[PhoenixMK] Отчет за мојата работа како Mинистер за образование

Day 1,200, 09:00 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK


Изминаа два месеци откако бев за прв пат поставен на функцијата Министер за образование. Како што Претседателите даваа отчет за својата работа, мислам дека морално за мене е и јас да го дадам истото, да го презентирам моето сработено досега.

Најпрвин би сакал јавно да им се заблагодарам на Drashh III Makedonski & Strumjanin кои ми укажаа доверба како и на Вас браќа и сестри македонци кои ме поддржувавте цело време во мојата работа.



Како министер за образование во еВладата на Drashhh III Makedonski:

На почетокот од страна на тогашниот Претседател на еМакедонија Drashhh III Makedonski бев назначен за помошник на министерот Metodius Magnus и претходниот министер Cyril of Macedon при Министерството за образование за потоа поради презафатеноста на Metodius Magnus да бидам поставен на позицијата Министер за образование. Прифатив со задоволство (ако не прифатев, ќе имав закани по живот хехе).

На повидок беше воена состојба и нов голем бејби бум.

Бидејки претходниот министер заедно со United Macedonia имаа спремено се што е потребно за да се упатат новите играчи, како нов министер за образование си ги поставив овие цели:
- Реобјава на туторијалите заради напливот на нови играчи односно изготвување на универзален артикал каде ќе се сместат сите досегашни објавени туторијали и изготвување на упатство
- Изготвување на предлог за формирање на Министерство за нови играчи или Едукациски центар односно тим кој ќе ми помага.
- Едукација на новите играчи преку персонална порака и на посебен чет канал и

Значи како што гледате, мојот поставен приоритет беа новите играчи за да ги научат основите на еРепублика, за подоцна да преминам на пишување на туторијали. Сега да објаснам за секоја точка посебно.

1. Реобјава на туторијалите
Уште во истиот ден кога ми беше соопштено од Претседателот дека ќе има наплив од нови играчи се фатив на работа и спремив компактен артикал. Изготвувањето на нови туторијали за почетници ќе беше само залудно потрошено време. Ситуацијата беше итна, немаше време за чекање. Уште наредниот ден го објавив “Упатството за нови играчи – Добредојдовте во еМакедонија” каде беа стационирани сите туторијали од есенцијално значење за новодојденците плус апелирав до сите граѓани на еМакедонија и тие активно да се вклучат во едукацијата на бебињата бидејки целта е да задржиме што поголема процентажа од нив во играта. Упатството експресно за само пола час влезе во топ5 и остана таму и досега е најуспешниот артикал на Министерството за образование со над 900 гласови и сум особено горд на него. Верувам дека беше од голема помош на новодојденците но и на тие што сеуште не беа запознати со основите на играта. Планот беше во првите две недели да се реобјавува истиов артикал како што прават во другите земји (кружат само два-три артикли постојано) за потоа да се фатам за работа со пишување на туторијали.

2. Формирање на ново министерство или тим за помош околу новите играчи
За жал, мојата најголема желба и идеја која постојано ја упатував до претходниот претседател уште на самиот почеток ми пропадна во вода. Организациите се тргнаа од играта. Предлогот за ова можете да го видите во горенаведеното упатство. Непосредно после бејби бумот беше формиран посебен чет канал #NoviIgraci кој ќе служи како место за давање совети. Ми беше кажано да формирам тим кој ќе застане со мене во барањето на новите играчи но наместо да формирам, тимот се собра спонтано и до ден денес активно ми помагаше.

3. Откако ми пропадна идејата за помошно министерство, а еМК беше во војна со Бугарија, се решив да ги ставам туторијалите на мирување а да се посветам на бебињата. Поучен од претходниот морталитет кој ја снајде еМК (од 8000 падна нагло речиси дупло), си поставив еден и единствен приоритет - задржување во новодојденците во играта. Започнав со барање на бебињата и нивно контактирање. Во првите денови изнапишав можеби над 500 пораки за добредојде замислете уште колку сум испишал понатаму. Во тоа ми помагаа и екипата (или мојата мафија) од каналот #NoviIgraci кои заеднички преку страната MaxiHellas ги бараа новорегистрираните и ги упатуваа. Да не беа тие, незнам до каде ќе успеев во мојата намера. Јавно им се заблагодарувам на Trte, Goxyto (Osogovo), Facka, Dance Kovacevska, Shakce, Gоvrlevo, DarkoG, pandaaigor и на сите останати кои допринесовте во сето ова (простете ми ако заборавив да го наведам нечие име).

Засега, од тогаш не сме имале сериозен пад на морталитетот што ме наведува дека оваа акција е успешна. Исто така, во посредство со Министерството за Информирање, објавив артикал со FAQ (frequently asked questions) со цел да не се повторуваат се исти, пак исти прашања.

ФИНАНСИСКИ ОТЧЕТ:
За работа на ова министерство не се потребни средства па затоа немавме буџет. Сепак, некои играчи ја покажаа својата “хуманост” и ни донираа 0.ХХХ децимали од разни валути па и од македонската 😃 БЛАГОДАРИМЕ! На крајот на мандатот на сметката на министерството имаше 1 мкд и нешто под 1 турски и српски пари 😃

Можеби не бев активен на полето пишување туторијали но бев неверојатно активен на полето контактирање/упатување на новодојденците преку персонални пораки што ја компензира првичната пасивност.

Благодарам Drashh, се надевам не те разочарав.



