Немој да бидеш ScymeX , доколку не си ! > Мотивација

Day 1,401, 05:03 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia
Измената што денес ја направија админите ме потсети од една сцена која мислам беше на почеток во филмот Black Hawk Down каде што агентот се наоѓа на пазар и таму се продава храна и оружје по тезгите баш исто како на сликата,добро потсетување ќе го гледам повторно филмот 🙂


Деновиве прочитав пораки дека некои од играчите се откажуваат од играва најчесто поради обврски во реалниот живот , а пак некои се откажуваат и се жалат дека играва нечини и најчесто се откажуваат затоа што не се како ScymeX.
Ќе пишувам за вторите,впрочем во оваа статија ќе пишувам за две работи кои се поврзани со споредувањето со Супер старот ScymeX и дружината,некои ги сакаат , некои ги имитираат , некои ги почитуваат во оваа група и јас спаѓам немам идоли туку само луѓе кои ги почитувам.
Кај тие што сакаат да бидат ScymeX се соочуваат со неколку проблеми :
1.Сакаат да бидат популарни но не сакаат да потрошат реални пари.
2.Вежбаат секој ден и кога ќе ја споредат сопствената сила со онаа на ScymeX доживуваат шок.
3.Кога ќе видат какви фабрики има ScymeX и тие сакаат да имаат такви , но немаат голд и тоа е главниот проблем,со идеа како побрзо да заработат голд тие својте производи ги продаваат по мала цена на пазарот но на работниците им даваат голема плата иако повеќето не вработуваат затоа што имаат мали фабрики но повторно имаат мизерна заработка од продаденото.Навистина не ми е јасно за каде се брзате никаде до сега не сум прочитал правило на кое пишува дека производите кои ги пуштате во продажба мора да се продадат во рок од 15 минути мојте се продаваат многу подоцна иако деновиве повеќето цени се многу близу до реалните поради проблемот со регионите но се ќе се врати по старо кога ќе почнеме повторно да освојуваме.

Споредувањето е убаво само доколку се споредуваш самиот со себе !
За жал повеќето се лишени од тоа магично чуство кога ќе се споредуваш со самиот себе за тоа кај си бил пред одреден период а каде си сега тоа е фантастично чуство кое ќе ве направи среќни,многу луѓе се жалат затоа што немаат работи што другите ги имаат, кажете зошто се жалат ?
Затоа што се СПОРЕДУВААТ со другите и потоа викаат дека имаат лоша судбината,па нормално секогаш ќе најдеш во животот некој што е подобар од тебе но ќе го најдеш само доколку се споредуваш.Да се вратам на играва јас секое утро кога ќе се приклучам ја гледам силата која ја имам и по тренингот повторно ја гледам како сум напредувал кога ќе кликнам на мојот двор гледам дека имам фабрика Q3 на која сум горд некој можеби има 10 фабрики Q5 но јас сум горд на мојата Q3 која ја надоградив без ниту еден потрошен реален денар ,па наскоро и Q4 се што сакам де кажам е да не се замарајте со тоа што има другиот БИДЕТЕ СВОИ И ЗАДОВОЛНИ ОД ТОА ШТО СТЕ ГО ПОСТИГНАЛЕ И ЌЕ УСПЕЕТЕ И ТУКА И ВО ЖИВОТОТ.