Ambient on/off

Sign up

 

Continue

Continue By creating an account you agree to the Terms of Service & Privacy Policy

[Petar II Makedonski]Запознајте ја МАКЕДОНИЈА - Охрид

Day 1,460, 08:53 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by Petar II Makedonski
Решив да направам статија за запознавање на сите градови во Македонија со цел да го запознаам народот со убавините на Македонија. Прв град кој ќе ви го претставам е ОХРИД.
Охрид е град во југозападниот дел на Македонија.


1.Историја на Охрид
- Старото име на Охрид е Лихнид. Лихнид се наоѓал на патот Виа Игнација. Лихнид најмногу се споменува кога станува главна воена база на Римјаните, по третата војна со кралот Персеј. Во мај 526 година, во Лихнид имало земјотрес во кој настрадале повеќе десетици илjади лица и цел град се разурнал. Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид. Како учители и епископи се истакнале Климент и Наум Охридски ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри. Царот Самоил за време на неговото владеење во Охрид ја создал така наречената „Самоиловата Тврдина“ која е главен туристички центар во овој град.

Цар Самоил

Самоиловата тврдина
По неговата смрт престолот го наследил син му Гаврило Радомир. Но, за да се одмазди за смртта на татко му, братучедот Јован Владислав го убива Гаврило Радомир и се прогласува за цар. Иако Владислав номинално ја признал власта на Византија, набргу дошло до разидување меѓу двата владетели и војската на Василиј II во 1016 година ја пустоши Пелагонија, ги опседнува Струмица и Перник и освојува неколку тврдини. Во февруари 1018 Joван Владислав бил убиен при опсадата на Драч, а неговата вдовица Марија со децата и соработниците им се предале на Василиј II. Со тоа Државата на Самуил престанала да постои. Но, Василиј дозволил Охрид да остане седиште на Охридската Архиепископија. Во 1202 година Охридскиот краj заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид. Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа рестварираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.


2.Население
Последниот попис за населението во Охрид е направен во 2002 година. Според тоа во Охрид живеат 42 033 жители.

3.Охрид денес (познати туристички места)
- Познати цркви и манастири:
Охрид е познат во светот по тоа што има 365 цркви(за секој ден во годината да отидеш во една).

а)Света Софија
Црквата Света Софија се наоѓа во стариот дел на градот Охрид во југозападниот дел на Република Македонија. Таа е една од најпознатите средновековни цркви во светот.


б)СВ. Јован Канео
Црквата Свети Јован Богослов Канео се наоѓа во Охрид, Република Македонија. Се верува дека оваа црква постои пред 14 век.


в)Пресвета Богородица Перивлептос
Црквата Пресвета Богородица Привлептос се наоѓа во Охрид, Република Македонија. Црквата била изградена пред 1295 година. Фресконатписот во нартексот, покрај други личности, ги споменува Прогон Згур и годината на „подигањето“, односно живописот на црквата, 1295.

г)Св. Климент и Пантелејмон
Црквата Свети Климент и Пантелејмон се наоѓа на локалитетот Плаошник во стариот дел на Охрид. Црквата е изградена и осветена во 2002. година. Црквата Свети Климент и Пантелејмон е така наречена во чест на Свети Климент Охридски кој првобитно го изградил храмот на ова место и на Свети Пантелејмон на кого првобитно била посветена.

-Самоиловата тврдина
Самуиловата тврдина е средновековна тврдина која се наоѓа во Охрид, Македонија. Нејзиното име е добиено по царот Самоил кој ја изградил на добро место за борба со византискиот цар. Тврдината била добро опремена со добро истренирани војници и имала доволно оружје за сите нив. Највисокиот дел д Охрид е опфатен со централните ѕидови кои се високи од 10 до 16 метри како и одбрамбени кули. Еден крај од надворешниот бедем косо се спушта кон запад до брегот на месноста Лабино. Другиот крак тргнувајќи на исток ја преминува надворешната порта „Горна порта" ја зафаќа пониската височинка од Охридскиот рид во месноста Дебој и отука кон југ косо се спушта кон езерото.
Тврдината носи видливи траги на чести поправки. Под делумно урнатиот надворешен слој во внатрешните ѕидови се забележуваат хоризонтални либажни слоеви од тули со византиски формат.Во ѕидовите на горната порта вѕидани се многу камења со грчки натписи кои потекнуваат од античките згради со какви што овој терен е преполнет. Охридската тврдина денес претставува заштитен знак на Охрид а со тоа и на Македонија на неа се впишани многу страници од историјата и културата на македонскиот јазик низ вековите, што претставува непроценлив културен извор за нашата Република.
.

