Тимски Играч

Day 1,435, 12:32 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia
Сите профили на играчите кои досега сум ги отворил се членови во воени единици,веќе е редкост да се види играч кој не е член во воена единица.
Воените единици јас ги гледам како тимови,затоа што зборот тим за мене значи совршено функционирање и делување на повеќе играчи како еден.
Оделенски класови,компании,политички партии и секое здружување на повеќе членови или земји во една организација е тим,целта е сите ние да бидеме подобри тимски играчи со цел да придонесеме подобрување и зголемување на моќта во тимот во кој ченуваме или за тимот во кој играме.
За мене ТИМСКИ ИГРАЧ\И е\се :
Помаѓање меѓу себе,кога ќе снемаш леб ќе ти даде кој друг освен тимскиот колега,кога тимскиот колега ќе има потреба од тенкови ти ќе му дадеш тенкови и така се создава тимска хармонија.
Кога ќе ти биде потребен голд за надградба ќе добиеш од тимот.
Кога ти е тешко или си имал лош ден ќе се насмееш на тимскиот чет или пак на некој коментар напишан на ѕидот за коментари меѓу членовите на единицата, тимот значи и дружба.
Искрено и чесно играње без никакво искористување на тимот биди фер пред се кон себе па потоа кон останатите .
Оној кој им помага на другите а притоа да не очекува возвратена помош (од типот:јас ти помогнав на тебе,па сега помогни ми ти мене) е тимски играч !
Кога многу тимови ќе се поврзат меѓусебно се добива еден тим тоа е еМакедонија !
Сите ние тука сме за еМакедонија и промовирање на Македонија ширум светот не
сум сретнал некој што игра за да направи голд и да отвори дваесет фирми секој ќе рече јас играм за Македонија,треба постојано да се потсетуваме на ова,затоа што скоро секој еДен читам како некој е измамен и ограбен,на сите избори гледам купување на гласови бркање на на слава која ништо ќе нема да ви донесе во реалноста,се што ќе ви донесе тоа се главоболки,несоница и непотребен стрес и непријателства со играчи кои не ги познавате,а сте можеле да бидете реални пријатели е ајде сите да играме за тоа што сме тука
ајде да играме за МАКЕДОНИЈА !

Многу малку работи во животот ги правиме само за себе без разлика за што и да станува збор дали е игра како оваа или пак во реалноста работа во некоја компанија,најчесто правиме работи со кои би придонеле некакво подобрување за заедницата па преку тоа и наше лично,секој успех на тимот е и твој успех затоа биди ТИМСКИ ИГРАЧ.
Друг совет кој можам да ви го дадам е да ги менувате единиците\тимовите со цел да ја најдете винстинската единица која на вас ќе ви одговара,ако за некој таа е добра единица за тебе може да биде пекол, голем дел од играчите со кои разговарам не се задоволни од единица во која што членуваат има многу причини и нема да пишувам за нив,поентата е дека многу малку играчи се чуствуваат како да се дел од тимот.Јас сменив многу тимови додека да го најдам винстинскиот,направете го и вие тоа.

Мојот тим е KostaplerS,името на скопски би значело HostaplerS,кул се дечките хоштаплер до хоштаплер,плус и не морам да дремам на чет за да добијам рефунд.TheTrooper6секогаш ми се наоѓа за се,лидер во винстинска смисла на зборот кој има разбирање за својот тим и на сите ни пружа подршка.

Кој е твојот тим ?
Представете го и вашиот тим,затоа што има многу единици се надевам дека ќе ги представите долу во коментарите со цел да можат сите играчи кои не се во единица да бидат дел од некоја.
Се надевам дека со оваа статија ќе придонесам во зголемување на етиката и создавање на траен соживот меѓу сите нас а преку тоа и зголемување на моќта на еМкедонија !
Барам подршка од сите вас !
Кога ние сме сложни никој ништо не ни може !

Биди ТИМСКИ ИГРАЧ