Добредојдовте - туторијал за новите играчи

Day 1,062, 05:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Ако имате некаква потреба помош од играва или сакате да прашате нешто кликнете тука и дојдете на нашиот чат, исто така и дојдете да се дружиме.



Текстот е реобјавен затоа што во 16:00 часот според некои информации ќе има прилог на Сител ТВ во врска со играва па можеби ќе дојдат нови играчи исто така деновиве очекуваме и уште еден медиум кој е во Топ 70 во Македонија да среди за реклама па ќе ни треба ова за новите играчи.. ве молам сите гласајте и шаутирајте го со цел што побрзо да испадне во првите 5 да видат новите играчи.

Бидејки имаме доста нови играчи (ова е реиздание на воведниот артикл) би ги замолил сите да не се откажуваат лесно, првите денови можеби играта ќе ви изгледа интересно но ве уверувам дека потоа ќе сватите дека можеби е и една од најдобрите browser игри. А и треба Грција да ја окупираме затоа останете и помогнете ни во тоа ..

Исто така прочитајте некои други артикли како што се .. и регистрирајте се на нашиот официјален форум за да дискутирање со нашите играчи за играта.

- Правилата во Erepublik на Македонски јазик
- Како да гласате на партиски избори

И да ви кажам не се борете уште одма! не ја губете силата наскоро ќе има и туторијал како да се борите па ќе ви биде појасно а до тогаш ќе качите и поголем скил!

ЗАЕДНО ДО ОСВОЈУВАЊЕ НА ЦЕЛА ГРЦИЈА!



Како што знаете привремено до првите претседателски избори се избраа раководители на поважните организации (идни министерства) како што се министерствата за економија и образование. Па затоа да започнеме со работа ќе гледам да напишам што повеќе туторијали за новите играчи што полесно да можат да ги поминуваат првите денови во играта, исто така сите коишто ќе видите нов играч во делот онлајн испратете му порака со линк до туторијалов.

Први постапки во играта:

» ставете аватар (донесува exp поени, ама само првото поставување)
» најдете работа (да би можеле да работите)
» работете (како би добиле плата)
» тренирај (да би нанесол повеќе штета во битките)
» купи леб (на ист начин се купуваат и останатите работи)
» јадете леб (да го вратите здравјето изгубено од работа, тренирање и борење)

1. Поставете аватар

Аватар е слика преку која начесто ќе те препознаваат во играта (освен со името) исто така преку аватарот најчесто се познава од земјата која што доаѓаш. Важно е на почеток да го поставите аватарот зошто ви носи искуствени поени и можете да го мењате колку пати сакате но само првиот пат ќе ви даде поени.

Аватарот ќе го поставите/измените така што ќе кликнете на просторот (прикажан на сликата подоле) односно тоа е вертикалниот дел кој се наоѓа на левата страна, а потоа кликнете на edit profile кое се наоѓа над просторот за shout (објава/извик).





и потоа ја добивате страната за аплоадирање на аватар



Сликата мора да ја имате во вашиот компјутер и она мора да биде во JPEG формат за да играта ја прифати сликата но не смее да биде “потешка“ од 512 KB, пожелна димензија за сликата е 140x140 пиксела или помалце зошто во спротивно ќе гледате само дел од сликата.
Кликнете на Browse и одберете ја сликата од вашиот компјутер и пред да кликнете “Make changes“ за да го поставите аватарот мора да ја внесете шифрата погоре.

Ако нејке да ви се промени аватарот кликнете повеќе пати F5 или десен клик reload ..




2. Вработување - најдете работа

Како нов играч немате развиено ниту еден скил и затоа новите играчи треба да се вработат во компанија со една ѕвездичка (тие се фирми со квалитет 1, инаку постојат и 2, 3, 4 и 5) затоа што при работење во компанија со 1 ѕвезда ќе губите само 1 сила дневно, што на почетокот е многу битно затоа што здравјето што ќе го изгубите се надополнува со леб а за да можете да си дозволите повеќе и поквалитетен леб потребни се пари кои и баш ги немате на почеток.

Списокот на фирми кои нудат работа ќе го најдете со одење во Market -> Job market



а тоа изгледа вака ..



На маркетот понудите за работа се сортирани по големината на платата, но внимавајте можете да аплицирате за работа само со скилот што го имате. Како што гледате погоре има само една компанија со (1 ѕвездичка) затоа вработете се во компанијата “Makedonija Grain" и откако ќе постигнете некој поголем левел вработете се во останатите државни фирми.




3. Работење

Работењето е активност која треба да ја извршувате секојдневно, зошто на почеток тоа е единствен начин да заработите пари. Покасно можете да отворите и вие сопствена компанија но тоа сеуште многу рано така да првен заработете солидна сума на злато/пари.

До работното место може да се стигне со кликнување на My Places -> Company



а потоа кликнуваме на копчето “work“



Откако ќе влеземе во менито кај опцијата за избирање на засилувачи (енг. boosters) го избираме бесплатниот (тн Single Espresso) и кликаме на копчето Start working.



После извршената работа може да погледнете колку пари сте заработиле, колку продукти сте направиле како и колку искуствени поени сте добиле и изгубената сила при работењето ..




4. Тренирање

Следен чекор откако ќе работиме потребно е да тренираме со цел да ја зголемиме војната вештина на нашиот играч, за тренирање може да пристапиме преку менито My Places -> Training grounds како што е прикажано на сликата подоле



Откако ќе го избереме тоа ни се отвара менито за тренирање, најважно е секогаш да тренирате само еден скил и тоа тенк барем засега зошто се најдобри на военото поле иако админите најавија враќање на стариот воен скил “strenght“ но додека дојде до тоа има време и ќе бидете дополнително известени доколку се случи истото.

Значи одбираме тенк исто и бесплатен засилувач (Army boots) и кликнуваме start training



за откако ќе го средиме тоа ќе можеме да ги видиме резултатите од тренирањето




За извршувањето на работење/тренирање исто така може и да пристапите со менито кое се појавува на почеток на страната секој ден кое изгледа вака (сликата подоле) и откако ќе ги завршите двете работи тренирање и работење со кликнување на Get reward добивате гратис искуствени поени од страна на играта затоа тренирајте и работете секој ден.ѓ




5. Купување на храна

Како играч на маркетот можеш да купиш храна (односно леб зошто не постојат други видови на храна) како и карти (за патување) во други држави, оружја (хеликоптер, тенк, пушка или артилерија). За пристапување до маркетот можете да одите преку менито Market -> Markeplace



потоа избираме храна (енг. food)





Каде што ни се појавува мени со карактеристики на лебот, со влечење на правоаголникот се сортираат карактеристиките на лебот односно здравјето кое го дава. Пожелно е обавезно да купувате од Македонски компании кои се во сопственост на Македонци со цел нашите денари да не заминуваат кај други државјани барем до конгресните избори тоа.



Откако ќе ви испаднат понуди ја впишувате количината на храната која што сакате да ја купите и потоа кликате на копчето Buy при што ја купувате храната и е подготвена за конзумирање.






Ова е се за првиот почетен туторијал во наредниот очекувајте нешто повеќе околу тоа како да се борите, како да конзумирате храна, како да читате весници и како да пристапите до чатот. Исто така не заборавајте за крај да кликнете на копчето “Subscribe“ односно да се претплатите на весникот со цел да ви стигне известување кога ќе има нов туторијал.



кога ќе стигне известување изгледа вака ..





Тоа е се,

United Macedonia
Министерство за Образование