-Охридското езеро
Охридското Езеро
е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија и веројатно од биолошки аспект најзначајниот стагнантен воден екосистем во Европа. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународната астрономска унија решаваат едно од езерата на Урановата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“.


-Охридскиот антички театар
Овој театар е направен од времето на Римјаните. Тука се одржувале крвави гладијаторски борби за забава на императорите.


-Поважни настани:
„Прличеви Беседи“ – Денови на поетот Григор Прличев
„ЕКО Фестивал“
Mеѓународен фестивал од областа на екологијата и културниот туризам
Ден на Охридското Езеро
Балкански Фестивал на народни песни и игри
Охридско Лето – Mеѓународна музичко-сценска манифестација
Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура
Охрид фест – Фестивал на фолк и поп музика
Интернационален охридски пливачки маратон – дел од Светскиот пливачки Куп; Патека “Климе Савин” Св. Наум – Охрид
Мал охридски пливачки маратон; патека Горица – Охрид
Меѓународна едриличарска илинденска регата
Илинденска веслачка регата

- Охридскиот Аеродром
Аеродромот Охрид се наоѓа на 9 км од градот, на магистралниот пат Струга - Кичево - Скопје. Должината на полетно - слетната патека е 2.550 м, а ширината 45 м. Капацитетот на Аеродромот е 300 патници на час. Вкупниот аеродромски комплекс e со површина од 640.850 м, од кои 155.000 м за полетно - слетната патека, спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки.
Старото име на аеродромот

4.Познати личности родени во Охрид
-Григор Прличев (1830 - 1893)
-Кирил Прличев (1875 - 1944)
-Иван Точко (1914 - 1973)

5.еОхриѓани:
-шефицата Blazeska
svetecot
Пчеличката Маја
Ренџери:
krste83;
Dimotdi6;
Strezo7;
MrDrunk;
Zoqulah.
Strasniot
Hogar7
Ingame54
Martin Dimoski Great
risto bombata
simeOss
gnoj01
mkdmac
tancemilos
NiLukJal
Zergoljub
NAJJAKIOT
Georg the macedonian
The Man of Steel
BazeCrnec
DespotMKD
Hephaestion
AceRatkuSh
(Доколку некој сака да го ставам нека ми пише пм)

И тоа е тоа од мојата прва статија. Се надевам дека немате да бидете скржави и ќе ставите воте,суб, а може и еден шаут. Позз еМакедонци и еОхриѓани !!!
 

Comments

TheTrooper69
TheTrooper69 Day 1,460, 09:34

VOTE SUB SHOUT I SITE DRUGI TERTIPI.



ZVER!

Gaol4e
Gaol4e Day 1,460, 09:35

milam to e to.... TOPPPP!!!

TheTrooper69
TheTrooper69 Day 1,460, 09:36

Top i toa VOLNEN!

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,460, 10:11

За Шаут: Запознајте ја МАКЕДОНИЈА - Охрид - http://www.erepublik.com/en/article/-1-1907216/1/20

sime0ss
sime0ss Day 1,460, 10:26

top statija

Major A. Degtyarev
Major A. Degtyarev Day 1,460, 10:27

o7

CelarentE
CelarentE Day 1,460, 10:34

o7

risto bombata
risto bombata Day 1,460, 10:54

o7 i fala za pozdravot se razbira imas sub 395

Faceless Man
Faceless Man Day 1,460, 10:56

o7

Kirijana
Kirijana Day 1,460, 11:06

o7

dejanoh
dejanoh Day 1,460, 11:07

o7

Gjorgievski
Gjorgievski Day 1,460, 11:32

@ Chuck Norris MKD a sto treba sekoj grad vo MKD da stavi naplatni rampi a...Skopje kolku pari ce sobere taka...Ne bidi glup ko tvojot gradonacalnik...

Maya_The_Bee
Maya_The_Bee Day 1,460, 11:33

v

deda_mraz82
deda_mraz82 Day 1,460, 11:37

Fali najpoznata eOhridzanka . Pcelickata Maja

Konsing
Konsing Day 1,460, 11:37

v
lepo
moram da dodjem jednom u Ohrid

PhoenixMK
PhoenixMK Day 1,460, 11:44

о7

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,460, 11:49

ajde maja da ja stavime

Eagean
Eagean Day 1,460, 11:50

@Chuck Norris MKD
Јас мислам дека треба граница да се стаи, и автономија да си бара таа бишката од градоначалник.

Онтопик-Прекрасна статија,дефинитивно гордост на Македонија

Vikaysel
Vikaysel Day 1,460, 12:00

ОООГРОМНА ММ АКЦИЈА!!!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1907215/1/20
- ШАУТ -

Diablo |||
Diablo ||| Day 1,460, 12:07

Se znae, mora da zapocneme so najubaviot grad
o7

Sasko Makedonski
Sasko Makedonski Day 1,460, 12:08

Аман бре тоа што се наплака во Скопје за еден саат паркирање 50 ден тао е супер ама градоначалникот е од нашата партија па не смееме и да помислиме нешто да кажиме зошто се знае

Ingame54
Ingame54 Day 1,460, 12:15

Viva la Ohrid Republic!!!
Viva la Revolucion!!!
Mora da se delime oti vaka niso ne pravime xD

I ne zaboravaj Ohridski Pivo Fest

Ingame54
Ingame54 Day 1,460, 12:16

I ako me stavese i mene, ne ke bese loso : D

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,460, 12:17

@Ingame54 emi aj ke te stavam

Ljupka Trajanovska
Ljupka Trajanovska Day 1,460, 13:30

Site sto sakaat da ja procitaat statijava treba da ti platat po eden gold, po novite zakoni.

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,460, 13:35

eftin sum jas ne zimam po tolku

Zoran I Makedonski Day 1,460, 13:50

Comment deleted

Felllix
Felllix Day 1,460, 13:50

o7

Jurukov
Jurukov Day 1,460, 16:36

o7

sime0ss
sime0ss Day 1,461, 03:23

i mene stavi me

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,461, 03:39

ok simeos

Kirijana
Kirijana Day 1,461, 03:44

se nadevam deka i Krusevo ke se najdi vo tvojot vesnik,mislam deka go zasluzuva toa:))

Strastniot
Strastniot Day 1,461, 03:54

vote, a imas vekje sub

p.s imas edno 5 pati povekje Ohrigjani od tie sto si gi napisal, ama dobro pak, nie tuka sme najpoznatite :D

p.p.s more da bev jas gradonachalnik po 1000 mkd ke im naplakjav vlez na skopjanishchava :P

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,461, 03:56

@Kirijana site ke gi ima
@Strasniot ne gi znam koj ke mi pisat pm gi stavam

El1teBE
El1teBE Day 1,461, 04:15

@Petar II Makedonski - о7, браво за статијата, и браво за ова (цитирам) - „ Како учители и епископи се истакнале Климент и Наум Охридски ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа.“ - а не како што ги лажат децата на школо дека Климент и Наум ја напишале кирилицата и во чест на нивниот учител Кирил ја нарекле кирилица. Образованиево наше треба од корен да се реорганизира... Се од ново...

Hogar7
Hogar7 Day 1,461, 04:19

Кири не лобирај на охридскава статија : P

Знам места за паркирање без пари во Охрид, за 2 злато ќе ви го дам документот : )))))

El1teBE
El1teBE Day 1,461, 04:24

lol @Hogar7 - Kaj Evropa - edno mesto

B a z e
B a z e Day 1,461, 04:34

\o/

gnoj01
gnoj01 Day 1,487, 14:21

me imat vo statija! Jeeeeee
o/

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.