[Мин. за образование] Туторијал за Monetary Market (берза)

Day 1,198, 04:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Најпосле, дојде време и да се запознаеме со монетарниот пазар (Monetary Market) и што се можеме да правиме преку него.

Основни информации: Ова не е берза како во реалниот живот со вложување на хартии од вредност но ги има нејзините карактеристики: ставање на понуди и натпреварување меѓу истите. Сфатете го ММ како менувачница. ММ односно берзата е место каде можете да разменувате валути или златници. Златото е универзална валута која се користи како основа за вреднување на паричните валути на државите. За да можете да тргувате на берзата потребно е да имате достигнато 14то искуствено ниво и на вашето конто (сметка) да имате единици на локална валута (пари) и/или злато.



За да пристапите до ММ не е важно во која држава престојувате. Тој е заеднички за целиот Нов Свет.

ММ е навистина френкфентно место и затоа понудите често варираат во зависност од околностите (курсот). На секоја минута се појавуваат нови или исчезнуваат други понуди. Особено е важно да сфатите дека понудите на ММ се привремени и подложни на измени. Понудата трае се додека не се откупи или ќе се изгуби доколку истата застари (се наоѓа на ММ подолго време, а не се откупила).

Поради сигурносни и други причини како зајакнувањето на злато - валута соодносот, максималната дневна количина на злато која може да ја добие еден играч преку монетарниот пазар (берзата) се 10 gold.



До берзата можете да пристапите преку табот Market > Monetary Market

Купопродажбата на ММ не е толку комплициранa колку што се мисли но за оние кои досега не се служеле со ММ е доста нејасно и им делува збунувачки. Ќе се запознаеме подетално со тоа како да го користите ММ за купопродажба на валути и злато. Следете ги инструкциите на сликите и текстот подолу.

ПРОДАЖБА НА ВАЛУТА

Овде вршиме продажба на нашите пари, а купување на злато. За да купите злато потребно е на вашето конто да го имате потребниот износ на МКД зависно од тоа колку злато сакате да купите а колку МКД планирате да продадете. Имате два селектори: “buy” (купувам) и “sell” (продавам).



Селекторите “buy” & “sell” се на своето место, играта автоматски ја селектира локалната валута па овде нема потреба да менуваме ништо освен во случај ако купуваме различна валута од македонската (кликнете го второто поле “sell” и одберете ја валутата).

Ви излегува листа на сите достапни (сеуште неоткупени)понуди. Од примерот гледаме дека тие се разликуваат минимално една со друга но затоа пак доста се разликуваат во износите (единици) кои ги нудат на продажба. Еве на пример, првиот понудувач на листата нуди само 0.6 злато за 71.99 МКД од златник, додека пак вториот, третиот и четвртиот нудат поголеми количини злато за 72 МКД од златник (0.01 повисока цена). Значи, ако треба да купиме да кажеме 2 злато, од најповолната, прва понуда ќе можеме да купиме само 0.6 злато а останатите 1.4 злато ќе мора да ги купиме од другите понуди.



КУПУВАЊЕ ВАЛУТА (локална и странска)
Валутата на земјата во која престојувате (локална валута). За да купите потребно е да го имате потребниот износ на злато зависно износот на валута кој планирате да го купите.


За да купете локална валута (МКД), најпрвин го селектирате првото поле “buy” (сликата со злато) и од листата ја селектирате македонската валута (МКД). Ќе приметите дека играта автоматски ќе го промени другиот, втор селектор (со слика од македонското знаме) во првичниот, а првичниот ќе добие слика со Македонско знаме. Тоа означува дека вие ќе купите Македонски денари а за тоа ќе продадете злато.



Понудите се распоредени според нивната поволност односно од најефтината па се до најскапата понуда. Како што гледаме на сликата погоре, најповолните понуди се првите. Доколку има повеќе исти понуди тогаш е сеедно од кого ќе купите но потребно е тој понудувач да го има ставено на берза износот на денари (МКД) кои вам ви се потребни.

На нашиот пример гледаме дека сите понуди на првата страница се исти. Истото може да продолжи и на наредните страници. Сакам да купам 2 МКД. Ќе изберам една од овие исти понуди односно понуда која го има потребниот износ што ми е потребен. Купувањето на 2 МКД (*0.015) ќе ме чини 0.03 злато. Секогаш ќе ви излезе нотификација која ќе бара од вас да потврдите дали сакате сигурно да купите. Потврдуваме и добиваме соопштение дека износот е купен и дека ќе се изврши трансакција на истиот на нашето конто.

Сега на вашата сметка имате повеќе МКД (поради купување), а помалку gold (поради продажба).

Освен МКД, можете да купите и било која странска валута на ист начин како што е погоре објаснето за локалната валута: ја селектирате саканата валута > ја одбирате најповолната понуда.



ПОСТАВЕТЕ СОПСТВЕНА ПОНУДА НА ММ

Доколку сте стрплив играч (да чекате да ви ја откупат целата понуда) и не се брзате, финансиски најисплатливо за вас е да не купувате-продавате валути/злато туку да поставите сопствена понуда преку опцијата “post new offer”.



Еве како изгледа тоа:


На сликата гледаме дека ни се појавува формулар за продажба на злато за денари а можеме да продаваме и денари (или друга валута) за злато а за да го сториме тоа потребно е да ги наместиме селекторите на сличен начин како што објаснивме погоре во делот за продажба на валута.

Во првото поле го внесуваме износот на златото односно количината злато кое сакаме да го размениме на ММ, а во второто поле ја внесуваме количината валута која сакаме да ја добиеме за еден продаден златник.

Важно е да бидеме во тек со конкуренцијата за да успееме побрзо да го продадеме златото. Никако не поставувајте понуди со енормно мала вредност или со драстично голема разлика во однос на најповолните бидејки со тоа нема да профитирате туку ќе влезете во загуба (ќе купевте повеќе отколку што продадовте) односно ќе ви застари понудата (никој нема да ви ја откупи). Значи, пратете ја актуелната ситуација на ММ. Освен најповолната, разгледете ги и понудите на наредните страници и решете се дали ќе и конкурирате на најповолната или ќе најдете “златна средина” помеѓу најповолните и поскапите понуди.

Можете да го понудите на купопродажба оној износ на валута и златници кои ги поседувате моментално на вашето конто.



Особено е важно да внимавате на износите кои ги внесувате во полињата и да не ги испомешате истите. Непретпазливоста може да ве чини многу. Многу играчи кои понудиле за прв пат на ММ без претходна консултација и преглед на понудите изгубија многу злато и денари. Затоа бидете особено претпазливи бидејки постои временски интервал од 5 минути во кој не ќе бидете во можност да ја избришете или промените понудата. Можете да поставите повеќе понуди на ММ но со различни износи.

Сите ваши поставени понуди секогаш можете да ги прегледате со клик на копчето “Show my offers”. Таму можете да ги видите и да пристапите кон нивна измена или бришење .


Измена на понудата се врши преку полето “update”, додека пак бришење на понудата се врши преку полето “delete”.

За да ја измените или избришете понудата, како што рековме погоре, потребно е да изминат 5 минути од последната измена односно од нејзиното објавување.




Кога некој ќе откупи вашата понуда или само дел од неа, ќе добиете известување.



НАПОМЕНА: доколку сте го заборавиле пинот... тешко вас 😃



p.s. КУПУВАЈТЕ МКД ОД ПОНУДИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА! Така и помагате на нашата мила еМакедонија! ИЗБЕГНУВАЈТЕ ДА КУПУВАТЕ ОД СТРАНЦИ!

КУПУВАЈТЕ ОД МАКЕДОНЦИ!


Ваш
PhoenixMK
Министер за образование
Март 2011

Рецензент на трудот 🙂
Cyril of Macedon
Стручен советник при Министерството за образование

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе: