Основен туторијал за војување

Day 1,100, 19:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Во овој туторијал ќе ги објасниме основите работи околу борењето и како тоа функционира . Ова е препорачливо секој од вас да го знае пред да учествува во битки.
Ќе ви дадеме и некои совети во врска со тоа како треба да се борите, односно како тоа да го правите со што е можно поголем ефект, а помал трошок.

Војувањето во еРепублик е сегмент што ги држи најмногу од играчите овде и некои ја играат играва само за тоа. Се војува од истите причини како и во реалниот живот. Се војува за да ослабне противникот, а ние да станеме посилни, се војува за ресурси...

Вие како индивидуалец, од борењето добивате искуствени поени (experience points) и ранг поени за воениот чин (military rank), а трошите пари за дополнување на изгубеното здравје (за храна, куќа) и за оружје (можете и без него).

Војувањето е "тимски спорт". Ако војувате сами, независно од тоа каде се борат другите Македонци, тогаш и не придонесувате многу. За да бидеме успешни во војувањето, треба да се борите таму каде и кога треба. Повеќе за ова ќе стане збор подоцна.

Сега да почнеме по ред од најосновното. Прво да видиме како да пристапите во битка.



Како да пристапите во битка

Листата на битки каде можете да се борите, односно во кои учествува Македонија или некои од нашите сојузници, можете да ја видете на почетната страница (home page).

Како што гледате на секоја битка стои: помеѓу кои две земји е, за кој регион се води, и копче Fight од каде можете да пристапите во битката.
Кога има повеќе битки во светот, не ги собира секогаш во овој дел од почетната страница, па затоа кликнете на Мilitary campaigns (одбележаното на сликата) за да можете да ги видете сите битки (воени кампањи) во кои можете да учествувате од нашата земја.

Во која битка да се борите

Исто како и во реалниот свет и овде, секоја организирана држава ги насочува своите воени сили кон битките кои се од поголем приоритет. Затоа секогаш пред да се борите отварајте го весникот на Министерството за Одбрана на Македонија каде ќе најдете воени инструкции каде е најпотребно да се борите. Бидејќи често има по повеќе битки, важно е да се борите во тие битки што се приоритет. Така вашиот допринос би бил многу позначаен. Во случај да нема артикал за тој ден во весникот на министерството за одбрана, тогаш борете се во битката што е наместена како Campaign of the day или пак во некоја друга битка каде е потребна помош.



Кога ќе ја одберете битката во која треба да се борите, ќе ви се вчита војното поле односно страницата за борби.



Сега ќе ви ги објасниме едно по едно сите полиња обележани со броеви на сликата.

1. Земјата за која се борите, а тоа е нашата земја или некој сојузник. Одма под името на земјата стои бројот на сојузниците на таа земја, кои исто така можат да се борат во таа битка. Ако го поставите курсорот над податокот за бројот на сојузници, ќе ви се појави листа на сите сојузници.

2. Земјата против која се борите. Исто така можете да видете колку се и кои се нејзините сојузници, како во претходната точка.

3. Овде можеме да видиме колку рунди од битката има победено нашата страна. Секоја сина круна претставува победена рунда за нашата страна.

4. Овде можеме да видиме колку рунди од битката има победено противничката страна. Секоја црвена круна претставува победена рунда за противничката страна.

5. Името на регионот во кој се одвива битката.

6. Графички приказ за односот на силите на фронтот за тековната рунда. Ако сината боја е над 50% тогаш како одминува времето поените се одбројуваат за нашата страна, а доколку е обратно, тогаш тие се одбројуваат за спротивната страна. Која страна прва успее да стигне до 1800 поени, таа ја победува рундата.

7.Изминато време од тековната рунда од битката. Секоја рунда (мини битка) трае од 1:30 до 2:00 часа. Добро е да се знае дека во првите 30 минути од рундата поените се добиваат најбавно, па побргу од 30-та до 60-та минута, уште побргу од 60-та до 90-та минута, и најбргу после 90-та минута (1:30) ако воопшто трае повеќе рундата.

8. Последните три играчи кои се бореле за нашата страна. Го гледаме нивниот аватар, скратено корисничко име и штетата односно инфлуенс поените (influence points) што ги прават.

9. Последните три играчи кои се бореле за противничката страна. Го гледаме нивниот аватар, скратено корисничко име и штетата односно инфлуенс поените (influence points) што ги прават.

*Во понатамошниот дел од текстот ќе се срќавате со поимите: нанесена штета, или инфлуенс (war influence), или инфлуенс поени (influence points) - тие имаат исто значење.

10. Херојот на битката односно на рундата од нашата страна, односно играчот што има нанесено најголема штета моментално во тековната рунда.

11. Херојот на битката односно на рундата од противничката страна, односно играчот што има нанесено најголема штета моментално во тековната рунда.

12. Ова поле содржи информации за вас: вашиот аватар, графички приказ на вашето здравје, вашето корисничко име, вашата сила (strength).

13. Ова поле содржи информации за вашиот противник: неговиот аватар, графички приказ на неговото здравје, неговото корисничко име, неговата сила (strength).

14. Оружје што ќе го користите, или сте без оружје. Преку одбележаното копче што го гледате под вашето оружје можете да си го менувате оружјето со друго од вашиот инвентар.

15. Оружје што ќе го користи непријателот, или е без оружје.

16. Овде ви е прикажан вашиот воен чин (military rank) и вашите ранг поени (rank points). Можете да видите уште колку ранг поени ви фалат до качување на нареден воен чин.

17. Преку ова копче можете да консумирате храна. Функционира исто како копчето за храна (Eat food).

18. Овде можете да купите 10 здравје за 0.5 злато. Ова е многу скапо и неисплатливо и не ви препорачуваме да го користите. Лечете се со храна, куќа.

19. Fight - Ова е копче за борење. Кога ќе кликнете овде го "удирате" непријателот. При секој напад односно удар трошите по 10 здравје.

20. Овде можете да видите колку инфлуенс имате направено досега во тековната рунда.

21. Battle stats - овде можете да погледнете некои статистики од битката, односно кои се првите 5 играчи од нашата страна што направиле најмногу инфлуенс во секоја рунда посебно, но и вкупно во целата битка.

22. Оваа копче ќе ве однесе на страница на која има слично вакво објаснување за страницата за борење како ова.



Како функционира битката

Се борите со кликање на копчето Fight. Со кликнување на ова копче губите 10 здравје и 1 поен трајност од вашето оружје(ако воопшто го имате), а нанесувате одредена штета, со што го намалувате здравјето во битката* на вашиот противник.
Инфлуенсот односно штетата што ја нанесувате зависи од следниве три фактори: вашата сила (strength), воен чин (military rank) и оружје (weapon). А во зависност од силата, воениот чин, оружјето и моменталното здравје во битката на вашиот противник, ќе ви бидат потребни повеќе или помалку борби за да го совладате.
Кога неговото здравје во битката ќе падне на 0, тогаш се собираат сите ваши напади врз вашиот противник и добивате известување за тоа колку ранг и искуствени поени сте добиле, и колку инфлуенс сте направиле. Инфлуенсот што сте го направиле се додава во заедничкиот инфлуенс на нашата страна. Страната што направила поголем заеднички инфлуенс ја добива рундата (мини битката).

Секоја битка се состои од неколку рунди (мини битки) кои траат од 1:30 до 2:00 часа. Страната што прва ќе добие 8 рунди, таа е победник во битката. Ако победи напаѓачката страна тоа значи дека регионот во кој се одвивала битката е освоен и станува дел од таа земја. А доколку победи страната која што се брани, територијата останува нивна.
Вкупното времетраење на битката може да биде најмалку 12, а најмногу 30 часа. Најкратката би била доколку би завршила 8-0 за некоја страна (8 рунди), а најдолга би била доколку би завршила 8:7 за некоја страна (15 рунди).

*Под здравје во битката подразбираме здравјето на противникот само во битката, но не и во играта. Ние и да го "убиеме" во битка, неговото здравје во играта останува непроменето. Истото важи и кога ние се појавуваме кај некој друг играч во битка. Тој колку и да ни го намали здравјето или да не' "убие" тоа не влијае на нашето здравје во играта.

Вие и противникот

Секој ваш напад го смалува здравјето во битката на вашиот противник. Противникот се одбира случајно, но е секогаш некој со сила блиску до вашата. Кога се борите важно е да го спуштите здравјето на противникот на 0 (да го "убиете") за да се смета вашиот придонес во битката и да ги добиете искуствените и ранг поените. Тоа значи ако првиот напад не е доволен да го "убиете" вашиот противник, тогаш ќе треба да се борите уште еднаш, па ако и тоа не е доволно уште еднаш и се додека не го "убиете" противникот.
Кога ќе го сторите тоа, ќе ви се појави ваков извештај:



1. Ова е штетата односно инфлуенсот што сум го направил од моите два удари колку што ми е било потребно да го "убијам" противникот. Овој инфлуенс се додава на вкупниот инфлуенс од сите борци што се бореле на истата страна.
*Natural enemy bonus е +10% бонус од инфлуенсот што сум го направил и се додава на него. Овој бонус го дава само кога се борите против држава која е прогласена за природен непријател (Natural enemy) од страна на вашата држава.

