МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМИРАЊЕ

Day 1,096, 16:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje



Почитувани,


Ви се обраќаме со цел да Ви дадеме сеопфатна слика за состојбите во еМакедонија и прогресот кој што досега е направен. Читајќи го весников на Министерството за Информирање – ќе добиете претстава што се случува во еМакедонија и која е моменталната состојба на нашата еДржава.


Министерството Ви посочува внимание за сите важни информации да се информирате пред се од официјалните весници. Само на тој начин се гарантира точноста на прочитаната информација.


Еве го нашиот прогрес по сектори:


1. ДРЖАВНА ИНФРАСТРУКТУРА

1. Болници и системи за одбрана – Источна Македонија: 3 системи за одбрана и болница. Повардарие: 2 системи за одбрана.

2. Државна фирма за болници - Kреирана заeдничка компанија за Q5 болници со Турската Влада.


2. ФИНАНСИИ

Моментално во банката на јавната сметка се наоѓаат 3755 злато и 123.957 денари кои по сегашниот курс вредат 4338 злато, и исто така во Министерството за Економија се наоѓаат 344 злато и околу 15.000 денари кои вредат околу 530 златo.


3. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

1. Издадени туторијали:

а) Информации и кратки објаснувања за основните менија и опции

б) Профил страница

2. Изработен завршниот дел за сите официјални соопштенија со сите линкови. (види подолу)



4. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

1. Проект Ексклузивни Куќи – 2.2 Г – во кој беа поделени eKуќи со квалитет 5 ѕвезди за цена само од 2.2злато.

2. Будно пратење на наталитетот и развојот на населението на еМакедонија

3. Црвен Крст на Македонија која се грижи за Македонските граѓани во цел еСвет. Функционира со давање на наши донации на Црвениот Крст, а пак раководителот потоа распределува на кој граѓанин му треба и секако по барање исто така реагира за доброто на сите Македонци во играва.



4.МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ

1. Воспоставена Амбасадорска мрежа низ поважните земји

2. 10 Алијанси



5. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

1. Формираат единици- во моментот нашата армија брои 3 воени единици во првата регимента Лавови, значи единиците се само Лавови I, Лавови II, Лавови III во првата регимента. Исто така во план е распишување и на нова регрутација за формирање на втората регимента која што ќе има име Тигри каде што планираат да се регрутираат уште нови војници.

2. Распишани Конкурси за Генерал и Команданти – (види на Форум)




Со ова се потрудивме да ви дадеме една сеопфатна слика на состојбите во нашата еТатковина.


До следно читање!


Ве поздравуваат,


Strumjanin и Martin Tashkoski






#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија


Министерство за Одбрана - нивниот весник

Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник

Министерство за Информирање - нивниот весник

Министерство за Образование - нивниот весник

Министерство за Здравство - нивниот весник

Црвен Крст на Македонија - нивниот весник

Министерство за Економија - нивниот весник

Народна Банка на Македонија - нивниот весник