[АрМакедон] 1 година потоп со АрМакедон - Роденденска статија - Happy Birthday

Day 1,458, 15:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski
For foreign readers and subscribers this article is about the 1st birthday of the one of the best eMacedonian millitary units - ArMakedon. 😃 Feel free to join the celabration! o/


Здраво еМакедонци и еМакедонки 😃


На наше големо задоволство Ви соопштуваме дека пред точно една година, на тлото на штотуку испилената на мапа еМакедонија се формираше АрМакедон, една од првите паравоени единици во земјава.
Формирана по концепт на тогаш најмоќната паравоена единица во Новиот Свет, Лазократите , АрМакедон претставува еден од најпрепознатливите симболи на еМакедонија и единица која многумина ја обожаваат, ја подржуваат па и ја мразат. Денес, АрМакедон е составена од добропознати стари/нови активни и посветени играчи, со различен воен потенцијал.
Приказната за АрМакедон почна пред една година. Дел од постарите искусни играчи кои биле дел од туѓи војски и убаво знаеле како работи една воена организација решаваат да формираат нивна единица... Двајца играчи, поучени од претходното, меѓусебно размениле идеи за формирање на сопствена, добро организирана единица во која ќе немат апсолутна моќ неколку луѓе, и истата ќе биде составена од членови од доверба и со различна воена моќ, слично како кај Лазократите. Наскоро, Drashhh_III_Makedonski & Macedonian_Lion формално формираат воена единица независна од државата под името АрМакедон како воено-економска самофинансирачка организација. АрМакедон добива свој Устав, процедури за интерни избори, регрутација и отстранување на членови а во нејзини рамки членуваат едвај десеттина играчи, едни од најискусните македонски играчи во тоа време.
Самата регрутација е нешто специфично по кое АрМакедон се разликува од останатите единици - иако првичната идеа за регрутација на нови членови т.е критериумите се изменија , истата сеуште останува специфична по нејзината затвореност и избор на кандидати врз основа и на други критериуми освен нивната воена моќ. Првите регрутации успешно и доста добро ги вршеше ГокаГрозни пред чие темелно испрашување минаа играчи, а солиден број на играчи му се придружија на АрМакедон и го направија она што е денес. АрМакедон досега спроведе само една јавна регрутација но затоа пак широко ги отвори вратите за над 1100 цивили кои моментално членуваат во нашата воена единица.
Внатрешната организација е сочинета и од други сегменти кои со текот на времето веќе и не се обврска за членовите на АрМакедон или крајно минимално се применуваат.
АрМакедон особено е препознатлив по карактеристиките на своите членови особено Spam Squad-от, по својот единечен аватар, големиот фан клуб на обожаватели, подржувачи и хејтери како и по многубројните теории на заговор и обвинителни акти кои се водат против членовитe. Голем број од АрМакедонците се прилично активни и искусни играчи, некои од нив докажани во политика, некои во економија или новинарство, некои оперираат во сенка, некои не се замараат а некои како да не постојат.

Логото - е најголемата симболика на брендот АрМакедон. Логото кое беше главна одлика на оваа единица претрпи неколку промени со текот на времето и напредокот на единицата, менувањето на условите на игра итн.

Започнавме со прилично обичен (набрзина направен) но овој аватар сеуште е носталгија за голем број на АрМакедонци кои се упорни за негово враќање во живот. На наше изненадување, аватаров направи бум и во тоа време не се знаеше кој е член на АрМакедон а кој не.



5 месеци подоцна го погребавме претходникот и се изврши промена на крилјата и се додаде бела позадина со лента во боите на македонското знаме а елементот со крстот беше исфрлен. Беа направени преку 10 модели и на крај беа изгласани само два, едниот со Кутлешовото сонце, другиот со македонскиот лав. Бидејки овој аватар е во големи мерки копиран, за да се избегнат и отстранат проблеми, направивме неколку верзии за цивилите за да има дистинкција меѓу членовите и останатите играчи.



И сега, по повод една година АрМакедон во еRepublik, ние, АрМакедонците ќе се облечеме малку... побогато 😃 Претходникот нема да биде погребан како првичниот, туку ќе го подариме на нашите подржувачи.
Мотото на нашиот новитет е: “Зошто да се чува или троши “краденото и крваво” злато кога истото може да се искова”. 😃
Се спроведе гласање преку анкета и аватарот издвои победа во многу тесна борба со друг модел. Овде морам да напоменам дека поддржувачите на аватарот кој изгуби започнаа штрајк со глад и спам против раководството на АрМакедон. Пирова победа издвои и персонализираниот концепт и прв пат досега, членовите на АрМакедон, покрај официјалниот, ќе можат да носат и персонализиран аватар.



На крај, би сакале да Ви напомениме дека: и во добро и во лошо, АрМакедон секогаш ќе биде со Вас.
Без разлика на сите притисоци, обвинувања и плукања, АрМакедон е силен и решително чекори напред. Дружељубиви сме и овде и во РЛ па им простуваме и редовно присуствуваме на собиранки и кога сме поканети и кога не 😃

Денес сме радосни и славиме, а наскоро и ќе се опиеме сите заедно.
За цивилите деновиве ќе објавиме статија каде ќе делиме по некое тенкче и леб.

НАСКОРО ќе биде отворен и наш музеј. 😃
Детали понатаму, само ќе ви откриеме дека ќе бидете поканети сите и на влез ќе ве пречекаат прекрасните шест дами на АрМакедон кои ќе ви поделат тегла од квалитетниот АрМакедонски мед. Еве дел од нивната припрема.


После нас, ПОТОП!

p.s. I love Sophie the kangaroo! 😃