2. Добиваме и ранг поени за воениот чин (military rank) во вредност од 10% од инфлуенс поените што сме ги направиле. Собирањето ранг поени го зголемува вашиот воениот чин, со кој се зголемува инфлуенсот кој го нанесувате.

3. Добивате искуствени поени онолку колку пати сте се бореле. Во случајов беа потребни две борби за да го совладам противникот, а тоа се 2 искуствени поени.

4. Треба да кликнете на оваа поле за да се додаде инфлуенсот и да се исклучи извештајот, а вие се враќате на војното поле (страницата за борење).
Потоа можете да продолжите уште да се борите, или пак ако сакате да излезете од страницата за борење.

Сега останува да објасниме околу оружјето и неговото користење и за одржувањето на вашето здравје.



Оружје

Оружјето има две карактеристики: ударна моќ и трајност.
Ударна моќ (fire power) е карактеристика која влијае на вашата штета што ја нанесувате во борбите. Што поголема е ударната моќ на оружјето, толку повеќе инфлуенс би правеле во битките.
Трајност (durability) претставува употребната вредност на оружјето. Ако трајноста на оружјето е 1 поен, тоа значи дека можете да се борите само еднаш со тоа оружје и потоа ќе биде потрошено и исчезнува од вашиот инвентар. Секогаш кога ќе нападнете, трајноста на оружјето што сте го користиле се намалува за еден поен.

Постојат пет видови на оружја:
Q1 оружјата додаваат +20% на инфлуенсот на вашиот удар и имаат една употреба.
Q2 оружјата додаваат +40% на инфлуенсот на вашиот удар и имаат две употреби.
Q3 оружјата додаваат +60% на инфлуенсот на вашиот удар и имаат три употреби.
Q4 оружјата додаваат +80% на инфлуенсот на вашиот удар и имаат четири употреби.
Q5 оружјата додаваат +100% на инфлуенсот на вашиот удар и имаат пет употреби.

Совет:
Знаеме дека без храна не се може, но бидејќи оружјето е релативно поскапо за тие што немате доволно приливи на средства (покрај платата), тогаш и не морате да купувате. Зошто ? Попаметно ви е да се борите повеќе а без оружје, отколку помалку а со оружје. Парите што сте планирале да ги потрошете за оружје, потрошете ги за уште храна за надополнување на здравјето. На тој начин можете за истите пари повеќе пати да се борите, со што правите повеќе искуствени и ранг поени, а и поголем придонес во битката. Од ова заклучуваме дека храната е на прво место, а потоа оружјето. Користете оружје само ако планирате да го искористите максимално лечењето со храна и се разбира ако имате доволно средства. Ако не, тогаш не е препорачливо да користите оружје, бидејќи е неисплатливо.



Здравје

Како што веќе знаете секое удирање ви одзема по 10 здравје (health). Надополнувањето на изгубеното здравје ве чини пари. Здравјето го надополнувате најчесто преку купување и консумирање храна. Со храна можете да надополните од 100 до 500 здравје на секои 6 часа, во зависност од нивото на вашиот Town Center, кој се наоѓа во My land. А со куќа можете да надополните плус уште 10 до 50 здравје дневно, во зависност од нејзиното ниво.
Друг начин да се надополнува здравјето е преку Health Kit (10 здравје = 0.5 голд !?), но овој начин воопшто не ви го препорачуваме бидејќи е исклучително скап и неисплатлив.

Вашето здравје не влијае врз тоа колку штета нанесувате кога се борите, односно не е важно колку здравје имате кога се борите. Но за да можете да се борите морате да имате најмалку 21 здравје.

Повеќе за здравјето можете да прочитате овде: http://wiki.erepublik.com/index.php/Health



Имајте на ум дека вашиот придонес од борењето е многу мал во почетокот од вашиот еЖивот. Затоа не мора уште во првите денови да се трошите многу за борење. Најважно е редовно да работите (добивате плата) и тренирате (добивате сила). После првите неколку денови кога ќе соберете колку толку сила (strength), почнете полека и со борење. Мисиите кои бараат од вас да се борите, нема да ви побегнат. Ќе ги одработите кога тогаш.

Ова беа некои од основните работи за и околу војувањето. За уште корисни информации и совети на истата тема, прочитајте го напредниот туторијал за војување.

Cyril of Macedon
Министерство за Образование (http://www.erepublik.com/en/article/-1-1574539/1/20)
Ноември 2010

Туторијалот е последно променет на 28.06.2011



Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија
(регистрирајте се со истото име како од играта)

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Министерство за Образование - нивниот весник
Министерство за Здравство - нивниот весник
Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
Министерство за Одбрана - нивниот весник
Министерство за Информирање - нивниот весник
Народна Банка на Македонија - нивниот весник
Министерство за Економија - нивниот весник
Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник