[Мин. за Образование]Туторијал за компанија (основање и раководење на компанија)

Day 1,187, 09:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Не постои човек на планетава кој не сака да основа и поседува сопствена компанија . Секој од нас сака да биде како Бил Гејтс, да поседува огромна империја на компании, да остварува енормен профит и да живее кралски. Во реалниот живот ова е практично невозможно но, ова не е реалниот свет, ова е виртуелниот Нов Свет. Овде е можно да станеме тоа што не сме (сеуште)  во реалниот свет 😃.

Со отварање на компанија ни се отвараат портите за дополнителна заработувачка настрана од редовната плата и златото од добиените медали а со тоа директно помагаме и на економскиот развој на земјата. Овде во eRepublik можеме да поседуваме не една туку многу компании. Лесно е да ги купиме истите но тоа не значи дека секогаш ќе ни носат заработувачки какви што посакуваме. Колку ќе бидеме успешни не зависи само од нас туку и од состојбата на целовкупниот пазар. Затоа, мора да се одвои повеќе време во управувањето со истите бидејки ова е област каде “двокликот” е практично неприфатлив. Од нашата посветеност ќе зависи факторот дали компанијата која ја поседуваме ќе ни носи заработувачка или пак резултатите од нашето раководство ќе се сведат на позитивната нула или под нулата (банкрот).

Започнуваме со туторијалот за компании.

1. ОСНОВАЊЕ КОМПАНИЈА!

Одете на вашата земја (My Land) во навигационото мени. Изберете слободна земја каде ќе ја изградите вашата компанија (или купете ја доколку ја немате):

Услови кои се потребни за да можете да основате компанија:
-           12то искуствено ниво
-           10 злато и
-           Слободна земја
-           Доколку немате слободна земја, не грижете се, можете да купите за 1000 МКД и да се ширете.




Откако завршивте со земјиштето, сега треба да се одлучите за индустријата односно видот на компанијата која сакате да ја креирате.


Имате две врсти на фирми:
-           За производство на готови продукти (храна и оружје)



-           За производство на суровини (жито и железо)


Првите, за да произведуваат готови производи претходно морат да купуват суровини зависно од индустријата додека пак вторите само произведуваат суровини и ги продаваат на првите.

Квалитет на компаниите:
Квалитетот на компанијата се означува со знакот “Q” (Q1, Q2, Q3, Q4 & Q5). Како што можете да видите погоре на сликите имаме илустрација на q1 компании за храна и оружје. Најквалитетна е компанијата со пет ѕвезди додека најслаба по квалитет е компанијата со една ѕвездичка. Вредноста на секоја во злато рапидно се зголемува со секое ново ниво.
Кога се основа компанија според горенаведеното, таа е со квалитет Q1 односно вреди 10 златници но, можете во било кое време да ја усовршите секако, доколку имате доволно злато.

Еве како изгледаат продуктите од компаниите зависно од нивниот квалитет:

Храна
Q1 Q2Q3Q4Q5

Q1 храната враќа два (2) поени здравје, Q2 храната враќа четири (4) поени здравје, Q3 храната враќа шест (6) поени здравје, Q4 храната враќа осум (😎 поени здравје и Q5 храната враќа десет (10) поени здравје.

Оружје
Q1 Q2Q3Q4Q5

Оружјата имаат две тесно сврзани карактеристики:
-           Огнена моќ – влијае на штетата (influence) која ја правите во битките и
-           Трајност – колку удари можете да направите со оружјето.

Компаниите за произвоство на суровини се единствени односно немаат критериуми за квалитет како компаниите за производство на готови суровини.

Откако ќе ја одберете индустријата поставете го идентитетот на вашата компанија (име и аватар) и, го кликате копчето “Create”.



2. УПРАВУВАЊЕ СО КОМПАНИЈАТА

Сега на кратко ќе ви објасниме како да ја управувате односно да менаџирате со вашата компанија.
Вашата фирма се наоѓа на вашето земјиште “My Land”.

Опција бр. 1 Со едноставен клик врз сликата можете да работите во сопствената фирма како менаџер (General Menager) на ист начин како што работите во друга фирма со таа разлика што не работите за плата и при секое работење ви се одземаат десет (10) поени здравје. Можете да работите во сите фирми кои ги поседувате. Ви препорачуваме најпрвин да работете за плата а потоа да работите во сопствените фирми.
Опција бр.2. Кога ќе насочите на вашата фирма, под сликата ќе ви се појави линк за подесувања. Преку овој линк пристапувате кон сите функции кои ви ги овозможува компанијата односно преку овие подесувања ќе ја раководите вашата компанија.
Откако ќе ја кликнете втората опција односно линкот за подесувања ќе ви се отвори оваа страница.


Вака изгледа ситуацијата во вашата компанија. На сликата е земен пример од компанија за производство на оружје. Прочитете подолу во текстот што означуваат маркираните елементи.

1. Аватар и име на компанијата. Под името на компанијата е напишан сопственикот на фирмата и државата во која се наоша компанијата.
2. Во ова поле се гледа областа односно индустријата која сте ја одбрале. На сликава гледаме дека нашата фирма произведува оружје . На тоа поле  го гледате вашиот продукт односно како сте ги подесиле поените за квалитет на продуктот.
3. Design Product – Ова е опција за усовршување на квалитетот на производот.
Кога ќе имате доволно финансии, можете да го зголемите квалитетот на вашите производи.

4. Manage Company (водење компанија). Во ова поле имате две опции:

- Edit Details – Променете ги информациите за вашата компанија.
- Sell Company – Можност да ја продадете вашата компанија.
5.  Инвентар на готови производи односно суровини. Бидејки компанијата е штотуку купена сеуште нема ниту еден готов производ.
6. Парични средства на сметка на компанијата во валутата на државата во која е сместена истата.
7. Резерва на суровини за производство во инвентарот на компанијата. Како што гледаме на сликата, во фирмата нема железо а за производство на едно оружје е потребно 60 единици железо. Затоа, често мораме да го прегледуваме овој сегмент за да не се случи фирмата да има недостаток од суровини.
Еве колку суровини се потребни за производство на една единица производ зависно од квалитетот на компанијата:

8. Брз линк за купување на суровини потребни за производство.
9. Со клик на ова поле влегуваме во страница каде можеме да инвестираме пари на сметка на компанијата  (invest) или пак насобраните пари да ги префрлиме на сметка на нашиот профил (collect). Во фирмата во секој момент можеме да инвестираме пари (обично за плати и купување на суровини при недостиг на средства) а насобраните средства на сметката на компанијата можеме да ги земеме за себе со таа разлика што при таквата трансакција ние и плаќаме данок на државата.

На пример, ако се решиме да подигнеме 1 МКД од сметката на фирмата и да ги префрлиме на наша сметка (профил), ќе добиеме 0.95 МКД бидејки државата ни наплаќа данок. "Account balance" и "Sales History" се извештаи за профитабилноста на вашата компанија.
10. Слика на вашиот производ и готовноста на вашиот следен производ изразена во проценти.
11. Информација за вашите вработени. Моментално немаме вработени. Подолу имаме графички приказ за бројот на вработени. Како што можете да видите, за ваков тип на компанија потребно е да имате максимум до 10 вработени односно е препорачливо да имате најмногу до 10 вработени.
12. Преку оваа опција се впуштате во менаџирање на вашите работници односно да објавувате понуди за работа, да ракувате со платите и да ја следите продуктивноста на вашите работници. За ова ќе стане збор подолу во текстов.
13. Во ова поле се прикажуваат производите кои се моментално на продажба на пазарот. 
14. Со клик на полето “sell products here”, ви се отвара опција за внесување на количината на производи кои сакате да ги продадете и по која цена зголемена со данок. На сликата подолу имате објаснето за дополнителните опции во овој сектор.
15. Купете лиценца доколку сакате вашите производи да ги продавате на друг пазар (покрај македонскиот). Лиценца за странски пазар можете да купите за 20 злато а лиценца за земјата во која се наоѓа вашата компанија (имате странско државјанство) можете да ја стекнете за 5 злато. Пред да набавите лиценца за тргување со друга земја, обавезно информирајте се даноците и цените во земаја како и за трговските ембарга кои ги има дадено еМакедонија на други земји бидејки со тие земји не ќе можете да тргувате и покрај тоа што ќе ја имате лиценцата. Нашата компанија моментално нема активна лиценца.

Еве еден пример како изгледа компанијата која купила лиценца за словенечкиот пазар.


Како што гледаме, произведените суровини се продаваат на два пазари.
Откако ќе ги ставите вашите производи на продажба, во тој сектор ви се појавуваат три дополнителни опции преку кои можете да ракувате со понудата.
1. Опција за промена на понудата – секогаш можете да ја промените количината и цената на вашите производи кои ги нудите на пазарот.
2. Преку оваа опција можете да видите како изгледа вашата понуда на пазарот
3. Опција за бришење на вашата понуда – поставете нова понуда.

Сега ќе земеме пример слика од компанија за суровини (жито). 

Се е исто како во претходната компанија само со таа разлика што кај ваквите компании нема потреба да се купуваат дополнителни суровини за да се врши производство. Во ваквиот тип на компании (жито и железо) ние произведуваме суровини за потребите на компаниите за производство на готови производи (храна и оружје). Како што гледаме на сликата, фирмата има оформено залиха на жито во својот инвентар кое ќе го продава на пазарот, има над 100 МКД средства на својата сметка од кои се наплаќаат вработените, има тројца вработени и продава суровини само на македонскиот пазар.

Откако се запознавме со основните работи  за компаниите, следно што треба да знаеме е како се бработуваат работници и како да раководиме со нив. За да дознаеме повеќе за тоа, кликаме на полето “Manage” кое е маркирано под реден број 10 на сликата погоре.


3. РАБОТНИЦИ

Доколку сакате да започнете поголем бизнис потребно е да си најдете работници. Како што рековме претходно, за да управувате со вашите работници пристапувате преку полето “manage”.

Најпрвин, треба да пуштите оглас за вработување односно понуда на пазарот за работа. За да пуштите оглас, одете во “manage” > ”job offers”.

Сега да ги објасниме сите маркирани елементи според редниот број на сликава:



1. Кликнете за да пристапите до менито за отварање на нова работна понуда на пазарот.
2. Во паѓачкото мени ја избирате работната вештина која треба да ја поседува работникот.
3. Во ова поле го внесувате бројот на работни позиции кои ги отварате за таа работна вештина.
4. Во ова поле го внесувате износот на платата на вашиот иден работник
5. Потврдување на понудата. Со клик на ова поле вие ја испраќате вашата понуда на пазарот за работници и тие ќе можат да се вработат во вашата фирма кога ќе ја видат.
6. Поништување на понудата и бришење на веќе отворените понуди за работа.

Совети: Пред да поставите понуда за работа, информирајте се на берзата за работа (job market) околу височината на платите за работната вештина на вашите идни работници. Во кратки црти, бидете во тек со конкуренцијата. Доколку нудите ниска плата далеку од највисоката на пазарот никој нема да се вработи кај вас. Разгледајте ги вашите можности, дали брзо го продавате вашиот производ и колку можете да се оптоварите. Редовно следете го пазарот односно цените на производите на конкуренцијата.

Да претпоставиме дека во вашата компанија се вработиле неколкумина. Вашите вработени се прикажуваат вака


Ова е листата на вашите вработени. Сега накратко да објасниме за сите елементи на оваа страница:

1. Отворете нови работни места (пуштете понуда) доколку имате потреба од нови работници.
2. Прегледете го историјатот односно продуктивноста на вашите вработени од почетокот на вработувањето па се до актуелниот датум односно ден.
3. Информации за вашиот вработен и резултати од неговата продуктивност за секој изминат ден.
4. Дневна информација за изработеното на работникот. Овде можете да го следите трудот на вашиот работник односно колку единици суровина или број на готови производи произведил за вас, продуктивните поени (а со тоа и колку економски поени добил) и со колку здравје работел.  Како што гледаме на сликава, станува збор за особено здрав работник бидејки тој ден работел со максимум здравје.
5. Ова е платата на вашиот вработен. Во ова поле можете да ја менувате платата на работникот.  На штотуку вработените не можете да им ја намалите платата во рок од 72 часа.
6. Копче за потврда на промените. Ја регистрирате новата плата.
7. Поделете отказно решение на работникот 😃 Работникот сам не може да ја напушти работата во првите 72 часа од вработувањето па вие можете да му “помогнете” околу тоа.

Редовно следете ја продуктивноста на вашите вработени. Бидете во контакт со вашите вработени, обидете се да ги задржите. Наградувајте ги вредните, дајте им уште една шанса на оние што згрешиле а на непродуктивните веднаш делете им отказ.

Редовно пресметувајте колку заработувате од секој работник а кога некој ви прави загуба поради превисока плата или работење со пониско здравје обидете се да го контактирате или едноставно намалете му ја платата или отпуштете го доколку неговите постапки не ветуваат поправање. Бидете свесни дека вашите работници редовно ќе ја следат берзата за вработување за да пронајдат подобро платена работа и ќе ве напуштат ако ги оставите со старите плати.

Голем е ризикот вашите понуди за работа да ги прифатат играчи кои се со екстремно ниско здравје (оние кои претходно биле отпуштени од друга работа поради нивната непродуктивност) и да ве донесат во загуба. Овие работници се попознати како “камикази”. Освен тоа што директно ви штетат на бизнисот, тие и штетат и на еМакедонската економија. Бидејки немате можност да им ги намалите платите, таквите работници веднаш ги отпуштајте. За да ги избегнете овие непријатности, обидете се да најдете работници со кои ќе склучите “џентлеменски договор” околу начинот на работа и висината на платата. Така, и двете страни ќе бидат повеќе од задоволни. Вие ќе имате вредни работници во вашата компанија а работниците ќе добиваат добра плата и долго време нема да ве напуштат.


ШТО ДРУГО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ:

Редовно следете ги цените и платите во текот на целиот ден. Цените варираат постојано и лесно може да се случи да изгубите заработувачка поради неактивност.  Доколку цената на производот се спушти под производната цена, истиот во никој случај не го продавајте барем додека не се стабилизираат цените на пазарот.  Бидете стрпливи, немојте да очајувате доколку вашите производи не се продадат истиот ден кога сте ги ставиле на продажба. Поисплатливо е да продавате поголема количина по повисока цена во интервал од неколку дена отколку секојдневно да го правите тоа во мали количини по пониска цена.
Обидете се на пазарот за работници да понудите високи и примамливи плати (обрнете внимание на децималите) бидејки никој нема да се вработи кај вас доколку имате нереални понуди. Бидете во тек со конкуренцијата бидејки таа секогаш ќе се обидува да постави повисока понуда од вашата на пазарот макар и за 0.01 МКД. Сепак, бидете внимателни, немојте да нудите енормно високи плати ако не можете финансиски да издржите бидејки не само што помалку ќе заработите туку можете  да паднете во загуба па и да банкротирате. Редовно контактирајте ги добрите работници и давајте им повисока плата од онаа на маркет бидејки е тешко да најдете такви работници (гореспомнатиот џентлеменски договор). Доколку некој работник ве контактира за да му дадете отказ, излезете му во пресрет бидејки ако го изнервирате немојте да се чудете наредниот ден да ви работи на помалку од дваесет здравје 🙂. Внимавајте каде купувате лиценца бидејки за неа плаќате колку  две нови фирми (20 злато). Информирајте се за даноците и цените во земјата каде сакате да продавате.

Ви приложуваме корисни линкови каде можете да направите симулација на фирма и калкулатор за компанија. Доколку пак сте успешни на полето математика, тогаш сами можете да си пресметувате 😃



УСПЕХ ВО РАБОТАТА!


Со почит
PhoenixMK
Министер за образование
Февруари  2011

Рецензент на трудот 🙂
Cyril of Macedon
Стручен советник при Министерството за образование
Февруари 2011


Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе: