[Мин. за образование] Туторијали за нови играчи. ДОБРЕДОЈДОВТЕ и НЕ СЕ БОРЕТЕ!

Day 1,145, 07:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie
НОВИ ИГРАЧИ Ве молиме, пред да почнете со игра одделете барем пет минути да го прочитате основниот, почетнички туторијал. НЕ СЕ БОРЕТЕ!!!

Имајте на ум дека вашиот придонес од борењето е многу мал во почетокот. Ако сте стрплив играч, а стрпливоста е најважна особина на почетокот од играњето еРепаблик, немојте да се борите во почетокот, барем во првите 15-20 дена активно играње (да работите и тренирате) додека не се развиете малку. Тогаш штетата што ќе ја нанесувате ќе биде поголема отколку на почетокот, а исто и платата ќе биде поголема со која ќе можете да си дозволите да се борите секој ден по неколку пати давајќи многу поголем придонес, отколку да сте почнале со борење уште во првите денови во играта.




Почитувани граѓани на еМакедонија.

Факт е дека почетокот во играта е секогаш "трнлив". Што значи тоа?

Во секоја игра (па и во еРепублик), на почетокот се среќаваме со разни потешкотии меѓу кои, тоа што сме:
- новинец во играта
- не го знаеме концептот на играта
- збунетост при играње што доведува до постојано барање помош
- избрзување и постојано грешење во играта
  и доколку не се снајдеме - на крај, се откажуваме од играта.

Потребно е време да се совлада "с'ржтта" на играта. Во оваа, почетничка фаза потребно е да преовладеат ВОЛЈАТА за играње и ТРПЕНИЕТО дека во најскоро време ќе го совладаме концептот на играта. Новите играчи се од витално значење за ваквиот тип на игри, тие се свежата, оксидирана крв во крвотокот на играта. Тие треба да ги следат стапките на постарите и поискусните и да донесат новитети. Без нив, сетиот вложен труд постепено ќе пропаѓа се додека не го достигне самото дно.

Затоа, со цел да им се помогне и да се задржат новите играчи се прават т.н. туторијали односно упатства за игра кои ќе им помогнат што побрзо да се запознаат со играта и да стекнат искуство во истата.

eRepublik, уште од самиот почеток со креирањето на виртуелниот Нов Свет донесе иновативност во онлајн гејмерската индустрија. еRepublik е онлајн стратегиска и мултиплеер игра која ви овозможува втор живот, соживот со граѓаните во виртуелниот Нов Свет кои од ден на ден се во се поголем број. Можете да постанете тоа што од секогаш се го посакувале во реалниот живот: претседател на земјата, министер, сопственик на силна компанија, новинар, силен војник, да ви се исполни желбата да живеете во посакуваната земја... но, преку истата ќе се стекнете и во голем број на познаници со кои заеднички ќе го живеете вашиот втор, виртуелен живот.

Пред неколку месеци, во eRepublik ја додадоа и нашата земја, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Секој ден во еМакедонија се раѓаат нови "бебиња" односно доаѓаат нови играчи. Некогаш, се раѓаат само две-три "бебиња" дневно, некогаш стотина, некогаш илјадници (бејби бум). Бидејки во секој момент е можен наплив од нови играчи во еМакедонија особено изразито во време на војна, со цел да ги запознаеме и приближиме новите играчи со концептот на играта а со тоа и да ги задржиме во што е можно подолг период (спречување на остар морталитет), новиот состав на Министерството за образование, се реши да состави лесен и јасен артикал во кој ќе бидат содржани сите досегашни поважни туторијали за запознавање на новите играчи со поважните сегменти од играта.

Најпрвин,  целта на Министерството за образование е, преку линкови од сите поважни упатства за игра и други поважни линкови во артиклов на новите играчи да им се пружи сета помош што им е потребна за да го совладат почетокот и да покажат заинтересираност односно да се пронајдат себеси во играта.
Второ, Министерството за образование му предложува на претседателот на еМакедонија, во својата упатена порака до новите граѓани на еМакедонија на видливо место да биде внесен линк за пристап до содржината на весникот на Министерството за образование односно долунаведените линкови со поважните туторијали и
Трето, Министерството за образование предлага да се формира посебно министерство за нови играчи. Министерството (за нови играчи) ќе биде надлежно редовно да ги следи новодојденците и да ги запознава истите со концептот на еРепублик преку туторијалите кои се изготвуваат од страна на Министерството за образование


ДО НОВИТЕ ИГРАЧИ:
Ова се детално изработени туторијали кои ќе ве запознаат со играта. Ви препорачуваме да ги прегледате и прочитате по дадениот редослед. ВЕ МОЛИМЕ, НЕ СЕ БОРЕТЕ БАРЕМ ДО 13то НИВО!








АПЕЛ ДО ИСКУСНИТЕ ИГРАЧИ:
Без ваша помош, не ќе можеме оптимално да успееме во остварувањето на нашата цел: ЗАДРЖУВАЊЕТО НА НОВИТЕ ИГРАЧИ! Овде можете да видите колкав број на нови играчи се зачленуваат на играва секој ден и се граѓани на еМакедонија. Следете ги играчите кои се моментално онлајн. Таму ќе ги пронајдете новите, неискусни играчи. Не е тешко да одвоите некоја минута за да го контактирате играчот по пат на приватна порака и доколку имате добра финансиска состојба да му поделите некој леб доколку неговото здравје е загрозено.

За да ја поедноставиме работата, Ви приложуваме кратка порака. Снимете ја поракава во notepad или било кој текст документ за да имате полесен пристап до неа и да ја убрзате постапката. КОПИРАЈТЕ ЈА ПОРАКАВА И ИСПРАТЕТЕ ЈА ДО НОВ ИГРАЧ.

Здраво и добредојде на еРепублик.
Се надевам дека вашиот престој во Новиот Свет ќе ви биде пријатен.
Постојат многу работи кои ќе ви овозможат забава во Новиот Свет.
Но до сега, мора да се чуствувате прилично изгубено и збунето, обземени со нови информации кои ги нуди самата игра. Но, затоа ние сме тука да ви помогнеме да го започнете вашиот виртуален живот.
Како прво, прочитајте ги туторијалите за нови играчи---> http://www.erepublik.com/en/article/-1-1629926/1/20
Ова ќе ви помогне во инзвонредно разбирање на основите на играта.
Исто така, ве молиме придружете ни се на >нашиот форум
За повеќе помош можете да се обратите на државните институции како:
>Црвениот Крст на Македонија
>Министерството за Образование
>Министерство за Економија
побарајте секаква помош од која имате потреба, преку праќање на порака на било која од овие организации.
Ви посакуваме многу среќа и забава во играта.
Да живее еМакедонија!


Запомнете: новите играчи внесуваат свежина во играта, клучни се за развивање на економскиот и воениот потенцијал на земјата и секако, од нив зависи нашата иднина.

Ќе ја искористам приликава да ве запознаам со новиот состав на Министерството за образование. За нов министер за образование, од страна на претседателот на државата е поставен PhoenixMK а за негов стручен соработник и советник е поставен Cyril of Macedon, поранешниот Министер за образование.

Ве молиме дајте vote & shout за да го видат артиклов што повеќе луѓе.

Ваш
PhoenixMK, Министер за образование