Напреден туторијал за војување

Day 1,108, 21:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Ова е туторијал за некои работи во врска со војувањето кои не беа опфатени во претходниот туторијал за истата тема. Пред да преминете со читање на овој туторијал, прво прочитајте го основниот туторијал за војување, ако го немате прочитано веќе. Зборчето "напреден" да не ве буни многу, бидејќи колку е наменет за поискусните во војувањето, исто толку е и за понеискусните во таа област. Ако го имате прочитано и сватено претходниот туторијал за војување, овој не треба да ви претставува некој проблем.



1. Формула за пресметување на штетата што ја нанесувате односно инфлуенсот (war influence) што го правите, од еден удар:

И = ((Ч - 1) / 20 + 0.3) * ((С / 10) + 40) * К

И - инфлуенс (war influence)
С - сила (strength)
Ч - воен чин (military rank)
К - коефициентот на оружјето



С - сила (strength) - вашата сила, можете да ја видете на вашиот профил.

Ч - воен чин (military rank) е нивото на вашиот чин. На вашиот профил можете да видете каков воен чин имате вие, а редниот број односно нивото (rank level) на воениот чин можете да го видете во оваа табела:



К - коефициент на оружјето. Oвој коефициент се базира врз ударната моќ (fire power) на вашето оружје. Еве како изгледа:



Еве сега неколку примери со формулата за пресметување на инфлуенсот.
Земаме тројца играчи. Сите се чин 30 (Ч=30). Првиот играч е почетник и има 100 сила, вториот играч има 1000 сила, а третиот има 3000 сила. Еве го нивниот инфлуенс (И) без оружје (К=1):

Прв играч: И = ((30 - 1) / 20 + 0.3) * (( 100 / 10) + 40) * 1 = 1.75 * 50 = 87.5
Втор играч: И = ((30 - 1) / 20 + 0.3) * ((1000 / 10) + 40) * 1 = 1.75 * 140 = 245
Трет играч: И = ((30 - 1) / 20 + 0.3) * ((3000 / 10) + 40) * 1 = 1.75 * 340 = 595

Исто да земаме тројца играчи. Сите имаат 1000 сила (С=1000). Еден од нив никогаш не се борел (Ч=1), вториот е да кажеме 30 чин (Ч=30), а третиот е да речеме недостижниот најсилен чин во играта (Ч=62). Еве го нивниот инфлуенс без оружје (К=1):

Прв играч: И = ((1 - 1) / 20 + 0.3) * (( 1000 / 10) + 40) * 1 = 0.3 * 140 = 42
Втор играч: И = ((30 - 1) / 20 + 0.3) * ((1000 / 10) + 40) * 1 = 1.75 * 140 = 245
Трет играч: И = ((62 - 1) / 20 + 0.3) * ((1000 / 10) + 40) * 1 = 3.35 * 140 = 469

Од трите фактори што го одредуваат инфлуенсот, најмногу влијае силата.
Совет: Ако сакате малку побргу да напредувате со силата, можете да тренирате со вториот 50% бустер.
Повеќе во врска со тренирањето и силата ќе прочитате подолу во туторијалот.

Воените чинови имат помало влијание од силата, во инфлуенсот што го правите.
Во почетокот со воени чинови многу лесно се напреднува, додека понатаму отприлика по првите 20-30 чинови, е побавно.
Совет: Не се брзајте со напредувањето во чинот ако немате доволно приливи на средства. А и не ги трошете сите ваши пари, туку секогаш чувајте нешто настрана за некои поважни битки за Македонија.

Од споменативе три фактори, да се пресмета влијанието на оружјето е најлесно. Колкава е неговата ударна моќ, толку проценти ќе правите повеќе инфлуенс во споредба со инфлуенсот што би го правеле без оружје. Ова го имате и во табелата погоре за коефициентот на оружјето.



Тренирање и сила

Со редовно тренирање и зголемување на силата, како што веќе знаете, значително ја зголемувате штетата што ја нанесувате во битките односно инфлуенсот (war influence).



