ТИМСКИ ДУХ

Day 1,616, 06:56 Published in North Macedonia Thailand by Lily Snape

Со вас сакам да споделам една мудра приказна, што ја прочитав неодамна.
Од моја страна, се чувствувам должна да ја споделам, а ваше е колку ќе сфатите и ќе извлечете поука од неа. 🙂 (а верувам дека ќе сфатите)

- Еден ден, човекот имал можност да поразговара со Бог, па го прашал: ‘‘Господе, ќе ми биде големо задоволство да дознаам.. Како изгледаат Пеколот и Рајот?‘‘

Бог го однел човекот до две врати. Отворил една од двете врати и му дозволил да погледне внатре. На средина од собата, стоела голема тркалезна маса. На средина на масата имало голема чинија со многу вкусна, свежа храна.
Човекот почувствувал како му надоаѓа плунка во устата..

Луѓето кои седеле околу масата биле претерано слаби, со виолетов тен и болен изглед. Сите изгледале прегладнето. Имале лажици со многу долги рачки кои биле прицврстени на нивните раце. Сите можеле да ја дофатат храната во чинијата и да земат малку, но бидејќи рачката била подолга од нивните раце, не можеле да ја стават храната во својата уста.
Човекот се потресел при самата глетка на нивниот јад и нивната жалост.
Бог му рекол: „Само што го виде Пеколот.“

Потоа, Бог и човекот се упатиле кон втората врата. Бог ја отворил и втората врата. Глетката која човекот ја видел била идентична на претходната. Имало голема тркалезна маса, на неа чинија преполна со вкусна храна, која повторно му донела плунка во устата.

Луѓето околу масата исто имале лажици со долги рачки, само овој пат тие биле добро нахранети и среќни и си разговарале меѓусебно, задоволно насмевнувајќи се..
Човекот се свртел кон Бога и му рекол: „Но.. Не разбирам?!?“

„Едноставо е – рекол Бог. Сè е поврзано со една вештина. Овие научија да се хранат едни со други, додека оние другите не мислат на ништо друго, освен на самите себе.“



Да, ова навистина Е едноставно! Кога само ќе помислите колку многу труд и напор е потребно за да се постигне сплотеност и единство, си мислите дека тоа едноставно е невозможна мисија. Луѓето се откажуваат, уште пред да се обидат. НО! Но, доколку постои огромна желба и волја за да се постигне ова, верувајте дека секоја препрека ќе ви се чини премала, секоја причина ќе ви се чини недоволна за да се откажете!
Се ќе ви биде едноставно, се додека во себе го поседувате тимскиот дух!

Сакам во секој од вас, во вашите срца, да се всади семето на тој ТИМСКИ ДУХ, таа сплотеност и единство.. Нема ништо послатко од плодот кој тој ќе го вроди.. Самите ќе го почувстувате и ќе се уверите! 🙂

А кога ќе се роди во нас тимскиот дух, кога ќе се обединат нашите цели, тогаш ќе бидеме подготвени и достојни на својот грб да ја носиме тежината на секој успех и пад, на секоја победа и пораз..

Имајќи го тимскиот дух во себе, секоја победа ќе не прави посилни и сплотени , и секој пораз посилно ќе ги стегне нашите раце и ќе ја зголеми жарта во нашите срца која ќе ја запали искрата на непокорност во нас , следниот пат да успееме и да бидеме подобри.

Верувам дека можеме да го постигнеме тоа.. ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ , најпрвин како поединци , единици а потоа и како ЕДНА МАКЕДОНСКА АРМИЈА!
Верувам дека секој од вас го посакува тоа, и кога малку ќе ги оставите настрана вашите сопствени интереси, ќе видите колку е голема желбата во вас.

Најпрвин нека се роди желбата за единство и тимски дух, а само по себе ќе си дојде и начинот како да го постигнеме тоа.

"Племето наше е ПИРЕЈ и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира! Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева."


ТИМСКИ ДУХ!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2015232/1/20