Како да ја конзумирате (користите) храната ?

Day 1,063, 02:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Поздрав еМакедонци!

Како што знаете во текот на вчерашниот ден добивме нешто повеќе од 2300 нови играчи или вкупно играчи во Македонија околу 3200 со тоа што се искачивме на 15-тото место според бројот на население ште е голем успех за само 15-тина дена откако сме додадени. За споредба само 96% од останатите држави во играта постојат веќе околу две години, затоа ве замолуваме сите нови играчи да што подолго останете во играта иако изгледа на почеток комплицираната уствари е премногу едноставна и интересна.. останете и не дозволувајте Грција откако ќе ни изтече заштитата (за 35 дена) да не нападне и окупира туку ние да станеме што појаки и ние да бидеме тие кои ќе ја превземат офанзивата и први ќе ги нападнат денешните Грчки региони.

Ве молам претпатете се на весникот кликнете на копчето “Subscribe“ во десниот агол на весников со цел да ви стигаат известувања кога ќе има туторијали, ќе одиме пополека секој ден по 1 нов туторијал со цел полесно да ја сватите играта. Во продолжение ете за новите играчи поважни туторијали кои се напишани до сега ..

- Добредојдовте - туторијал за новите играчи
- Правилата на Ерепублик на Македонски јазик
Како да гласате на партиски избори


А сега да преминеме на денешниот туторијал како да конзумирате храна

Единствен начин да ја повратите вашата изгубена сила при работење, тренирање и борење е преку храната, но затоа што вие на почетокот немате доволна плата и висок скил за да купите поголема количина на храна не се борете има време качете малку скил а со тоа и плата па ќе почнете со борењето кое одзима многу енергија затоа стрпете се.

Храната се конзумира со кликате на копчето “Eat food“ што се наоѓа на панелот десно, но доколку пример имате како јас само 4 сила тогаш првен бидете сигурни дека имате таков леб ..



Затоа кликнете на вашето име што се наоѓа лево на пенелот како на сликата подоле и кликнете на опцијата “Invetory“ со цел да видите што се наоѓа во него ..



Пример како што гледате кај мене на сликата подоле на прво место ми е ставена храна која дава 10 сила а мене ми е потребна само 4 затоа купив храна која дава 4 сила и кликам на полето “Edit invetory“ и со влечење ја пренесувам таа храна на прво место ..





Откако ќе завршам со тоа можам да го видам распоредот на храната тука односно редоследот по кој ќе се конзумира храната кога ќе кликнам на копчето Eat food.



И еве како изгледа на крајот пред конзумирањето и после тоа



Важно е да се напомене дека дневно можете да конзумирате храна во вредност од 300 сила највеќе но не верувам дека во почетните денови можете да го дозволите тоа затоа не се борете и зголемувајте го вашиот работен скил а со тоа и вашата плата покасно.


Еве и некои важни информации ..

1. Регистрирајте се на се на нашиот официјален форум за играва.
2. Доколку сте згрешиле на почеток и сте се бореле и ви е потребна сила контактирајте ја организацијата Macedonia Red Cross по пат на приватна порака.
3. Додадете ја оваа организација за пријател.
4. Доколку ви е потреба помош околу играта, кликнете тука и дојдете на нашиот официјален чат каде што доколку прашате сигурно ќе има некој што ќе ви помогне.


Тоа е се,

United Macedonia
Министерство за Образование