ePulitzer Prize #3 (НАЈДОБРА СТАТИЈА ЗА НОЕМВРИ)

Day 1,476, 17:18 Published in Belgium Belgium by El1teBE

For my non-Macedonian speaking friends - this article is about ePulitzer Prize - monthly award in eMacedonia for the best eMacedonian article.
_______________________________________________________________________________________
...once upon a , во прекрасната се одржа избор за најдобра објавена во македонски наречена - еПулицерова награда. Иако прво мислев дека истата награда нема да заживее, еве ја пак - сега, и , и тоа не само благодарение на мене, туку и на многубројните , за што овде јавно им велам , а исто така и благодарение на многубројните напишани во нашите . Ова е почеток на третиот избор - еПулицерова награда за месец ноември 2011!
_______________________________________________________________________________________


Малку историја:
- Наградата беше востановена за прв пат кон средината на месец септември 2011, поточно на 1403-от ден од Новиот Свет, еРепублик време:
(http://www.erepublik.com/en/article/epulitzer-prize--1868595/1/20)

- Првиот избор се одржа на крајот на месец септември
(http://www.erepublik.com/en/article/epulitzer-prize-1-1873315/1/20),
и од шесте номинирани статии на авторите Dushko Avramovski, Koteski, KralliMarko, MeDs Leinad, Strumjanin и tomibair, со наградата се закити одличната анализа на политичките партии во светот од страна на Dushko Avramovski со наслов - [TOP] Did you know ? [Statistic & Analysis], а наградата за најдобра фотографија ја однесе tomibair.
(http://www.erepublik.com/en/article/-1-1874402/1/20)

- Вториот избор се одржа на крајот на месец октомври:
(http://www.erepublik.com/en/article/-1-1887781/1/20)
Овојпат имавме десет номинирани автори: achkoeoeoe, AsT89, Chunihin, Drashhh_III_Makedonski, Dushko Avramovski, i6or, Mehandzijski, Strumjanin, tomibair и Voix of Macedonia.
(http://www.erepublik.com/en/article/-1-1895523/1/20)
Вториот лауреат беше Chunihin за статијата во облик на духовит мемоар за еМакедонското минато и сеќавањата од првиот baby boom, пред точно една година. Статијата носеше наслов - Првиот Baby boom. Тогаш и сега. ХАИЛ !. Овојпат наградата за најдобра фотографија ја однесоа deda_mraz82 и drakalbt.
(http://www.erepublik.com/en/article/-1-1898447/1/20)

- И така дојдовме до денешниот ден...
_______________________________________________________________________________________

I НАЈДОБРА СТАТИЈА ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ 2011

Гордост и чест ми е да ги објавам номинираните статии за месец ноември (по азбучен редослед на авторите):

1. Don Tas за статијата
[Don Tas] У кафана сме
Во месецот во кој бевме преплавени со поезија на еРепублик, се појави и ова - чудо од статија, неуспешен обид да се сокрие антиталентот, или итар ироничен потсмев упатен кон сите еПоети (кој како сака може да го сфати, зошто статијата е отворена за толкување)! Јас лично ја сфаќам (контекстуално) само како обид да се покаже дека еРепублик е игра, и дека не е важно многу кој што, како и дали направил или не направил - важна е дружбата, ракиичката и мезенцето!

2. Drashhh_III_Makedonski за статијата
[АрМакедон] 1 година потоп со АрМакедон - Роденденска статија - Happy Birthday
По номинацијата за неговата лична роденденска статија во два дела, не можеше а да биде изоставено ова. Убаво раскажана приказна за една од најстарите единици во еМакедонија, на начин својствен за Drash. Одличен текст, во секој случај!

3. GoodBeer за статијата
Кандидат за инвалид ( CP ) на еМакедонија
Ова е дефинитивно најјаката пародија напишана во еМакедонски весник! Смешно, иронично... (ма какво иронично, саркастично) обраќање на кандидатите за Претседатели кои може малку пресурово ги споредува со инвалиди, потег што не е за оправдување, но текстот е дефинитивно Scary Movie во македонскиот новински простор, пародија за која и Монти Пајтоновци би позавиделе...

4. Kirijana за статијата
Не,јас не сум сама
Еден од најдобрите, најоригиналните, најсовршено обмислените и најостроумните текстови кои воопшто некогаш се појавиле на еРепублик. Нејзината поезија е игра со еден далечен предел за неа, предел во кој не припаѓа, а иако е присутна, не може да го дофати колку и да се обидува да посегне по него. Номинацијава е за целото нејзино творештво од кое го издвоив токму ова парче неслучајно - потсетува на подвоеноста, а ја има во се, дури и во нас самите... Многумина од нас не се всушност тоа што навистина се претставуваат, огромен дел ја покажуваат само едната страна на своето лице, а некои слепо веруваат дека скривајќи го другиот во себе ќе ги излажат ближните (а можеби и себеси) дека се навистина тоа што површински изгледаат дека се. За дуалитетот, за сите нас кои самите себеси си нанесуваме зло, и за уште 1000000 толкувања кои ги нуди ова кратко парче текст, ја заслужува оваа номинација... За тие кои не го разбраа, нека се обидат да се отворат повеќе кон него!

5. kojoti2 за статијата
Патриоти?
Им покажа на сите кај им е местото... Го дефинираше и вистински го лоцираше проблемот со „виртуелното патриотство“, и им покажа на многумина дека посотојаното себедокажување во една игра преку обид да се понижи, омаловажи или дискредитира соиграчот значи или израз на немоќ на друг начин да се достигне славата, или израз на немоќ да се постигне славата во вистинскиот свет (или поточно кажано - „лечење комплекси“). Во секој случај е израз на немоќ!

6. lavcan за статијата
Едгар Алан Лавчан
И уште една песничка. Ни прва, ни последна, ни најдобра, ни најлоша, но можеби најдуховита и најсмешна.

7. lazarosaMKD за статијата
[lazarosaMKD] Феноменот "Калимеро".
Убав осврт кон феноменот на Македонштината (...па и Балканштината, или Ориентализмот), кој Лазароса го нарекува со можне метафоричко име - „Калимеро“, и моменталната ситуација во еМакедонија - за одењето кон Индија, за CelarentE, за еМакедонците.... Убав осврт за се - во секој случај!

8. tomibair за статијата
Крајот на светот??? -НАГОВЕСТУВАЊЕ [TOMIBAIR]
Крајот на светот се уште не дојде, се надевам само дека тоа не значи дека е сменет relationship статусот на ѕидот на Томи. 😃 Кога ја прочитав статијава прв пат, не можев да престанам да се смеам, и се уште сметам дека е оригинална, духовита, интересна, смешна... , томибаировска... Затоа заслужува да се најде меѓу номинираните!

9. TrajcheE за статијата
Колку ја познаваме Македонија
Статијава ја видов на милион места објавена, реобјавена, прекопирана, исплагијатизирана... Го номинирав TrajcheE, само затоа што од сите „автори“ на истата статија, која всушност и не е нивно дело - наместо да ја намени за популистичко додворување со широките еНародни маси, тој ја постави во контекст на еден убав став - Џабе ни е чукање в гради (реално или виртуелно), кога никој од нас не знае речиси ништо за нашата мајка Македонија! Ако грешам, повелете, демантирајте ме! Убаво Анте Поповски напиша - „О, еве ја таа проста земја од грч и од чекање / што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски... / а никој не ја знае!“

10. Zoran I Makedonski за статијата
AAAAAAAAAAAAA
Никаква статија... Само низа на слики... без врска... без смисла... онака... а собра 605 гласа - најмногу од сите статии овој месец... За ваквите случаи Еразмо Ротердамски ја напиша својата „Пофалба на глупоста“... Заслужува номинација заради идејата да се направи нешто без идеја... и зошто е доказ дека помеѓу генијалноста и глупоста има само една тенка црвена линија...



Поради фактот (неоспорен) дека заради непотизам, и гласање за својот шеф, партиски лидер или командант - што се случуваше во претходните изданија на еПулицеровата награда - овојпат се направени мали измени од моја страна.

Ново правило 1: За добитникот на наградата ќе одлучува исклучиво само Советот на наградата кој ќе биде составен од донаторите, претходните добитници на наградите за слика и фотографија, Министерот за информирање и неговите помошници (се ова како и до сега) + за да се пополни бројката од 30 члена колку што од сега па натаму ќе има Советот - додадени се имињата на неколку заслужни еМакедонци во минатото и сега. (Имињата на донаторите и членовите на Советот ќе ги видите подолу). Добитникот на наградата, од сега ќе зема 85% (наместо досегашните 75😵 од донираните средства.

Ново правило 2: Додадена е уште една награда - PEOPLES CHOICE за која ќе можете да гласате вие во коментар подолу - или да го пополните следниот формулар - https://docs.google.com/spreadsheet/viewform?hl=en_US&formkey=dGRNZUUzLWVmSTlSSU5CQWhvUjZ3c3c6MQ#gid=0 (доколку не работи линкот, неправете copy - paste на истиот во нов tab). Добитникот на оваа награда ќе биде само оквалификуван како лауреат, и ќе го задржи правото за учество во Советот за следниот месец. Парична награда нема да се добива.

Ново правило 3: Воведени се уште 2 нови награди за кои поопширно ќе може да прочитате подолу!


_______________________________________________________________________________________

II НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ 2011

Испраќајте ми ги вашите предлози за најдобра фотографија објавена во македонска статија во месец ноември 2011 или во PM, или во коментар подолу. Добитникот на наградата добива 15% од сумата на донираните средства во Буџетот.

_______________________________________________________________________________________

III PEOPLES CHOICE

Гласајте за една од предложените 10 статии во коментар подолу, или пополнете го формуларов: https://docs.google.com/spreadsheet/viewform?hl=en_US&formkey=dGRNZUUzLWVmSTlSSU5CQWhvUjZ3c3c6MQ#gid=0 (copy-paste, ако не функционира линкот). Ова е само почесна награда - добитникот ќе биде член на Советот за наредниот месец, но не добива парична награда!

_______________________________________________________________________________________

IV НАЈДОБРА СТРАНСКА СТАТИЈА ОБЈАВЕНА ВО МАКЕДОНСКИОТ МЕДИУМСКИ ПРОСТОР

НОВО!!! Наградата ќе се доделува исто како и претходната - добитникот ќе биде член на Советот за наредниот месец, но не добива парична награда! За наградата ќе одлучува организаторот!

_______________________________________________________________________________________

V НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

НОВО!!! (Идеја на Sreers) Почесна награда за статија која оставила белег во минатото. За наградата ќе одлучува Советот, а поради можноста истата да е доделена на играч кој веќе не игра еРепублик, или е баниран, истата не носи со себе привилегија за учество на авторот во Советот за следниот месец, и авторот не добива парична награда.

_______________________________________________________________________________________

ФОНДОТ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ (до сега) ИЗНЕСУВА 9950 MKD. ИМ БЛАГОДАРАМ ЗА ДОНАЦИИТЕ НА:
- el1temkd - 1000 MKD
- Scorpion MKD - 100 MKD
- Sreers - 1500 MKD
- FlicGod - 200 MKD
- GoofyMKD - 1000 MKD
- Chunihin - 3500 MKD
- Crn Azhder - 850 MKD
- GoodBeer - 300 MKD
- TomiDam - 500 MKD
- xf1r3f0Xx - 1000 MKD

СИТЕ КОИ САКААТ ДА ГО ЗБОГАТАТ ФОНДОТ СО СВОИТЕ ДОНАЦИИ СЕ ИСТО ТАКА ДОБРЕДОЈДЕНИ!!! ДОНИРАЈТЕ ТУКА!

_______________________________________________________________________________________

ЗА НАГРАДАТА ЌЕ ОДЛУЧУВА СОВЕТОТ ВО КОЈ ЧЛЕНУВААТ 30 ЧЛЕНА (донаторите, претходните добитници на наградите за слика и фотографија, Министерот за информирање и неговите помошници (се ова како и до сега) + за да се пополни бројката од 30 члена колку што од сега па натаму ќе има Советот - додадени се имињата на неколку заслужни еМакедонци во минатото и сега). ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ СЕ (по азбучен ред):
-01- Achkoeoeo
-02- AexilKong
-03- Aminta Makedonecot
-04- Chunihin
-05- Crn Azhder
-06- deda_mraz82
-07- drakalbt
-08- Dushko Avramovski
-09- el1temkd
-10- FlicGod
-11- Girl from MACEDONIA
-12- GoofyMKD
-13- Ivan Vancho Makedonski
-14- KepenciMKD
-15- Kirijana
-16- Lance of Longinus
-17- lazarosaMKD
-18- Makedonija Do Indija
-19- Maya_the_Bee
-20- MeDs Leinad
-21- sarmetina
-22- Scorpion MKD
-23- ShadowStalkerr
-24- Sreers
-25- Strumjanin
-26- svetecot
-27- tomibair
-28- United Macedonia (се уште се нема одзвано на поканата)
-29- Voix of Macedonia
-30- Zlatko Kaskarevski

_______________________________________________________________________________________

Поради оправдани причини (за кои не би навлегувал подлабоко), доцни ова издание на еПулицеровата награда, кое одлучив сепак да се одржи заради вас! Најмалку што би сакал е традицијата да се прекине, но би бил принуден на тоа, за жал... Со еден од претседателските кандидати во еМакедонија веќе разговарав да се изнајде некое решение истава награда да ја доделува државата - пак јас ќе бидам организатор, само да се најде некое решение статиите да се објавуваат од еден од весниците на државните организации, и државата да донира дел од средствата во Фондот. Се надевам дека истото ќе биде исполнето без разлика кој од кандидатите за Претседател и да победи. Во спротивно со тешко срце ќе ја оставам оваа награда некаде во историјата :/

_______________________________________________________________________________________

ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЈАСНУВАЊЕ

Должност ми е да појаснам на некои личности некои работи за Пулицеровата награда во RL, затоа што очигледно (по изборот одржан минатиот месец) многумина не го знаат тоа. Пулицеровата награда е американска награда за исклучителни достигнувања во областа на НОВИНАРСТВОТО, ONLINE НОВИНАРСТВОТО , ЛИТЕРАТУРАТА и МУЗИЧКАТА КОМПОЗИЦИЈА. Ја доделува Универзитетот Колумбија од Њу Јорк, секоја година во 21 различна категорија од кои во 20 добитниците добиваат сертификат и парична награда во износ од 10 000 американски долари, додека победникот во 21-та категорија - „ЈАВЕН СЕРВИС“ секогаш добива златен медал, и тој оди за весник како целина, а не за поединец. Категориите за кои се добиваат награди се:
1.Јавен сервис,
2.Breaking News известување,
3.Истражувачко известување,
4.Фељтон,
5.Известување на локално ниво,
6.Известување на национално ниво,
7.Известување на интернационално ниво,
8.Уметничко пишување (Колумна),
9.Коментар,
0.Критика,
11.Уредничко пишување (за уредник на весник),
12.Уредничко цртање (за уредник на серијал цртани, или стрипови објавени во весник)
13.Breaking News фотографија,
14.Уметничка фотографија
[сите овие во секторот за новинарство];
15.Фикција (книжевно-уметничко прозно остварување),
16.Драма (книжевно-уметничко драмско остварување),
17.Историја (книжевно-уметничко прозно или драмско остварување за историјата на Америка),
18.Биографија или автобиографија,
19.Поезија (книжевно-уметничко поетско остварување),
20.Не-фикција (книжевно-уметничко остварување кое не може да биде сместено во ниту една од другите книжевно-уметнички категории)
[сите овие во секторот за книжевност] и
21.Пулицерова награда за музика
[во секторот за музика].
Ниту една од 21-та категорија не е „главна“, или гран-при награда, сите тие се подеднакво важни. За наградите одлучува исклучиво Борд (Совет), кој е (речиси) непроменлив.

_______________________________________________________________________________________

ЗА SHOUT:
ePulitzer Prize #3 (НАЈДОБРА СТАТИЈА ЗА НОЕМВРИ)
http://www.erepublik.com/en/article/epulitzer-prize-1-1918880/1/20