Како министер за образование во еВладата на Strumjanin
Таман се решив да се пензионирам од политика еве ти го Струмјанин. Непоредно пред изборите ми стига порака: ќе бидеш мој министер за образование, не прифаќам не! И овде ми се заканија, овој пат со кубење по ушљаците (ушиња на струмички) 😃 што за мене беше неприфатливо. Прифатив повторно.

Бидејки немав ништо на ум, решив да направам за почеток повторна ре-објава на универзалниот артикал плус збогатен со туторијали направени од наши играчи кои едноставно заслужуваа да се најдат таму.

Бидејки добив заменик министер (Macednon) и тројца помошници (TosheMK, Panche Isajevski и NightWolfMK), овој пат беше логично да започнам со активно пишување на туторијали. Најпрвин, планот ми беше да напишам туторијали само за областите кои фалеа досега (фирма, берза...) а моите помошници да ми помагаат околу новите играчи слично како во претходниот мандат но го сменив првичното мислење и се решив да ја ревитализирам мојата првична замисла за ново министерство од претходниот мандат. Се роди идејата за Едукацискиот Центар на еМакедонија но нејзиното реализирање бараше добра организација и труд од страна на членовите во министерството. Идејата ми беше овој центар да биде сместен на посебна организација и да има свој весник но на крај сепак се одлучив да биде составен дел од министерството за образование и во рацете на моите помошници. Тимот од каналот за нови играчи на мое барање продолжи да ги советува и запознава новодојденците (не дека немаше да продолжат и без тоа). Најискрено им се заблагодарувам што го презедоа тој дел од обврските бидејки ми беше потребно што повеќе слободно време.

ЕЦМ беше формиран за да се овозможи поефикасна едукација на македонските играчи околу секојдневни теми односно проблематики (на пример, профил страница, преселби, пин код...) односно да објавува теми кои не бараат детално објаснување како кај туторијалите.

Изготвив програма преку која ја презентирав идејата а Струмјанин со задоволство ја прифати. Во првите денови селектирав теми и преку гугл документ им го пренесов на своите колеги. Секој беше задолжен да избери минимум 5 теми кои ги направив за потребите на ЕЦМ а покомплицираните теми како туторијалите ги оставив за мене и заменикот. Изготвив лого преку кое ОЦМ ќе биде препознатлив а задолжително пред насловот на темите се ставаше ознаката. Откако се избраа темите, започнавме со работа. Додека моите помошници ги пишеа и постираа своите теми, јас ги пишев туторијалите и ги вметнував измеѓу. Многу теми ги објавивме во прав тајминг. Можноста за реобјава на некои постоечки туторијали ги отфрлив но затоа пак истите се освежени и прилагодени.

По предлог на еден играч односно забелешка околу зборот “едукациски”, центарот го преименував во “Образовен Центар на еМакедонија” – ОЦМ.

Целта на овој проект беше - старт од нула! Застарените туторијали да се освежат, а да се направат нови. Сакав да ги објавиме темите по редослед но тоа не беше изводливо па пристапивме кон рандом постирање на теми.

Покрај темите од ОЦМ, се напишаа голем број на туторијали како новиот почетен туторијал, туторијал за фирми, политика, конгресмени и сега најновиот за монетарниот маркет и се надевам дека добро ви послужија. Дополнително ќе излезе нов универзален артикал со сите објавени теми досега и нивно класифицирање.

Освен ова, ги освежив и логоата на министерството. Направив две посебни новинарски логоа: еден за министерството, еден за ОЦМ и аватар за весникот. Исто така го променив и името на весникот. Таму кај што ми дозволуваше лимитот, на самиот завршеток на секоја статија поставив линкови за брз пристап до саканата тема, областа за која ве интересира.

Проектот ОЦМ се покажа апсолутно успешен. Се објавија над 90% од првично замислените теми. Од нив само три не успеавме да ги реализираме па ќе му ги оставиме на следниот состав да ги реализира.

ФИНАНСИСКИ ОТЧЕТ: Покрај финансиите наведени погоре, сметката на министерството се зголеми 😃
Еве го човекот кој донираше свои средства на министерството во изминативе 30 дена 😃

БЛАГОДАРИМЕ!

Голема благодарност упатувам и до моите колеги TosheMK, Panche Isajevski, NightWolfMK, Macednon & Cyril Of Macedon без кои не ќе можев да ја реализирам програмата. Се надевам дека ќе продолжиме да соработуваме и во наредна прилика.

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе:












Министерството за образование беше меѓу најактивните министерство од сите. Се надевам дека и вие граѓаните на еМакедонија сте задоволни од работата на Министерството за образование во последниве два месеци. Благодарам за сите ваши предлози и критики, речиси немаше порака на која не беше одговорено од моја страна.

Ми беше чест и задоволство да ви служам Вам, граѓаните на еМакедонија. Ќе продолжам да го правам тоа и натаму. Започнав да објавувам во весник односно јавно гласило со едвај 1200 претплати, а сега таа бројка е повеќе од дуплирана (2500+). Моментално весникот на Министерството за образование е втор најпретплатен јавен весник после весникот на Министерството за одбрана.

За крај, бидејки многумина ме прашавте преку ПП зошто нема да сум министер за образование повторно, тоа е поради RL обврски. Ми беше доверено подрачјето но нема да имам толку слободно време сега. Сепак, останувам остворен за соработка и ќе помогнам колку што можам на мојот наследник STEFANPIPO (издавач на весникот ЗЕНИТ Прилеп) и му пожелувам успех во работата и да продолжи со исто темпо. Му препуштам средено министерство, и се надевам дека ќе остане такво 😛

Сега се преселувам на својот весник кој ужасно си го запоставив но не верувам дека ќе успевам и овде да објавувам често 🙁

Ваш
PhoenixMK