[OЦМ] Објаснување на мисиите во еРепублика

Day 1,196, 06:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Почитувани граѓани на еМакедонија,

Денес ќе ве запознаеме со мисиите во еРепублик, услови за нивно завршување и наградите кои ги добивате, како и дали се исплатливи или не.
Во секој момент можете да извршувате само 2 мисии. Со извршување на една мисија ви се појавува друга. Мисиите кои можете да ги извршувате во моментот ви се дадени на левата страна под вашиот аватар:


Во еРепублик моментално има 16 мисии и тоа:

Мисија 1: We are all warriors

Услови:
- Да тренираш еднаш

Награда:
- 2 искуствени поени
Нема потреба од коментирање на оваа мисија бидејќи ја извршувате со самото тоа што тренирате за прв пат.

Мисија 2:Food is Scarce

Услови:
- Да имаш три леба во Inventory.

Награда:
- 2 искуствени поени
- 10 поени здравје
Оваа мисија е една од најлесните во еРепублик и може да ја изврши секој нов играч.

Мисија 3: Join the rebuilding effort

Услови:
- Да имаш работа
- Да работиш еднаш

Награда:
- 2 искуствени поени
- 200 работни поени
Оваа мисија е исто така една од полесните мисии и ја извршувате во првите денови од вашето играње на еРепублик.

Мисија 4: Image matters

Услови:
- Да имаш профил слика

Награда:
- 2 искуствени поени
Оваа мисија е лесна и се што треба да направите е да поставите ваш аватар.

Мисија 5: Offense is the best defense

Услови:
- Да имаш оружје во Inventory

Награда:
- 2 искуствени поени
- 1 Q1 оружје
Оваа мисија беше една од потешките но моментално поради намалување на цената на оружјето речиси секој може да ја изврши. Сепак не брзајте во нејзино извршување.

Мисија 6: A future Hero

Услови:
- Да поразиш 5 непријатели

Награди:
- 2 искуствени поени
Оваа мисија е исплатлива само за играчи над 15 левел. Доколку сте под 15 левел немој да ја извршувате оваа мисија бидејќи губите повеќе од што добивате!

Мисија 7: Working Days

Услови:
- Да работиш 5 дена по ред

Награда:
- 2 искуствени поени
- 200 работни поени
Оваа мисија бара малку поголемо трпение односно работа 5 дена по ред. Сепак за редовните играчи на еРепублик оваа мисија не претставува никаков проблем.

Мисија 8😒uper Soldier

Услови:
- Да го добиеш медалот Super Soldier

Награда:
- 2 искуствени поени

Оваа мисија е една од потешките мисии ја извршување. За да ја извршите оваа мисија потребен ви е медалот Super Soldier кој се добива кога ќе достигнете 250 сила.

Мисија 9: Society builder

Услови:
- Да го добиеш медалот Society Builder

Награда:
- 10 искуствени поени
Оваа мисија бара од вас да го добиете медалот Society Builder кој се добива со поканување на 10 ваши пријатели во играта кои ќе достигнат десетти левел.

Мисија 10: Find El Dorado - Prepare for the journey

Услови:
- Да тренираш 5 дена по ред
- Да имаш 5 оружја
- Да имаш 8 билети

Награда:
- 2 искуствени поени
- +15 сила
Оваа мисија е доста неисплатлива доколку ги купувате оружјата и билетите. За помош во оваа и другите мисии обратете се на каналот #misii / Rizon каде ќе добиете помош. Не обидувајте се да крадете!
Мисија 11: Healthy Hard Worker

Услови:
- Да работиш 5 дена по ред со повеќе од 90 здравје

Награда:
- 2 искуствени поени
- 200 работни поени
Оваа мисија е исто така една од полесните. Со работење со здравје поголемо од 90 не само што си помагате себе туку и на газдата на фирмата во која работите а воедно и на еМакедонија.

Мисија 12: Find El Dorado - The Search

Услови:
- Да се преселиш во Јужна Америка.
- Да поканите 2 пријатели во играта
- Да имате 100 пари од локалната валута.

Награда:
- 2 искуствени поени
- +15 сила
Оваа мисија е крајно неисплатлива и е препорачливо да не ја извршувате освен доколку сте висок левел и имате вишок пари за трошење. Младите играчи да не ја извршуваат оваа мисија во никој случај!

Мисија 13: Find El Dorado - Now or Never

Услови:
- Да поразиш 30 непријатели
- Да поразиш непријатели во 3 различни битки во оригиналните региони на Јужна Америка.
- Да имаш 10 злато на твојата сметка.

Награди:
- +30 сила
- 100 здравје
За да ја извршите оваа мисија прво мора да ја извршите претходната па затоа и оваа мисија е непрепорачлива за извршување. Доколку веќе сте ја извршиле претходната воедно извршете ја и оваа мисија бидејќи е неисплатливо двапати да се враќате во Јужна Америка или евентуално ако има активни борби таму а еМакедонија има потпишано сојуз со една од завојуваните страни, тогаш мошете да се вратите и во еМакедонија и од таму да ја извршите.

Мисија 14: La Resistance

Услови:
- Да поразиш непријатели во 3 различни востанија
- Да поразиш 30 непријатели
- Да достигнеш воено ниво Captain (6,500 ранк поени)

Награда:
- 2 искуствени поени
- +2500 поени за воен ранк
Оваа мисија е само за играчите со висок левел кои можат да учествуваат во битки. Младите играчи никако да не ја извршуваат оваа мисија!

Мисија 15: True Mercenary

Услови:
- Да поразиш непријатели за 4 различни држави
- Да поразиш 40 непријатели
- Да го добиеш медалот Battle Hero

Награда:
- 100 здравје
- +2000 поени за воен ранк
Оваа мисија е само за најискусите играчи!!

Мисија 16: True Patriot

Услови:
- Да имаш 10 оружја
- Да поразиш 30 непријатели во војната против Природниот Непријател на твојата држава

Награди:
- +50 сила
- +500 поени за воен ранк
Оваа мисија е исплатлива но само за играчите способни самостојно да си го одржуваат своето здравје.

Ова се сите мисии моментално достапни во еРепублик. За било каква помош околку мисиите обратете се на каналот #misii /Rizon каде ќе добиете помош за извршување на мисиите. Никако не обидувајте се да крадите предмети од овој канал.

#misii -официјална chat соба каде можете да добиете совети околу мисиите и помош при нивното извршување.



Се надеваме дека со ова упатство ви се разјаснија некои работи околу мисиите и нивното извршување. Ве молиме да се претплатите на весникот на Министерството за Образование за да можете да ги прочитате сите туторијали. Исто така гласајте ги статиите на Министерството за образование за да можат што повеќе млади играчи да ги прочитаат.

Ваш,
NightWolfMK
Февруари 2011

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе: