[lazarosaMKD] Феноменот "Калимеро".

Day 1,463, 09:51 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
вторник 22 ноември 2011

Не сум пишал одамна повод за оваа статија се денешниве случувања на воен план со Грција. Ќе се осврнам на 2 работи:

1. Феноменот "Калимеро".
2. Кина и одење на исток.



1. Феноменот "Калимеро".



Кога тепаме најдобри сме ШАМПИОНИ, кога губиме Плато П%#@Р играта наместена на Грците повеќе базуки и чоколади им се паѓа, црни овци сме има завера против нас.
Многу сме емотивни некогаш тоа е добро некогаш не чини.
Денеска е 22-ри утре е последен ден за пријавување на конгресмени изборите се на 25-ти планот на Грците е да имаат слободна територија за да имаат Конгрес и да можат да пуштаат закони за донација и слично. Луѓето си собирале базуки и чоколади се спремале и резултатот го гледаме денеска..
Како инаку толку лесно ги мачкавме со недели наназад.

Треба да сме ладнокрвни и кога губиме и да гледаме што да направиме за пак да победуваме. Ова да го сватиме како партија баскет или фудбал ок денеска тие се подобри, со месеци наназад бевме ние и ПАК ќе бидеме ние!
Ќе им се потрошат базуките од утре-задутре пак ќе ги мачкаме на леб пак ќе ни биде "досадно" ќе пишуваме поезија 😃


2. Кина и одење на исток.



Денешниве случувања покажаа дека без договор за мир со Грција не може да се размислува за одење накај Кина.
И самата Кина не е слаба држава многу често имаат поголема направена штета од нас плус и да имаме некаков договор со Грците пак тие ќе си бидат слободни да маваат за Кинезите.
Сакам да кажам постои голема веројатност на крајот да останеме на оригиналните територии или нешто полошо и тоа е ОК. Ајде да речеме се` во интерес да е интересно, да се раздвижи играва да не е "досадно".
Но што се случува кај нас во "интересни времиња" ?

- прозивки по шаути и весници кај ви е сега зимницата кај ви се базуките

- теорија на завера Плато Гаду против нас си

- некој од икс причини оправдани или неоправдани (макар да оправдана причина нема освен ептен ако е неинформиран на толку шаути) мавнал негде на страна и готово не само тој целата единица негова е крива "да се стрелаат на Плоштад"

- Освен ако Претседателот не е речит, да вади често статии и да знае да ја изменаџира целата ситуација (значи не само на воен план туку и на домашен план - често знаеме да си бидеме поголема препрека внатре отколку државата со која што војуваме) ништо чудно и импич да добие.


Значи на едната страна имаме "досадни времиња" а тоа се 8 ресурси, поезијата на Киријана и Лавчан, ЗАГЛАВЕНИОТ CAPS LOCK НА ZORAN I MAKEDONSKI

на другата страна имаме гореспоменатите работи, коктел од разни емоции

за која варијанта сте??

Искрено јас сум за првата варијанта.....

П.С Во статијава не ја допрев подетално темата околу договор со Грција. Оти сите што се за одење на Кина се свесни дека договор со Грција мора да има.
За деталите и да се договориме, како ќе се договориме што ќе стои покрај Македонскиот Претседател во договорот, Претседател на ФИРОМ? Република Македонија (ФИРОМ)?!?
Или Првата Страна, Втората Страна..
Сепак не е толку лесно и едноставно ајде одиме во Кина.


За извик (кој сака): [lazarosaMKD] Феноменот "Калимеро". http://www.erepublik.com/en/article/-lazarosamkd-1-1909233/1/20