[OЦМ] Активирање на ПИН КОД и начин за негово ресетирање ако сте го заборавиле

Day 1,189, 12:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Почитувани граѓани на еМакедонија,

Како што веќе знаете Образовниот Центар беше формиран од страна на Министерството за Образование со цел едукација и запознавање на новите играчи со некои основни делови и работи во играта. Во текот на овој период во весникот на Министерството за образование ќе излегуваат туторијали кои е пожелно секој да ги прочита со цел побрзо запознавање со концептот на играта.
Доколку вашите прашања не бидат одговорени во туторијалите или пак сеуште имаат некои нејаснотии во играта, тогаш слободнo пишете ни порака и ќе се обидеме да ви помогнеме. Се надеваме дека ќе ви овозможиме полесен и појасен еЖивот.



Денешното упатство е "Aктивирање на пин кодот и неговото користење".
Пин кодот е лозинка која е пожелно секој играч да ја активира бидејќи со неа можете да си го повратите златото или предметите при случајна кражба или хакнување на вашиот профил.

За активирање на пин кодот потребно е да одите на вашата профил страница > "edit profile" (односно на страницата за подесувања на профилот) > generate PIN CODE или кликнете тука
и ќе ви се појави следнава страница:


Овде ќе мора да ја внесете вашата лозинка со цел да го активирате пин кодот. Откако ќе ја внесете лозинката ќе ви се појави следнава страница со вашиот пин:

Пинот се состои од четири бројки кои играта ќе ги избере за вас. Пинот ви го дава самата игра што значи дека вие неможете да го поставувате по ваша желба. Пин кодот е многу важен во играта и многу е важно да го запамтите бидејќи ви е потребен за да пристапите до одредени делови од играта. Пин кодот се користи за пристап до монетарниот пазар, за купување фирми и речиси на сите места каде се работи со пари освен на маркетот. Откога ќе го активирате пинот за пристап до овие места ќе ви се појави следнава страница каде што треба да го внесете вашиот пин:



Доколку случајно го заборавите вашиот пин код тогаш треба да испратите тикет до админите за да го ресетираат вашиот пин код. Ова може да го направите со испраќање порака на Плато (админот на играта)


Откако ќе изберете да му испратите порака одберете ја опцијата Submit a Ticket:

По ова ќе ви се појави следната страница каде што треба да одберете Game Support па Lost Properties и кликнете Next:


По ова ви се појавува страницата каде што ја пишувате пораката за заборавениот пин и кликате Submit.


По испраќањето на пораката во рок од 2-3 дена вашиот пин ќе биде ресетиран.



Се надеваме дека со ова упатство ви се разјаснија некои работи околу пин кодот и неговото користење. Ве молиме да се претплатите на весникот на Министерството за Образование за да можете да ги прочитате туторијалите што следуваат. Исто така гласајте ги статиите на Министерството за образование за да можат што повеќе млади играчи да ги прочитаат.

Ваш,
NightWolfMK
Февруари 2011

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе: