[Министерство за образование] УПАТСТВО ЗА СЕГАШНИ И ИДНИ КОНГРЕСМЕНИ!

Day 1,194, 05:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Во претходен артикал на Министерството за образование беа објаснети основите на политиката во една земја во Новиот Свет. Сега ќе обрнеме внимание на конгресменската функција за да се запознаеме подетално со оваа политичка функција.

Накратко да се потсетиме за начинот на пријавување на изборите за конгресмен:
За да се пријавите на конгресменските избори потребно е да се кандидирате односно аплицирате преку вашата политичка партија во периодот меѓу 16от и 23от ден во месецот. На 24от ден, партискиот претседател ја составува конечната листа на кандидати а на 25от ден се одржуваат изборите за конгресмени кои траат 24 часа. За да можете да се пријавите како кандидат на конгресменските избори, освен тоа што треба да бидете партиски член, потребно е да имате достигнато најмалку 16то искуствено ниво.

Значи, одите во вашата партија, и во секторот за Конгрес го кликате копчето “Run for Congress” каде ќе го изберете регионот каде ќе се кандидирате и ќе оставите ваша презентација.
Бројот на конгресмени во една земја зависи од бројот на регионите кои ги поседува.


КАКО ДА ЈА СТЕКНЕТЕ ДОВЕРБАТА НА НАРОДОТ И КАРАКТЕРИСТИКИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕДУВА ЕДЕН КОНГРЕСМЕН?



Најпрво, за жал, угледот на партијата си го прави своето. Рејтингот на партијата во која сте зачленети многу влијае врз крајните резултати. Затоа, есенцијално е добро да ја изберете партијата која ќе биде вашиот посредник, да ја знаете нејзината програма, за што се борат членовите на партијата. Многу играчи се зачленуваат во партии без притоа да се запознаат со ставот кој го нуди партијата како здружение. Истражете, прашувајте, и одлучете се за партијата која е најблиска до вашето размислување, вашите гледишта на настаните.

Второ, конгресменската функција ќе ве извади од анонимноста но анонимните играчи или тнр. двокликаши се непожелни за оваа институција. Ова е голема предност за играчите кои се исклучително активни и напредуваат во играта. Створете пријателства, стекнете доверба во одреден круг ваши истомисленици и верувајте, вие веќе сте ги обезбедиле саканите гласови.

Трето, научете ги механизмите на играта. Читајте туторијали, прашувајте ги поискусните играчи за сите нејаснотии па дури контактирајте ги и официјалните лица. Играчи кои не ги знаат ниту основите на играта се апсолутно непотребни и крајно непожелни во овој сектор.

Четврто, покажете дека сте посветени, дека амбициозно влегувате во овој модул на играта. Изнесете го вашиот став за другите да створат слика за вас. Активното играње особено новинарскиот сектор каде ќе ги изнесувате вашите предлози, ставови и аргументи ќе бидат повеќе од доволни.

Петто, напишете програма односно ваша презентација која ќе ви помогне при изборите. Во неа ќе ја изнесете вашата биографија, идеи што би правеле и што мислите да правите ако станете конгресмен. Сепак, немојте да летате во облаци и да ветувате такви работи како што се ветуваат во изборните програми на политичките партии во реалниот свет. Бидете искрени, дозволете да ве советуваат и критикуваат односно да ве оценат.

Шестто, почитувајте ја конкуренцијата. Бидете пристојни кон останатите кандидати за конгресмени, бидејки со навреди нема никаде да стигнете.

Седмо, конгресменската функција не е само добивање на медал и злато! Конгресменската функција значи одговорност, одговорност пред избирачите. Сигурно свесно сте влегле во изборите и знаете што одговорност носи Конгресот. Една грешка може да ве чини многу.

Осмо, не брзајте! Конгресот бара тимство, меѓусебна координација меѓу неговите членови. Личното играње е неприфатливо и може да биде деструктивно не само за вас како лик, туку и за имиџот на земјата. Никако не пуштајте предлог-закони без претходна консултација. Вашата неупатеност и брзање само ќе и наштети на земјата а вие морално ќе бидете должни да поднесете оставка поради грешката која ќе ја сторите.

Деветто, бидете во тек со настаните . Вклучете се во дебатите бидејки вие имате можност да промените многу работи во вашата земја. Вие сте законодавец. Доколку не познавате некој сектор од играта, препуштете му го тоа на играчите кои имаат одлично познавање во таа област. Бидете стрпливи, никој не знае се од почетокот

иДесетто, објективно гласајте! Вашиот глас може да биде одлучувачки. Гласајте ги предлог-законите доколку се согласувате со истите, или дајте им црвено светло доколку сметате дека се непотребни или би и штетиле на земјата и играчите во целост.



СТАНАВТЕ КОНГРЕСМЕН? КОИ СЕ ВАШИТЕ ДОЛЖНОСТИ?



Честитаме! Сега сте политичка фаца. Откако официјално ќе биде потврден вашиот статус како конгресмен, прва ваша должност е да го донирате стекнатото 5 gold од медалот во државната каса. Сепак, за државата се работи нели, сигурно не се пријавивте за профит и за одличјето во витрината кое ќе ви фаќа прашина.

Сега, освен тоа што ја претставувате вашата политичка партија, ја претставувате и вашата земја. Вие сте законодавец во вашата земја а со тоа понесувате политичка и морална одговорност. Основна ваша должност е поднесување предлог законите и гласање по истите. Законите го креираат патот по кој ќе врви државата затоа е особено важно тие да бидат во согласност со мнозинството односно народот.

Секој конгресмен може да поднесе најмногу два закони во текот на својот 30 дневен мандат. Гласањето трае 24 часа кои се повеќе од доволни за дебатирање околу неговата правилност. За да се уважи предлогот односно стане полноважен законот, потребно е да биде усвоен со 66% од вкупниот број членови. За секој закон може да се стави место за дебата.

Исто така, имате задача да одобрувате државјанство односно да одобрите молба за македонско државјанство на странски државјанин. За ова ќе стане збор подолу во текстот.



ЗАКОНИ, ЗАКОНИ И ЗАКОНИ!



Основната ваша должност...веќе рековме. Да се запознаеме со механизмот бидејки ова е најкомпликуваниот дел за сите конгресмени.

Конгресменските функции се стационирани во државната администрација односно Community > Country Administration > Administration tab

Ви се појавува следнава страница:


Ви се прикажува листата веќе усвоените или одбиени закони односно оние за кои гласањето е во тек. Над листата се наоѓа опцијата преку која вие како конгресмен и самиот претседател можете да пристапите кон поднесување закони на гласање. Ако го кликнеме тој таб ќе ни се појави следнава страница:



Ја гледаме страницата преку која се одвива законодавната функција на конгресот.
Конгресмените можат да предложат повеќе видови на закони отколку претседателот но во ограничен број. Ќе се запознаеме со законите кои можете да ги поднесете како конгресмен а подоцна и оние над кои претседателот има екслузивно право. Со кликање на саканиот закон, ви се отвара подмени каде треба да ја внесете содржината. Запомнете, пред да поднесете било каков предлог-закон, консултирајте се со останатите членови на конгресот па и со други официјални лица како на пример, министерот за економија. Задолжително е да ставите ареа односно место за дебата каде ќе им ги образложите на другите конгресмени вашите намери односно причината поради која сте го поднеле предлогот за да ги убедите да го усвојат истиот. Гласањето се одвива 24 часа и потребно е мнозинство од 66% за да биде усвоен.

Да започнеме со презентирање на законите:

1. NEW CITIZEN FEE ( Такса за новорегистрираните играчи)
Всушност, ова е доделување на еднократен паричен износ од страна на државата за новорегистрираните играчи односно државјани на еМакедонија. Тие средства се даваат автоматски од државната каса. Најмал износ кој може да биде даден е 5 единици на локална валута (5 МКД).

2. DONATE (Донација)
Овој закон овозможува трансфер на средства од државната благајна на некоја организација (на пример, Народна Банка на Република Македонија). Донациите можат да бидат вршени во пари или злато. Со изгласувањето на законот средствата се префрлуваат на организацијата и истите не можат да се вратат назад. Доколку не се усвои законот истите се враќаат во државната каса.

3. ISSUE MONEY (печатење, издавање пари)
Овој закон и овозможува на државата да испечати нова количина на пари за злато и да ги пушти во оптек. За штампање пари е неопходно во државната каса да ја има потребната залиха на злато. Максимален износ на пари кои можат да се иштампат одеднаш се 100.000 единици локална валута за 500 златници. Доколку законот не е прифатен, издвоеното злато се враќа назад во државната каса. Преку овој закон државата пушта нова количина пари во оптег доколку се јави недостиг на МКД односно парична валута. За трансакцијата се наплаќа данок од 0.005 злато на 1 единица на пари. Потребна е консултација односно зелено светло од Претседателот или министерот за економија за да се предложи и изгласа овој закон.

4. TAXES (Даноци)
Преку даноците државата прибира пари во државната каса и ги користи за нејзин развој и инфраструктура. Со овој закон се одредуваат таксите кои компаниите односно индустриите ги плаќаат на државата за остварување на своите дејности и се раководи со царинските стапки за сите индустриски гранки. Има три вида на даноци кои важат за секоја индустриска гранка посебно:
- Income Tax (данок на доход) – данок за сите видови на доход вклучувајки ги платите на вработените и профитот на компаниите.
- Import Tax (данок на увоз) – се користи за заштита на домашното производство, односно ова е данок на производи купени од странски производител.
- VAT – Ова е всушност ДДВ, данок на додадена вредност кој се наплаќа за купената стока.
Ова е многу чуствителна област бидејки висината на даноците ја градат економијата на една земја. Пред да се пристапи кон нивно зголемување и намалување задолжително е консултирање со министерот за економија и други стручни лица со познавање на економската област.

5. MINIMUM WAGE (минимална плата)
Преку овој закон државата пропишува задолжителна, минимална плата за сите граѓани. Служи како основа за одредување на платата за почетниците (почетните економски вештини) но и за нивна заштита од злоупотреба (се спречува газдите на фирмите да им ја намалат платата под пропишаниот лимит)

6. PRESIDENT IMPEACHMENT (разрешување на Претседателот)
Се применува како последна алтернатива. Конгресмените ја имаат таа чест и задоволство да предложат импичмент (американски термин за разрешување на Претседателот од должност) и да го отстранат од функција доколку тој ја злоупотреби својата позиција или пак лошо и неуспешно ја води државата. Доколку се усвои предлогот, должноста Претседател на државата ја превзема второпласираниот кандидат.

7. PROVIDE CITIZENSHIP (давање државјанство)
Вие како конгресмен имате право да доделите македонско државјанство (или друго зависно од државата во која сте конгресмен) на странски државјани кои поднеле апликација за македонско државјанство при преселба. На достап ви е листата на барања за македонско државјанство. Имате лимитиран број на такви одобрувања затоа, искористете ги паметно и секогаш се консултирајте пред одобрување на нечија молба со цел да се спречи евентуална злоупотреба. За секое поединечно одобрување пожелно е да ги известите останатите конгресмени на форумот.

8. NATURAL ENEMY (изгласување на природен непријател)
Предложете напад на земја односно проглас на одредена земја за природен непријател на еМакедонија. Услов е таа земја да граничи со еМакедонија (на пример Бугарија или Грција). Доколку таа земја се изгласа за природен непријател на еМакедонија, автоматски се отвара бесплатна војна меѓу двете земји. Граѓаните, државјани на земјата учесник во војната добиваат 10% бонус на нанесената штета и 10% бонус при тренирање секој ден додека трае ПН. Никако да не предложувате ваков закон на сопствена рака. Краен збор секогаш треба да го има Претседателот (и тој може да го предложи законов). Иако отварањето војна е бесплатно, сепак оваа опција треба мудро да се користи бидејки одржувањето во војната не е така бесплатно како што е отварањето на истата. Доколку се усвои, потребно е да изминат минимум седум (7) дена за да можете да го промените непријателот. Војната водена на ваков начин може да се прекине само со изгласување на мир или губење на границите.



Освен конгресмените, закони може да предлага и претседателот. Разликата е во тоа што претседателот има право да предлага неограничен број на закони од кои повеќето се од областа на надворешната политика а за да бидат усвоени потребно е да поминат преку Конгресот на гласање.

Сега да видиме кои закони може да ги предлага Претседателот.



Претседателот ги има во надлежност следниве закони:

1. NEW CITIZEN MESSAGE (порака за новорегистрирани играчи)
Прв човек кој ги контактира новорегистрираните играчи е токму Претседателот на земјата каде тие играчи се регистрирале. Имајки в предвид дека многу од новорегистрираните не се ни обидуваат да се запознаат со играта, една атрактивна и јасна порака за добредојде може да биде силно средство за нивно активирање. Пожелно е во пораката да бидат ставени линкови од туторијали преку кои бебињата ќе учат за концептот на еРепублика

2. BUY CONSTRUCTIONS (купување конструкции)
Преку овој закон претседателот гради заштитна односно одбрамбена инфраструктура за некој регион во земјата. Претседателот може да купи болница или одбрамбен штит. Средствата потребни за нивно купување се издвојуваат од државната каса.

3. ALLIANCE (алијанса, сојузништво)
Овој закон служи исклучиво за воена соработка. Преку овој закон Претседателот склопува договор (или пакт) за меѓусебна заштита (Mutual Pact Protection или скратено - MPP) со некоја земја на период од 30 дена кој може да биде продолжуван со обновување на МПП-то. Кога едната страна ќе биде нападната, МПП-то автоматски се активира и другата страна потписничка може да и помага на нападнатата во војната. За потпишување на МПП потребни се 100 gold.

4. DECLARE WAR (објава на војна)
Претседателот предлага напад односно објава на војна врз некоја земја. Објавувањето војна е чини 200 злато + 10% * играчите кои имаат минимум 10 искуствени поени и живеат во регионот кој се напаѓа. Кон гласање на овој закон треба да се пристапи максимално претпазливо.

5. PROPOSE PEACE (предлог за мир)
Доколку земјата е во војна, единствен начин да се прекине истата е двете страни да потпишат договор за ненапаѓање односно двата конгреси да го изгласаат “Договорот за мир”. Едната страна може да постави услов да и се плати одреден износ на пари или gold за да го потпише како еден вид репарација.

6. TRADЕ EBMARGO (трговско ембарго)
Претседателот со овој закон може да го затвори македонскиот пазар за одредена земја. Трговското емгарго трае одреден период и може постојано да се обновува на сличен начин како МПП-то. Доколку се усвои, се прекинуваат сите трговски трансакции меѓу двете земји. Компаниите на земјата кон која е воведено ембаргото нема да можат да тргуваат со еМакедонија до истекот на ембаргото и обратно доколку и таму биде изгласан истиот закон. Овој закон е еден вид акт на непријателство меѓу две земји.
Еднаш предложен закон, истиот не може да биде повторно предложен во рок од 24 часа (додека трае гласањето) односно се блокира таа опција. На пример, не може во исто време да се предложат два закони за донација.



Можеме да заклучиме дека постои еден вид меѓу-баланс меѓу Конгресот и Претседателот. Конгресот ја има внатрешната политика на земјата во свои раце и го спречува самоволието на Претседателот но затоа пак има на располагање ограничен број на закони за поднесување и не може да предложува закони од областа на надворешната политика (со исклучок на законите за природен непријател). Можеби на прв поглед изгледа дека Претседателот е во сенката на Конгресот но оваа игра е сврзана со сојузништвата, успехот на една земја не е само нејзината добра економија. Без предлог-законите на Претседателот, Конгресот нема никаква улога на надворешен план. Без сојузници, една земја е осудена на пропаст. Или таа држава ќе прогласи неутралност (читај ужасна досада) или ќе биде под постојана окупација (читај кинење на нерви и омраза). Затоа е потребна постојана координација на релација Конгрес – Министерства – Претседател со цел внатрешната и надворешната политика на земјата. Лошата координација меѓу овие тела ќе резултира со влошена политичка клима во земјата и нарушување на имиџот на истата.

Конгресменот мора да биде активен не само на играта, туку и постојано да присуствува на chat каналот на конгресот (#kongresmkd) и да го следи конгресменскиот дел на нашиот форум. Треба да бидете што подостапни за другите особено во кризните или завршните денови на вашиот мандат бидејки се јавува недостаток од предложување на закони или доделување на државјанства. Конгресменот е добар доколку на крај на мандатот ги има исполнето трите свои главни задачи: два поднесени закони, доделени државјанства и активност (дебатирање и гласање). Само таков конгресмен е вреден конгресмен. Доколку се покажете во такво светло, верувајте дека кога и да се кандидирате на избори вашето место во Конгресот ќе биде загарантирано бидејки сте ја стекнале довербата на народот.

НЕ БРЗАЈТЕ, СОРАБОТУВАЈТЕ СО ВАШИТЕ КОЛЕГИ И ОФИЦИЈАЛНИТЕ ЛИЦА. Давајте предлози, прифаќајте идеи од народот... НИКОГАШ НЕ ПРЕВЗЕМАЈТЕ РАБОТИ НА СОПСТВЕНА РАКА!

Ќе повторам уште еднаш, КОНГРЕСОТ НЕ Е МЕСТО ЗА ЛИЧНО, СВОЕВОЛНО ИГРАЊЕ!
Доколку ја злоупотребите вашата позиција, морално е да дадете оставка.


НЕКА ВИ Е МЕКА ФОТЕЉАТА! ПАРИ НЕМА!



Со Почит
PhoenixMK
Министер за образование
Февруари 2011