустери, додека другите два поскапи се многу неисплатливи и воопшто не ви ги препорачуваме.
2. Ова се вашите реферали кои служат како бонус бустер коi ја имаат истата функција како кај работењето. Само овде го зголемуват ефектот од вашето тренирање по 10% од човек, а најмногу до 20% (два реферали).
3. Тренирајте со кликнување на копчето Start training.

Откако ќе тренирате ќе ви се отвори извештајот односно резултатите од тренирањето (train results):


1. Овде можете да видете колку сила имате добиено.
2. Уште колку сила ви фали до следниот Super Soldier медал.
3. Овде гледате колку здравје имате изгубено и колку искуствени поени имате добиено од денешното тренирање.



Сега кликнете на копчето Get reward за да добиете мал бонус за завршените дневни задачи (работа и тренинг):



Kликнете на копчето Ok да го земете бонусот. Овој бонус ќе го добивате секој ден по завршувањето на дневните задачи.



Одржување на здравјето и храна

За да го надополните изгубеното здравје треба да консумирате храна (Food).
Здравјето се надополнува и преку health kits но по многу висока цена (0.5 злато за 10 здравје !?), затоа никако не ви го препорачуваме тој начин.

Дневно губите од 1 до 5 здравје од работа, 1 здравје од тренинг и 4 здравје со промената на денот. Денот во еРепаблик започнува во 00:00 часот по нивно време, односно во 08:00 часот по наше време.

Како што рековме, потрошеното здравје го надополнувате со купување и консумирање храна. Храната се купува на пазарот: Market > Marketplace


Откако ќе кликнете на Marketplace, ви се отвара ова:


Најпрво во полето Search for product одбирате тип на производ. Во случајов ја селектирате храната (Food). А потоа во лентата што ви се појавува одоздола (Select quality), одбирате каков да биде квалитетот на производите. Еве на пример одберете ја храната со една ѕвездичка, најефтината. И потоа ќе ви се појават понудите на храна од тој квалитет, подредени по цена, од најефтината па натаму.



Во првата колона (Product) го гледате типот на храната.
Во втората колона (Provider) ја гледате компанијата која ја произведува.
Во третата колона (Stock) гледате колку парчиња производи има ставено на продажба.
Во следната колона (Price) ја гледате цената на производот.

А преку ова можете да ги листате страните со понудите:


Откако ќе одлучите, во полето на таа понуда внесете колку единици (Quantity) сакате да купите од тој производ и потоа кликнете на копчето Buy.

Кога ќе купите нешто од пазарот, во случајов храна, таа се наоѓа во вашиот простор за складирање (Storage).

Ова е копчето со кое ја консумирате храната:



Со кликнување на оваа копче "јадете" онолку храна од вашиот Storage колку што е потребно да дојдете до 100 или што поблиску до 100 здравје, се разбира доколку имаате претходно купено толку храна.
Можете да имате најмногу 100 здравје.


*Куќата (House) е уште еден дополнителен начин на одржување на здравјето. Куќата дава одредено здравје на крајот од еРепублик денот, а тоа е 08:00 часот наутро, по наше време. Има повеќе видови на куќи. На пример една Q5 куќа секој ден ви дополнува по 50 здравје на крајот од денот и трае 50 дена. Значи за да го искористите ефектот од куќава, во случајов треба да се оставите на не повеќе од 50 здравје, за да со промената на денот куќата може да ви ги додаде 50-те здравје што ги дава.





- Значи да резимираме. Правете ги трите основни работи (работа, тренинг, одржување на здравјето) секојдневно, или колку што можете поредовно. Само внимавајте кога работите да бидете со повисоко здравје, барем над 90 ако не повеќе.
Значи колку сте поредовни во играта, толку побргу ќе напредувате. Дури и кога немате многу време, не би требало да ви биде тешко да одвоите 3-4 минути еднаш дневно да го направите ова.
- Избегнувајте да трошите по многу пари за бустери при работа и тренирање. Користете ги само првиот (+10% - бесплатен) или вториот (+50% - 0.19 злато) бустер, но не и другите два поскапи бустери, бидејќи се доста неисплатливи.

- Не се борете во почетокот, барем не во првите 2-3 седмици. Зошто ? Па како прво, прескапо ви излегува надополнувањето на здравјето по борењето бидејќи платата ви е помала во почетокот поради ниската работна вештина (economy skill) што ја имате, а како второ, правите многу мал ефект во битките во поради малата сила (strength) што ја имате во почетокот. Инаку силата се зголемува со тренирање, а висината на платата зависи од висината на вашата работна вештина, која се зголемува со работење. Значи наместо да се трошите уште сега, подобро чувајте си ги тие пари за понатаму кога за ист трошок би правеле поголем ефект во битките.
Важно пред да почнете со војување прочитајте го основниот туторијал за војување.

А за подобро да се запознаете со основите на играта прочитајте го и објаснувањето на профил страницата.

Со текот на времето веројатно ќе навлезете повеќе во некои од сегментите на играта, но сепак засега како за почеток ова е сосема доволно.



- За крај прочитајте ги eRepublik законите (eRepublik Laws). Еве ги и на Македонски:

Драги граѓани на Новиот Свет, ова се законите на еРепублик. Кршењето на некој од нив на било кој начин, ќе резултира со добивање на различни казни, од помали (пр. добивање казнени поени), до поголеми (како привремен или постојан бан на вашиот профил).

1. Не смеете да го загадувате Новиот Свет со работи како надворешно рекламирање, спамирање, навреди, порнографија, вулгарности или расизам.
2. Не смеете да се здобивате со материјални богатства стекнати на нелегални начини, преку мамење, обложување или технички пропусти.
3. Не смеете да отварате и управувате со повеќе од еден профил.

Повеќе во врска со правилата можете да прочитате овде
.



Како понов играч се чуствувате доста изгубено и збунето со сите тие нови информации и можности кои ви ги нуди играта ? Не грижете се, ние сме тука да ви помогнеме.
- Министерството за Образование е државна институција која врши едукација на граѓаните на еМакедонија во поглед на нивно запознавање со основните и поважни работи во играта. Се надеваме дека нашите туторијали ќе ви бидат од корист и ќе ви го олеснат вашиот еЖивот.
Ве советуваме да го зачувате линкот до нашиот весник бидејќи овде ќе наоѓате доста корисни текстови кои ќе ве запознаат со играта.
- Друго место каде може да најдете корисни информации е eRepublik Wiki - енциклопедија за eRepublik. Таму ќе најдете кратки објаснувања за скоро сите работи што ќе ги сретнете во играта.

Сепак, ако не најдете одговор на вашето прашање во нашите туторијали или во eRepublik Wiki енциклопедијата, тогаш слободно пишете ни порака па ќе се потрудиме да ви одговориме најдобро што можеме.

Cyril of Macedon
Министерство за Образование
Декември 2010

Туторијалот е последно променет на 19.03.2011



Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија. Ова е место каде може да дискутирате и да се информирате за многу работи во врска со еМакедонија.
Регистрирајте се со истото име како од играта.

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Министерство за Образование - нивниот весник
*следете ги редовно туторијалите што излегуваат и слободно пишете ни порака ако нешто не ви е јасно од играта

Министерство за Здравство - нивниот весник
*ако ви е пониско здравјето и немате доволно средства да си го покачите, пишете порака до нив

Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
*ако ви е пониско здравјето и немате доволно средства да си го покачите, пишете порака до нив

Министерство за Одбрана - нивниот весник
*пред да се борите погледнете ги воените инструкции во нивниот весник, за да видете каде е најпотребно да се борите

Министерство за Информирање - нивниот весник
*следете ги нивните статии и информирајте се за новостите и промените во играта, но и со нашата земја

Народна Банка на Македонија - нивниот весник

Министерство за Економија - нивниот весник

Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник