[Petar II Makedonski]Запознајте ја МАКЕДОНИЈА( 8 ) - Кичево

Day 1,487, 13:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Petar II Makedonski

Кичево е град во средишниот дел на Западна Македонија.


1.Историја:
Кичево како населба е првпат споменато под името Ускана во времето на владеењето на Античкиот Македонски владетеле Персеј, градот имал значајна улога во Македонско - Римските војни (170-169 г.п.н.е.). Подоцна во 1018 година градот е споменат под името Кичавис во документите на тогашниот Византиски владетел Василиј II.Во средниот век споменатите територии потпаѓаат под средновековната Српска Држава, што се потврдува со даровницата на Кралот Милутин кој во 1294 го опсипал со подароци манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино. Кичево и Кичевско потпаѓаат под турска власт кон крајот на четиринаесетиот век. По освојувањето, градот бил претворенвоен и а дминистративен центар. Со се' поголемиот прилив на странски капитал кон крајот на деветнаесетиот век, турската империја пројавила интерес за експлатација на рудните богатства во овој регион, особено за бакарот и манганот, а во градот се започнало со градителски и комунален развој. Во подножјето на Кичевското Кале бил подигнат градски часовник, а во центарот на градот била изградена убава чешма и била донесена вода за пиење.Првите никулци на Македонската Револуционерна Организација започнале со револуционерната работа на Ѓаконт Јосиф на манастирот Света Богородица - Пречиста, и на учителите на повеќе Кичевски села.нгличанецот Едминд Спенсер бил капетан и многу патувал, пред се, во разузнавачки цели. Во 1850 година ја посетил и Македонија. Поминал крај Кичево. Интересно е што во неговиот патепис Спенсер наведува дека Кичево е местото каде порано се наоѓал градот „Скиртијана“. Познато е дека во Кичевската котлина се наоѓал древниот град Ускана (Хискана), чија локација сеуште не е точно утврдена. Изворот за овој податок не е наведен, но е доста интересен. Еве што друго пишува Едмунд Спенсер за Кичево во својот патепис:
“Напуштајќи ја прекрасната долина на Дреска, поминавме преку планината на пат за Критчово, древната Скиртијана, која денес претставува мало село што нема повеќе од стотина куќи. Се почувствувавме меланхолично гледајќи го прекрасниот и простран басен во кој беше сместено селото, каде што почвата очигледно беше мошне плодоносна, но малку обработена. Неколку напуштени села беа расфрлани во околината покажувајќи дека оваа област мора некогаш да била место каде што се одвивал некој смртоносен судир, а тоа било неодамна. Критчево е сместено во подножјето на еден планински венец, не многу висок, овде-онде покриен со шума, претставувајќи еден освежителен предел во овие области на Македонија, каде студениот гол камен често е главната карактеристика на пределот; иако овие планини некаде испреплетени со бројни плодни површини, мали долини или клисури, каде што течат водите на Зајас, Карасу, Кандрису и на неколку помали реки се влеваат во реката Вардар, сепак се чини дека земјата е добро прилагодлива за земјоделство; сепак единствените жители кои ги сретнавме на нашиот пат беа неколкумина номади со нивните стада.”
Спенсер го посетил Кичево во еден од најтешките периоди низ кој поминал градот. Имено во годините, непосредно пред да помине тука, Кичево било арена на еден од многуте крвави судири во Османлиската империја, кои се јавиле како последица на ослабнувањето на централната власт во Истанбул, а јакнењето на локалните паши, бегови, кои почнале да се одметнуваат. Во тоа време господар на Кичево бил Абди бег, вееројатно лојален на султанот. Абди бег бил убиен од страна на Хамза паша од Скопје, кој потоа се населил во тврдината на Китино кале, по што почнал страшен терор врз локалното население. Се зборува дека во тврдината го опслужувале дури 400 слуги. Кога Ајредин паша успеал да го порази Хамза паша и да го заземе повторно Кичево, тврдината била запалена и разрушена. Потоа животот почнал да се враќа во нормала. Сево ова се случувало за време на одметнувањето на Али паша – Јанински, во првата половина на 19 век, време кога се случува феудална анархија во Османлиската имерија. Како причина било искористено укинувањето на јаничарскиот ред во 1826 година од страна на султанот Махмуд II, по што голем број на турски феудалци се одметнале и почнале со масовен терор во областите каде владееле. Поради тоа нсаелението се повеќе ги напуштало селата преселувајќи се во градовите. Едмунд Спенсер несомнено бил сведок на периодот после феудалната анархија во Кичево. По направените обиколки и првите контакти со печалбарите по Кичевските села Пере Тошев заедно со Јосиф во 1878 година ја формираат првата вооружена чета на чело со Дуко Тасев, а во чии редови бил и Јордан Пиперката. Тие ќе бидат предводници на познатата Брсјачка буна во 1880 година. Исто така, на 2 Август 1903, започнува востание на чело со Арсо Војвода и Јордан Пиперката, а се држат ослободени територии до 9 Август кога востанието било крваво задушено. Кичево и Кичевско дефинитивно е ослободено од петвековното ропство во 1912 година по завршувањето на првата Балканска Војна. Но дури тогаш страдањата биле уште поголеми особено во Втората балканска Војна кога населението било поделено на две страни па не се знаело на која страна и за чии интереси се гине.Во 1919 година со Версајската Конференција овој регион припаѓа на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците кои водат систематска политика на асимилација на населението. Во невероватно тешки услови, овој регион ја дочекува фашистичката окупација 1941 година, каде поголемиот дел од Македонија ја окупираат Бугарските сили, а Кичевско припаѓа по Италијанска окупација. Но Кичево нема да ги изневери старите револуционерни обичаи и се одзива на повикот на КПМ за револуционерна борба за слобода, а како идеен водач се јавува Кузман Јосифоски Питу. На 15 декември 1941 година била формирана првата партиска организација во село Карбуница. За време на Втората светска војна Кичево бил првиот слободен град и слободна територија заедно со Дебарца во 1942 година. Од градот и околината се исто така произлезени и многу партизани. Со историскиот референдум во 1991 година на 8-ми Септември , Македонија станува независна Држава, со изградба на повеќепартиски систем и пазарно стопанство, а Кичево влегува во системот на транзиција.
(некои делови позаимени од вики)

2.Население:
Според пописот од 2002 година градот Кичево има 30138 жители.

3.Да посетите:

Манастир Света Богородица Пречиста


Тврдина Китино Кале

4.Истакнати личности:
Томе Момировски (4 април 1927)
Калиопи (р. 28 декември 1966)



5.еКичевчани:
Bucii
makedonec21
Buli123
mijakHB
WaxMen
Bobo3209
(Пријавете се)

За Шаут: [Petar II Makedonski]Запознајте ја МАКЕДОНИЈА( 8 ) - Кичево - http://www.erepublik.com/en/article/-petar-ii-makedonski-8--1925742/1/20

ВИДЕТЕ ИСТО ТАКА:
Охрид
Струга
Дебар
Гостивар
Тетово
Скопје
Велес