Ambient on/off

Sign up

 

Continue

Continue By creating an account you agree to the Terms of Service & Privacy Policy
Resend email   |  Can't find the email? confirmation@erepublik.com

Resend the confirmation email to this address

Resend email Can't find the email? confirmation@erepublik.com

[Petar II Makedonski]Запознајте ја МАКЕДОНИЈА(7) - Велес

Day 1,482, 08:19 by Petar II Makedonski
Ииии еве го мојот град

Велес се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар.


1.Историја:
Што најдов една книга ќе се изначитате :)

За време на раниот антички период, територијата на Велес влегувала во составот на пајонската држава, која се претпоставува ја сочинувале голем број градски населби. Хелинистичкиот слој јужно од градот кај локалитетот Кале при влезот во Велешката клисура покрива плато од 3,5 хектари површина оградена со бедем, на кој бил лоциран најголемиот пајонски град Вила Зора (Била Зора). Вила Зора се наоѓала на самиот влез од Дарданија во Македонија (Пајонија) така што Филип V освојувајќи ја во 217 година пред н.е., ја одбранил својата држава од упадот на Дарданците. Вила Зора бил значаен воен центар сè до последните години на македонското владеење. За последен пат се споменува во 168 година пред н.е. Континуитетот на името Вила Зора и Велес тешко може да се одреди, зошто Велес се спомнува дури во 1018 година. Се претпоставува дека во оваа временска празнина моќта на Вила Зора во римското владеење опаднала или пак нејзината локација треба да се бара на друго место. Во пошироката околина на Велес има повеќе траги кои укажуваат на античкиот град Аргос поврзан со територијата на Македонија. Античкиот град Стоби бил пајонски, македонски и римски град. Првиот документиран спомен за Стоби потекнува од 197 год. п.н.е., кога на тоа место македонскиот крал Филип V ја поразил дарданската војска. Во изворите каде што римскиот историчар Ливиус го споменува овој податок, Стоби носи епитет на „стар град”. Урбаниот дел на Стоби се наоѓа опкружен со бедеми на вливот на Еригон во Аксиос, денес познати под името Црна река и Вардар. Градот зафаќал мошне важна трговска и воена позиција. Променливите борби на македонците со северните соседи биле судбоносни за Стоби. Стоби со околината дефинитивно потпаднал под македонска власт во 217 год. п.н.е. за време на владеењето на Филип V. Кога во 168 год. п.н.е. Римјаните го поразиле македонскиот крал Персеј кај Пидна, македонското кралство се распаднало. Македонија била поделена на четири независни административни области под римска контрола, а Стоби станува центар на трговијата со сол на третата област. Во 148 год. п.н.е. Македонија станува римска покраина. Судејќи според спорадичните наоди, Стоби во пред-римско време било мало гратче со површина од 2,5 хектари. Дури од времето на преминот од старата во новата ера во градот настануваат значајни промени. Новиот град бил испланиран и зачнат, на терен што бил осум пати поголем од дотогашната населба кој бил населен најверојатно со голем број нови жители. Привлечени од Римјаните и нивната стопанска и политичка моќ, во Стоби се населувале истовремено и жители од околината и деселеници од хеленистичкиот свет. Интензивното проширување на градот може да се поврзе со подигнувањето на неговиот статус на ранг на муниципиум што Стоби го имал уште од 69 година. Прераснувањето на Стоби во град со самоуправувачки статус го посведочуваат епигравските споменици и ковањето на локалните монети со натпис „Муниципиум Стобенсиум” кои го опфаќаат времето од Веспазијан 69 год. до Елагабал 222 год. н.е. Веднаш по потпаѓањето под турска власт во 1395 година, Велес потпаднал под управата на Румелискиот беглербеглак. До 60-тите години на XIV век областа го носела името велешки вилает, а потоа и Велешка нахија како најниска управно територијална единица. На чело на вилаетот се наоѓал субашијата кој живеел во Велес и заповедал со спахиите кои по правило живееле во селата. Паралелно со ова Велес станал центар на велешката каза или кадилак со што прераснал во многу значајна управно-судска единица. Турскиот патеписец Евлија Челебија го опишал Велес од тоа време. Главен објект тогаш бол мостот на Вардар кого го објаснил како нов, дрвен мост со четири отвори, додека неговиот современик Хаџи-Калфа го опишува како камен мост. Сепак и двајцата биле во право, бидејќи едниот зборува за мостот кај стариот дел од Велес, а другиот за мостот на местото каде Вардар се преминувал со сплав.
Строго централизираното државно уредување на Отоманската Империја ја спречувало прекумерната експлоатација на рајата, но пишаните закони не можеле да ја спречат злоупотребата на позициите на феудалците и великодостојниците. Најупотребувана форма на експлоатација на населението било наметнувањето бројни даноци. Мал бил бројот на привелигирани граѓани кои имале специјални задолженија како соколари (фаќање и одгледување соколи), оризари, коњари итн. Сето ова предизвикувало незадоволство и отпор кај народот кој во почетокот на XVII век почнал да се организира во вооружени групи, со што се појавило ајдутството. Во велешката околина имало идеални услови за негов развој поради густите шуми и бројните патишта преку кои ги вршеле нападите. Појавата на ајдутските дружини предизвикала додатни репресии врз народот, а тоа пак уште поголема причина за бунтови и востанија. Во средината на XIX век Велес бил поделен на 12 маала, а Велешката каза ја сочинувале околу 100 села. Тешката феудална анархија и се поголемиот занаетчиски развој од XVIII век ги дополниле терзискиот, кираџискиот, бавчаванџискиот, калајџискиот, брашнарскиот, лебарскиот, аџискиот, воденичарскиот, папуџискиот, абаџискиот, бојаџискиот, самарџискиот, дулгерскиот, сарачкиот, ситничарскиот и останати занаети. Реформите во турскиот државно-правен, политички, економски, верско-просветен и војнички систем од 1839 година популарно наречени „Гилхански хатишериф” или „Акт на справедливост и благодејанија”, поволно се одразиле врз граѓанството на Велес. Според овој акт се воведувала еднаквост меѓу муслиманското и христијанското население, се зголемувале гаранциите и неприкосновеноста на личноста, честа и имотот, еднаквоста пред судот и законот. Тоа овозможувало отворање на училишта на македонски јазик, изградба и реконструкција на цркви и манастири и слободна трговија и производство. Во 1831 и повторно во 1840 година, Велес го зафатил заразната болест колера (чума), во 1833 година го зафатиле незапамтени студови, во 1835 година замрзнала реката Вардар, а во 1847 година му се случиле големи поплави. И покрај сè, првата половина на XIX век е најзначајна за подемот на Велес. Во ова време отпочнува обновување и изградба на многу цркви и манастири во Велес и велешко. (Ај скратив малку :))


Еве една постара слика од Велес

2.Население:
Последниот попис е направен во 2002 година. Според тоа градот Велес има 43 716 жители.



3.Да посетите:


Градскиот саат


Споменикот на Гњмиџиите




Куќата на Кочо Рацин


Костурница


Езерото Младост


Црквата Свети Пантелејмон


Солунска глава {Велешкиот дел}


Стоби {може да се рече дека и тој припаѓа тука}


Куќата на Васил Главинов


Куќата на Касапови


Водопадите на Бабуна


Којник - Моето маало :) Поздрав до останатите што живеат тука со овие две песни:
Што ми е мило ем драго и Што ми е мило ем драго.

4.Истакнати личности:
Кочо Рацин (1908 - 1943)
Коле Неделковски{16 декември 1912 – 2 септември 1941)
Панко Брашнаров (познат и како Панко Брашнар) (9 август 1883 - 13 јули 1951)
Рајко Жинзифов (роден како Ксенофон Ѕинѕиф) (Велес, 15 февруари 1839 - 15 февруари 1877, Москва)
Васил Главинов (Велес, околу 1869 - Софија, 24 јануари 1929)
Јордан Хаџи Константинов-Џинот
Петре Прличко (1907-1995)
ГЕМИЏИИТЕ - Повеќето од Гемиџиите биле велешани
Да не заборавам да ја поздравам велешката група ГЕМИЏИИ
<3 ЗА БОРЕЦ ЖИВОТ ДАВАМЕ <3
<3 БОРЕЦ ВО СРЦЕ <3
Васил Зафирчев (1980)
Пепи Манасков
Панче Ќумбев (фудбалер е дечкото :))

5.еВелешани:
Јас
Maxep
Puk6a
Ice The Great
Kanopy
MKDHero
Pato96
Ace Veles
Има и други ама ај сами пријавете се :)

За ШАУТ:[Petar II Makedonski]Запознајте ја МАКЕДОНИЈА(7) - Велес - http://www.erepublik.com/en/article/-petar-ii-makedonski-7--1922264/1/20

ВИДЕТЕ ИСТО ТАКА:
Охрид
Струга
Дебар
Гостивар
Тетово
Скопје
 

Comments

Kirijana
Kirijana Day 1,482, 08:24

o/

ICE The Great
ICE The Great Day 1,482, 08:27

Петар 20 којничани не има бре а ти само 3 велешани си ставил!

MKD Foreverrr
MKD Foreverrr Day 1,482, 08:28

o7

Водопадите на Бабуна - Како од филм се и бетер : D Многу јако : D

El Che G
El Che G Day 1,482, 08:37

Браво
респект

jasumtose
jasumtose Day 1,482, 08:44

Чим ги немаш во истакнати личности Зи , Духот , Зора прстот ... ништо

petarMKD123
petarMKD123 Day 1,482, 08:45

Odlicna rabota pravis. Golema podrska.

Bravo

petarMKD123
petarMKD123 Day 1,482, 08:50

Bi bilo dobro ova da go prevedes i na angliski, makar i so Google Transalte

Kanopy
Kanopy Day 1,482, 09:08

HAIL Veles

Kirijana
Kirijana Day 1,482, 09:09

Dodadi go najpoznatiot velesanec Kanopy :D

DevilsBreed
DevilsBreed Day 1,482, 09:30

Стај го Канопи и мене : )

ВЕЛЕС RULEZ ! : )

United Macedonians
United Macedonians Day 1,482, 10:05

o7

Ace Veles
Ace Veles Day 1,482, 13:16

a AceVeles od kade e ?

Macedonian_Lion
Macedonian_Lion Day 1,483, 13:52

УМ е од Велес : D

Eddi Purasevic
Eddi Purasevic Day 1,484, 09:17

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1923162/1/20 Важно!Важно!Важно! ОБАВЕЗНО ПРОЧИТАЈ!!!

Spase_Pekaro
Spase_Pekaro Day 1,487, 11:32

glavniot go nema stramota : )

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,487, 12:31

koj e glaven??

10MACEDON10
10MACEDON10 Day 1,518, 09:54

juni

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.