[Министерство за Образование] Воен Модул

Day 1,236, 05:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie



Мојот мандат сакам да го започнам со туториал за најновите измени во воениот модул кои се случија на ден 1,228. Бидејќи до сега немаше направено туториал во врска со овие измени како нов министер за образование сметам дека е моја задача да се информираат новите играчи како всушност функционира новиот воен модул.


Клик на сликата за подобра прегледност



1.Државата за која се борите
2.Државата против која се борите
3.Регионот за кој се води битката
4.Моменталниот резултат во однос на рундите
5.Моменталните поени на државата за која се борите
6.Моменталните поени на државата против која се борите
7.Местото каде се покажува кој моментално води во битката според направениот инфлуенс . Целта е државата за која се борите да ја држи границата на повеќе од 50% што е можно повеќе време и на тој начин да собере повеќе поени
8.Играч кој има направено најмногу инфлуенс за државата за која се бориш и ти
9.Играч кој има направено најмногу инфлуенс за државата против која се бориш
10.Изминато време од почетокот на рундата
11.Твојата енергија
12.Енергијата на твојот противник
13.Твојата сила (strength)
14.Силата (strength) на твојот противник
15.Твоето оружје
16.Оружјето на твојот противник
17.Копче со кое можеш да го смениш твоето сегашно оружје со оружје од твојот инвентар кое има повисок квалитет
18.Бројката на инфлуенс која си ја направил во текот на рундата
19.Бројот на твоите ранк поени
20.Копче со кое се лечиш од целата храна која ја имаш во инвентарот
21.Копче со кое добиваш 10 енергија во замена за 0.5 злато (не е препорачливо да се користи)




Во војните еден регион се освојува со победа на 8 рунди пред твојот противник. Една рунда завршува кога една од завојуваните страни ќе достигне повеќе од 1800 поени. По достигнувањето на таа граница рундата автоматски завршува и наредната рунда започнува по 5 минути. Целта на секоја држава е во војните да ја држи границата за инфлуенс на повеќе од 50% и на тој начин да добие повеќе поени. Поените се добиваат според следните критериуми:

-Во првите 30 минути од битката, за секоја добиена минута (држење на границата во твоја корист) се добиваат 10 поени
-Во периодот од 30 до 60 минути, за секоја добиена минута се добиваат 20 поени
-Во периодот од 60 до 90 минути, за секоја добиена минута се добиваат 30 поени
-Во периодот од 90 до 120 минута, за секоја добиена минута се добиваат 60 поени




Апел до сите нови играчи да не се тепаат во војните барем дури да дојдат 16 левел, да ја одржуваат својата енергија секогаш на 100, секојдневно да работат и да тренираат со 100 енергија, да ги гласаат статиите на Министерството за Образование и да се претплаќаат на весникот на Министерството за Образование за да можат да ги добијат сите најнови информации кои ќе излезат од министерството.

Шаутирајте :
[Министерство за Образование] Воен Модул
http://tinyurl.com/4yys8cc



Корисни линкови :
Формулар за помош на нови играчи преку Министерството за Здравство и Црвениот Крст
Официјлан форум на еМакедонија. Регистрирајте се со вашиот ник од играта
#eMKD - Официјална чет соба на еМакедонија
#NoviIgraci - чет на кој новите играчи ќе бидат насочени од страна на Министерот за Образование или неговиот заменик

Државни институции :
Министерство за Одбрана - нивниот весник
Министерство за Здравство - нивниот весник
Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
Министерство за Информирање - нивниот весник
Народна Банка на Македонија - нивниот весник
Министерство за Економија - нивниот весник
Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник



Со почит
Bojan Almighty, Министер за Образование
smexor1, Заменик Министер за Образование
Април 2011