Претседателски избори декември 2010

Day 1,106, 04:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Mitrevski

На 5ти декември не очекуваат претседателски избори.Нашата партија мора да одбери еден кандидат кој ќе биде официјален.Работите вчера за малку ни избегаа од контрола поради неуспешниот "атентат" врз мојот профил,затоа малку и доцниме со роковите и ќе мораме малку да ги убрзаме работите.

Кој може да се пријавува?
-секој над 24ти левел,со минимум 6 месеци искуство во играва
-минимум еден конгресменски мандат
-мнооогу слободно време и познавање од играва
-да биде уажувам меѓу сите ограчи и со чисто минато во играва

Кандидатот во меѓувреме да изготви краток план со кој ќе се претстави

Кој и како ќе се гласа?

Околу начинот на гласање имаше доста полемики и вчера на состанок и денеска на конгресменскиот дел на форум.
Собрав неколку идеи и направив еден демократски систем каде сите категории ќе се опфатени во зависност од искуството во играва

Кој ќе може да гласа?
-секој член на партијата со над 18ти левел
-секој член на конгрес
-јас како претседател
(секое мулти гласање ќе биде санкционирано)

Како ќе се гласа?

Пријавените кандидати ќе се стават на гласање заедно со нивните програми на форум,истовремено и на конгресен и на на општиот дел.(конгресмените не смеат да гласаат на општиот дел).

Правило на поени

-Победникот на општиот дел на форум ќе добие 2 поени
-Јас како претседател ќе му доделам 2 поени на според мене подобриот кандидат
-И конгресот како легитимно избрани најкорисни играчи од вас ќе даде 3 бода

Во конгрес право на глас ќе имаат само конгресмените од ОеМ.(25 на број без мене)
Јас ќе имам право на само еден глас .
Доколку има исти број на гласови на форум се делат по 1 бод на првите двајца.

Пријавувањето почнува сега и ќе трае 30тина часа до утре во 20 часот по што ќе биде ставено на гласање за на 2ри вечерта да го имаме официјалниот кандидат.
Доколку има еден пријавен нема да има гласање.
Доколку има повеќе пријавени се гласа за сите кои јас ќе ги одобрам во зависност од критериумите кои ги исполнуваат.
Доколку нема пријавени конгресот ќе одлучи за еден кандидат.
Официјален кандидат ќе биде оној со најмногу собрани поени.

Не заборавајте дека идниот Претседател составува и влада.

Пријавувајте се и кога ќе сте готови со програмчето ми го праќате на ПМ и НЕ го објавувате.

Среќно,МнМ

Tемата официјално е ставена на ФОРУМ
ОНИЕ ШТО НЕМААТ РЕГИСТРАЦИЈА А САКААТ ДА ГЛАСААТ НЕКА СЕ РЕГИСТРИРААТ ШТО ПОБРЗО,ЗА ДА ИМАМЕ ПОДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ!!!