Како да ги контактирате администраторите [eRepublik Support]

Day 1,125, 03:21 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by Ministerstvo za Obrazovanie


Во овој артикл ќе ви биде објаснето како да стапите во контакт со еРепаблик администраторите, кои би ви одговориле на вашето прашање или би ви помогнале при решавањето на вашиот проблем што може ќе ви се случи некогаш во играта. Постојат повеќе причини за кои може да ви притреба да ги контактирате администраторите. Затоа во предолжение ќе ви објаснеме подетално со слики како да испратите тикет (support ticket) односно порака до нив.



За пристапување до делот каде можете да ги контактирате администраторите кликнете на Contact, кое се наоѓа најдолу на дното од секоја страница на играта.



Потоа ви се отвара ова:



1. View My Tickets - овде можете да ги видите сите досегашни ваши тикети и овде проверувате дали има пристигнато повратен одговор на вашата порака.
2. Submit a Ticket - кликнете овде ако сакате да отворите нов тикет односно да испратите порака до администраторите.
3. Knowledgebase (FAQ) - најчесто поставуваните прашања до администраторите. Тука има доста голема база на одговори.
4. Latest Knowledgebase Articles - најчесто поставувани прашања и одговори на нив, актуелни во последно време

Како што рековме погоре, за испраќање тикет ја избирате опцијата Submit a Ticket и ви се отвара ова:



Овде како што гледате, најпрво треба да одберете каков тип на проблем или прашање имате, потоа го пишувате насловот на темата за која го праќате тикетот, кликнувате Next. Сепак еве подетално објаснување.

- Report a bug - ова го одбирате кога сакате да пријавите буг (грешка) во играта од технички карактер. Пример да речеме не ви стигнал некаков медал или неможете да пристапите во некое мени и сл.
- Report multiple accounts - го одбирате доколку сакате да пријавите повеќе профили (мулти акаунти) на некој играч, бидејќи ова не е дозволено со правилата на еРепаблик.
- Payments - ова го одбирате кога имате проблем при купувањето на злато со вистински пари. На пример да речеме сте платиле, а златото не ви стигнало и сл.
- Game support - ова опфаќа неколку видови на прашања и проблеми во врска со играта. На приемр пишете ако не ви е јасно како функционира нешто во играта, ако некој ви го хакнал профилот итн.

Откако ќе изберете категорија, напишете наслов и кликнете на копчето Next, ќе ви се појави ова:



Message details - oва е делот каде што треба да ја напишете вашата порака. Исто така во делот Upload File можете да прикачите и слика (скрин шот), која ќе служи како додатна информација за вашиот проблем во играта, или пак како доказен материјал за она што сте го пријавиле. Објаснете го убаво и јасно вашето прашање или проблем, со цел да добиете попрецизен и поточен одговор. За да го испратите вашиот тикет, кликнете на копчето Submit. Најчесто добивате одговор за 3-4 дена, но сепак некогаш може и да се одложи тикетот на подолго време доколку е за некоја покомплицирана ситуација.


Министерство за Образование (http://www.erepublik.com/en/article/-1-1574539/1/20)
Декември 2010

Туторијалот е последно променет на 03.02.2011



Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија. Ова е место каде може да дискутирате и да се информирате за многу работи во врска со еМакедонија.
Регистрирајте се со истото име како од играта.

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Министерство за Образование - нивниот весник
*следете ги редовно туторијалите што излегуваат и слободно пишете ни порака ако нешто не ви е јасно од играта

Министерство за Здравство - нивниот весник
*ако неможете да си го покачите здравјето, пишете им порака и побарајте помош

Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
*ако неможете да си го покачите здравјето, пишете им порака и побарајте помош

Министерство за Одбрана - нивниот весник
*пред да се борите погледнете ги воените инструкции во нивниот весник, за да видете каде е најпотребно да се борите

Министерство за Информирање - нивниот весник
*следете ги нивните статии и информирајте се за новостите и промените во играта, но и со нашата земја