За Вистинските Патриоти!

Day 1,646, 17:26 Published in North Macedonia Thailand by Lily Snape

Ај здраво!

Свесни сме дека не е исто како порано.. Промените имаа големо влијание врз нас, и полека но сигурно ја убиваа желбата за играње..

Во вакви периоди, и тоа како ни е потребна мотивација да продолжиме похрабро и посигурно. Не сакам демотивирани луѓе, негативна атмосфера, ма воопшто не сакам некој да го зафаќаат негативни вибрации.. Затоа сум тука да вe турнам напред, да ви пружам поддршка 🙂

Личностите како Воикс отсекогаш ме инспирирале, неговите статии секогаш влеваа позитивна енергија во мене, и како што спомнав тука , вакви личности навистина вредат и заслужуваат почит.

Најпрвин, сакам да ви потенцирам неколку работи.И идемо :

"strong walls shake but never collapse"

Баш така, силни ѕидови можат да се раздрмат , но никогаш да паднат!
Колку и да е лошо, не дозволувајте да ве срушат! И да паднете, потрудете се што побрзо да станете и да се исправите на нозе!

- Колку и да си силен човек, колку и да трпиш еден ден се ќе ти се собере и ќе ти се качи на глава , и неможеш веќе да издржиш и ќе ти пукне филмот.
- Ќе се смешкаш постојано, ќе се шалиш .. Но, ќе те стегне срце и ќе си се исплачеш..
- Ќе победуваш , ќе победуваш.. Ќе дојде и денот кога ќе бидеш поразен..

Неможе постојано се да оди како што треба .. Во ред е да не биде се во ред!

Совршенство не постои, бадијала не треба да се труди човек да се стреми кон него затоа што никогаш нема да го достигне.. Така е и тука, ниедна држава неможе постојано да победува и да добива.. Тоа е факт!

Кога победуваме сите сте задоволни, си фурате напред и си немате гајле.. Си правите пари, се бустате, си бркате медалји.. И се е како подмачкано!

Али, кога почнува да се губи , Платон е крив, Грците упалиле картиците, Овој востание си брка, Овој за мерсенери пука.. Па ајде да плукаме сега, ќе се навредуваме, ќе се караме и ќе се тепаме, да префрлиме топката на некој..

Вистински победник си кога губиш, но го чуваш достоинството!
Губиме, е добро де , и што сега? Па не е крај на свет!

Нормално е да се очекува да се попушти , неможе постојано да се победува.. Запомнете дека тој што губи постојано, е под голем притисок и се труди да се ослободи.. И тој труд кога тогаш мора да им се исплати..

Вистински патриот сте, кога губите, да дадете се од себе.. Да не се штедите, и да ударате максимално, да следите наредби и да играте мудро.
Не сте патриоти ако мавате во Албанските востанија каде што ѕидот е над 90 % , медалот True Patriot не те прави Вистински Патриот!

Биди Вистински Патриот во очите на луѓето, не кога ќе ти видат медалот на профилот туку кога ќе го погледнат твоето име нека го препознаат!

Потребна е организација, потребен е тимскиот дух!

Почнавте да забегувате на сите страни, кој во Америка, кој во Австралија, крајот неможе да ви се најде.. Овој се откажал, овој не пука веќе за Македонија.. Не сте птици преселници туку кукавици!

Кога се е добро - си кротите , кога тргнува на лошо - гракате!

Монотоно е кога се едни исти победуваат, а другите губат.. Со тоа се губи смислата на играта.. Тоа е интересно, кога победуваш, па потоа губиш, се ујачаш, се организираш и се враќаш пак во игра.. Тркалото постојано се врти!
Инаку како човек ќе ве натера да ги извадите зимниците, да ве собере на канал, да ве стави во ред малку .. 😃

Значи време е да се престане со кинкање и жалење .. Треба да се стегнете малку , и главата горе .. Ако сега врне дожд, утре ќе изгрее сонце ..

Ќе си се приберете.. - Еи, супортнав востание.. Е добро сега ако биде-биде ако не здравје, нема што да се замарате да пукате и да викате други да пукат, ако треба да биде ќе биде и без тоа.. -Мерсенери, кога ќе се пружи прилика ќе си обоиш некое знаменце.. -Еи, дремам цело време, ај кога веќе седам на еРеп, чекај да се ставам и на chat.. -Тука ѕидот е повеќе од 50 %, ајде да не мавам бадијала чекај да видам дали треба на некој сојузник да помогнам, да отворам Military Campaigns .. -Овој план не бидува, ајде од План А одиме на План Б, па и тој ако не биде има уште букви од азбуката..
За секој проблем си има решение .. Само треба да го најдете!

И уште една работа пред самиот крај.. Кога прцате, ПРЦАЈТЕ СО СТИЛ..
Нема потреба да се спуштате на ниско ниво и да им пишувате, да им се потсмевате и да ги спамате противниците! Задржете си ја гордоста..
И тие се луѓе и не ги повредувајте, затоа што вам така да ви прават сигурно нема да се чуствувате добро..

И за крај, ова не е статија за претплата и глас, не е за извик..
Ова е статија за тоа што е напишано во неа да ви влезе во глава!😃

ЧАО!