Кандидат за инвалид ( CP ) на еМакедонија

Day 1,443, 17:16 Published in North Macedonia North Macedonia by GoodBeer

Добровечер.
Јас сум Станојко од горно Радање. Видел сум ногу мака у живото, ногу овци неистрижени, ногу кози неизмзени. Животна желба ми е да бидам инвалид на едржавава за тоа шо, тркалата на инвалитските колички почнаа да квичат, а имам ја еден б'рчет шо ќе ги подмачка троа појќе, тркалата. И мислам дека тава ( или тенџере ) ногу ќе ви помогне ...

Мојте планои:
Па мојте планои се да не гладуа народо. Значи леб за сите ќе има никој нема да страда и да гладува. Тенкои ќе се делат секој ден по еден! Така да рачионално да се искористат. Со грцине мир ќе потпишеме дека овоа веќе досадно стана. Ќе одеме накај југ дека почна зимата, тегоја декември ќе фаане а државата нема пари за пиперки ајвар да прае. Ич да не се секирате сите имаме понекое ајварче,пинџурце... Те ја расолницата ја опраив денеска.

Мојо тим :
Мојо тим ќе биде задужен за неколку битни работи кој не треба да се забушават и тоа.

-МОФАТА ќе гледа дали сите овци са ни истрижени, а после тоа ќе ја извеземе в'ната на север да се засолнат сојузниците да не ги толкуа маа ветеро.


-МОДО ќе гледа дали сите кози са ни и'змзени, а ако некоја сака да избега ќе ја казнеме 3 дена без рефунд. Банката ја нема да ја имам, ќе ја даам на една строго доверлива особа со верувам у неа и знам дека нема да зима повеќе од толку.


-МЗЕ нема да има за тоа шо математиката слабо НИ оде .

На крај сакам да ги повикам сите да гласат за мен, за тоа шо од коа ќе добиам ќе им даам на сите по 500 мкд, од продадената в'на...