Силата што ја добивате при тренирање се пресметува на овој начин:
Основна сила од тренинг (5 сила) + сила од бустер (0.5 / 2.5 / 5 / 10 во зависност од бустерот) + сила од наградата за завршување на дневните задачи (1 сила) + сила од реферали* (0.5 со еден реферал, или 1 со два реферали)
*Referral - човек што се регистрирал во играта преку вас односно преку вашиот реферал линк

Еве како изгледа тоа во табела:



Во табелата е даден пример за правење 250 сила, бидејќи на секои направени 250 сила се добива Super Soldier медал, а со него и бонус злато со кое би ги покриле дел од трошоците за бустери.

1. Кога штедите за нешто или немате многу пари, најдобра опција ви е тренирање со бесплатниот бустер бидејќи ќе ви стојат сите пари на располагање, а сепак не е голема разликата на пример помеѓу +50% бустерот и бесплатниот бустер (само 2 сила помалку).

2. Ако сакате пак да напреднувате со силата малку побргу, можете да тренирате со бустерот од +50% за 0.19 злато. Овој бустер е доста поисплатлив од другите два поскапи бустери (во однос цена/сила).
Погледнете во табелата за колку дена правите 250 сила со овој бустер и колку ќе ве чини тоа. Од ова согледувате дека со тренирање со овој бустер, приближно целиот трошок ќе го покривате со златото од Super Soldier медалот кој се добива на секои 250 сила. Овој бустер е добар избор ако сакате малку побргу да напредувате со вашата сила, а и не е скап.

3. Овој бустер (+100% за 1.49 злато) е најнеисплатлив, како што можете да забележите и според табелата, затоа никако не е препорачливо да се користи.
На пример имате 20 злато. Со тоа злато можете да тренирате 13 пати со овој бустер +100% (по 1.49 злато), а 105 пати со бустерот од +50% (по 0.19 злато). Откако ќе пресметате ќе видите дека за истата сума на злато, со бустерот од +50% (0.19 злато), добивате околу 6 пати повеќе сила, отколку со другиот бустер +100% (1.49 злато).

4. Овој бустер (+200% за 1.79 злато) е исто така многу скап и може да си го дозволат само оние кои имаат повеќе средства, а за другите не е препорачлив.
За иста количина на злато, со бустерот од +50% (0.19 злато) добивате приближно 5 пати повеќе сила отколку со бустерот од +200% (1.79 злато).

Не треба да ги занемарувате бонусите од рефералите. Покрај тоа што добивате бонуси во злато за напредувањето на вашите реферали, добивате и бонус сила при тренирањето. Затоа ако можете донесете еден или двајца играчи преку вашиот реферал линк за да ги добивате овие бонуси.



Некои совети за ваш максимален придонес во битката

-Како што кажавме во претходниот туторијал за војување, секогаш пред да се борите отварајте го весникот на Министерството за Одбрана. Таму ќе најдете воени инструкции каде е најпотребно да се борите. Од голема важност е да се борите во тие битки што се приоритет. Во случај да нема артикал за тој ден во весникот на министерството за одбрана, тогаш борете се во битката што е наместена како Campaign of the day или пак во некоја друга битка каде е потребна помош.

-Како што веќе знаете можете да надополните од 100 до 500 здравје со храна, на секои 6 часа, во зависност од нивото на вашиот Town Center. Ова е препорачливо да го користите до максимум во поважните битки за Македонија. За да имате доволно храна и Q5 оружје за вакви денови, кога можете, штедете средства и не се трошете многу кога нема поважни битки.


Cyril of Macedon
Министерство за Образование (http://www.erepublik.com/en/article/-1-1574539/1/20)
Декември 2010

Туторијалот е последно променет на 28.06.2011



Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија
(регистрирајте се со истото име како од играта)

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Министерство за Образование - нивниот весник
Министерство за Здравство - нивниот весник
Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
Министерство за Одбрана - нивниот весник
Министерство за Информирање - нивниот весник
Народна Банка на Македонија - нивниот весник
Министерство за Економија - нивниот весник
Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник