Соопштенија од Министерството за Информирање

Day 1,107, 04:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje




Почитувани,



Ви се обраќаме со цел да Ви дадеме сеопфатна слика за состојбите во еМакедонија и прогресот кој што досега е направен. Читајќи го весников на Министерството за Информирање – ќе добиете претстава што се случува во еМакедонија и која е моменталната состојба на нашата еДржава.



Од минатото издание на Министерството – се случија два битни настани. Прво, глобалниот вештачки бејби бум. Веројатно никој нема точна претстава кои се размерите и последиците на оваа катастрофална грешка. Преку ноќ се создадоа акаунти со стотици злато. Останува да видиме кои ќе бидат последиците. Второ, промената на ресурсите. И тука е рано за коментари, но секој мора да сфати дека ова е коренита промена на играта која директно не’ засегна и нас со губење на каменот. Но сепак да не забораваме – најмоќниот ресурс на секоја земја се луѓето кои играат!



На тема политика – пројдоа изборите за Конгрес во најдобар ред и без насилство по избирачките места 🙂 Доминантен фактор останува Обединета еМакедонија со 83% претставеност во Конгресот. Уште две партии влегоа во Конгресот : МРО-МНЕ и ТМРО-РООМ.


Пред нас се Декемвриските Претседателски избори. Најголемата партија објави кокнурс за кандидат за Претседател од нејзините редови. Повеќе информирајте се тука!




Еве го нашиот прогрес по сектори:



1. ДРЖАВНА ИНФРАСТРУКТУРА

Државната инфраструктура ќе претрпи силно промени. Болниците и одбрамбените системи повеќе нема да важат. Соодветните компании за нивно производство ќе бидат избришани и компензирани.

Анализа за Нови ресурси во играта и во нашата држава . Во овој момент можеби и не е паметно да се отвораат нови компании без да се почека бар некој ден и да се согледа севкупната ситуација на пазарот во новите услови.

Ниту една држава во своите оригинални региони нема повеќе од 5 различни суровини. Со тоа потребата за освојување нови територии е уште понагласена!



2. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ



1. Издадени туторијали:


а) Информации и кратки објаснувања за основните менија и опции

б) Профил страница

в) Основен туторијал за војување




3. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО



1. Пратење на наталитетот и развојот на населението на еМакедонија


2. Црвен Крст на Македонија која се грижи за Македонските граѓани во цел еСвет. Функционира со давање на наши донации на Црвениот Крст, а пак раководителот потоа распределува на кој граѓанин му треба и секако по барање исто така реагира за доброто на сите Македонци во играва.




4. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА


Последна актуелна наредба е Војната во Кипар . За прв пат ќе ни се пружи задоволството да удриме врз Грците. Ќе видат бајаги македонски знаменца како се рeдат за ударање! 🙂




Со ова се потрудивме да ви дадеме една сеопфатна слика на состојбите во нашата еТатковина.


До следно читање!


Ве поздравуваат,


Strumjanin и Martin Tashkoski






#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија


Министерство за Одбрана - нивниот весник

Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник

Министерство за Информирање - нивниот весник

Министерство за Образование - нивниот весник

Министерство за Здравство - нивниот весник

Црвен Крст на Македонија - нивниот весник

Министерство за Економија - нивниот весник

Народна Банка на Македонија - нивниот весник