ДЕ[МОТИВАЦИЈА]

Day 1,605, 10:21 Published in North Macedonia Thailand by Lily Snape

Прва статија на Лидија .. Скрол надолу па види ја 😃

.
.
.
.
.
.
.
.
.
.


Ви дозволувам да ми ја укажете честа и да ја прочитате статијава..
Која има МОТИВАЦИСКА цел врз ДЕМОТИВАЦИСКИ причини!
(Не, ова не е feedback на Селеуковата мотивација)

Ова е , Хммм како да го наречам .. едно обраќање (нема да потенцирам и насочам никого) кон сите, да изнесам мој став и гледање за .. ее не кажувам за што, ќе мора да читате до крај 😃

Дури и да не се согласувате со мене, приморани сте на Вотедонски и Субдонски, зашто куцам на тастатурава со замрзнати прсти, па за вложениот труд мора да ме наградите :-Р

Ќе почнам со ред .. како што си е редот 😃
Игра како игра, некој ја измислил, игра како игра, се нашле и луѓе како нас да ја играат..
Е сега, кој помалку кој повеќе , одвојува време за да и посвети внимание..
Овозможено ни е да тренираме, да се храниме, да се тепаме без да пролеваме крв .. да си живееме во една заедница, на едно место со луѓе од сите страни на светот.. Кој вака, кој онака .. Снаџи се па живи .. се прекарува некако на играва. Во зависност од тоа кој колку и за што ќе се залага и труди , ќе му светне медал на профил и ќе си добие награда од скромни 5 Gold.
Покрај другото, во можност сме да си отвориме весник, да си бидеме новинари и уредници (без некои особени вештини и знаења или пак диплома од фах за односи со јавност) и слободно да го кажеме тоа што го мислиме , едноставно да пишуваме за што ни душа сака. Некои од нас немаат некој особено голем интерес, да пишуваат , да бидат слушнати .. но затоа пак, би сакале 1000 играчи да им се претплатат на нивниот весник со што ќе им се овозможи приход од 5 Gold и да им светне улична на профил. Како што кажав, секој се снаоѓа како знае и умее, па некој ќе се реши да го 'извикува' линкот од својот весник на почетна, некои од вас ќе организираат ММ Акции (добро познатото sub за sub), или пак на секој што ќе се претплати ќе му пружи скромна награда од некое Q1-6 лебче/тенкче.. etc.. (А колку пати сум се прашала самата, колку статии би имало доколку не постоеше медалот и опцијата 'subscribe'?!Хм:Р)
НО,Постојат луѓе кои во себе кријат многу креативност, интересни идеи, став и мислење кое сакаат да го споделат, луѓе кои сакаат да бидат слушнати, луѓе кои што црпат инспирација од својата глава и ја преточуваат во зборови, овде, на оваа игра, во своите весници, се со цел да ве инспирираат, мотивираат и да придонесат за себе, за нас и за нашата земја, па дури понекогаш и да ве критикуваат за да ве насочат кон вистинскиот пат.
Секоја чест на таквите луѓе, тие се мојата инспирација ОВДЕ, тие ми будат желба да постојам и опстанувам тука!
Кога станува збор за мислења и ставови , нема правилни и прогрешни, нема добри и лоши.. Секој гледа на свој начин кон работите, и никој нема право да осудува нечие мислење само затоа што не го споделува истото..И со тоа не му се задава право да навредува и омаловажува! Затоа што никој од вас не е приморан да прифати нечие мислење, и да вели ДА, ТАКА Е .. Но би требало да го ПОЧИТУВА тоа! Се помалку луѓе пишуваат, затоа што се ДЕМОТИВИРАНИ од страна на поединци кои го фрлаат во сенка секој нивен вложен труд, секој нивен обид да постигнат нешто. Би требало да бидете среќни затоа што некој троши од своето време, тој е ОРИГИНАЛЕН и УНИКАТЕН ..( Не прави copy-paste, туку објавува нешто СВОЕ) и тоа го прави личност која вреди да се почитува!
Играва бара промени, бара креативност, снаодливост и тактики (затоа е и стратегиска) .. И секој пораз, и секоја победа е искуство повеќе, и се бара од вас да најдете начин да излезете од лавиринтот во кој ќе заглавите, да станете откако ќе паднете, да останете на врвот откако ќе го достигнете.. Затоа треба секому да му се пружи шанса да се истакне и да ги покаже своите способности!
Но најмногу се бара, ОРГАНИЗИРАНОСТ И СПЛОТЕНОСТ! Навидум лесно, но тоа е најтешката задача! Ова е виртуелен свет, кој го сочинуваат луѓе од крв и месо, со срце и душа!

Затоа, внимавајте со вашите ДЕМОТИВАЦИИ да не нарушите НЕЧИЈА ЛИЧНОСТ, само затоа што незнаете да ги цените, да ги избркате со вашите невкусни коментари! И да, пак ќе кажам, ова е игра, и каков и да било исход не треба да ве демотивира.. туку најдете зрак светлина во секој мрак, и МОТИВИРАЈТЕ ги луѓето коишто се тука.. Сите добри и лоши одлуки, потези, тактики се дел од секоја игра.. затоа - ИГРАЈТЕ!


НЕ ГО ДЕЛЕТЕ ОНА ШТО Е ПРЕДОДРЕДЕНО ДА БИДЕ СПЛОТЕНО ВО ЕДНО!
НИЕ ЈА СОЧИНУВАМЕ ОВАА ЗАЕДНИЦА, И МОЖЕБИ СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ИГРАВА СЕ НА ВРВОТ, НО НИЕ СМЕ СТОЛБОТ КОЈ ЈА ДРЖИ И БЕЗ НАС, НЕЈЗИНОТО ПОСТОЕЊЕ Е БЕСЦЕЛНО!


П.С Како и секогаш, се трудам да бидам што пократка и појасна, но ретко успевам во тоа.. Потфрлив и овојпат,но се надевам дека бев јасна! :Р
П.П.С. Тоа беше се народе .. Или сепак, не .. Хмм, о да :Р
Пожелно е , не и задолжително да ја извикате статијава без да ве фати глас..
П.П.П.С .. Се одјавувам со еден голем, срдечен о7 Поздрав! 🙂