Ambient on/off

Sign up

 

Continue

Continue By creating an account you agree to the Terms of Service & Privacy Policy

[Petar II Makedonski]Запознајте ја МАКЕДОНИЈА(2) - Струга

Day 1,461, 13:11 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by Petar II Makedonski
Вториот град што ќе го запознаваме од МАКЕДОНИЈА е СТРУГА.

Струга е град во југозападниот дел на Република Македонија.


Струга е сместена е во подножјето на планината Јабланица, во Охридско-Струшката котлина, на северниот брег од Охридското Езеро, непосредно на местото каде се излива реката Црн Дрим од Охридското Езеро.


1.ИСТОРИЈА
- Струга е стара населба која потекнува од неолитскиот период. Во антиката, Струга е многу значајна заради тоа што се наоѓала на патот Виа Игнација, кој ги поврзувал источното и западното римско царство. Античкото име на градот е Енхалон што значи јагула, а сегашното име Струга го добива подоцна од страословенскиот зборстрага“ што означува премин.
По масовното навлегување на Јужните Словени, што го преплавиле Балканскиот Полуостров, на некогашната илирска територија, крај бреговите на Охридското зеро, стигнале припадниците на словенското племе Березити (Брсјаци). Тие дошле од исток, преку Битолско и Преспа. Березитите, несомнено, едно од најголемите македонски словенски племиња, се населиле и во Струшко, каде се измешале и со еднокрвните Мијаци, коишто таму навлегле од север. Веројатно тогаш, кон крајот на VI или во почетокот на VII век, Березитите ја основале денешна Струга. Набргу по доаѓањето на бугарските несловенски племиња на Балканскиот Полуостров, нивните ханови се стремеле да ги прошират границите на својата држава за сметка на другите Јужни Словени и на Византија. Ханот Пресијан навлегол во источниот дел на Македонија, најверојано во Брегалничката област и северно и јужно од неа. Кнезот Борис (853-888), којшто ги присилил Бугарите на покрстување, ги истиснал Византијците од територијата на цела Западна Македонија и ја покорил Струга со околината. Тој навлегол длабоко и во Албанија, каде живееле и Словени. Отпрвин Византија воопшто не сакала да ја признае новата положба во овој дел на Балканскиот Полуостров, но подоцна, во 864 година, склучува договор со бугарскиот кнез Борис I и ја признава, де јуре, нетовата власт во новопокорените области, значи и во Македонија. Струга останала под бугарска власт и во времето на бугарскиот цар Симеон Велики (893-927), кој настојувал сосема да ја истисне Византија од Балканот, за да создаде едно отромно јужнословенско царство. По обновата на Византиското царство во 1261 година, Византијците управувале околу 20 години во цела Македонија, без да бидат вознемирувани во тоа од некоја страна. Но, во текот на истиот век, започнува ширењето и зацврстувањето на српската власт кон југ, на територијата на Македонија. Српскиот крал Милутин бил прв што зазел македонски области. Душан Силни (1331-1355) ја вклучил Струга во границите на своето големо царство, со престолнина во Скопје. Тој го именувал за управител на Охрид и Струга севастократорот Бранко Младеновиќ (татко на Вук Бранковиќ). Но, поверојатно е дека практично власта ја држел неговиот син Гргур Бранковиќ. Во тоа време Струга е и натаму познат стопански центар, особено со развиениот риболов. Во една повелба на царот Душан Силни, градот Струга се споменува како рибарско ловиште подарено на храмот "Света Богородица Перивлепти", во Охрид. Од истиот документ се гледа дека тогашната Струга се делела на две градски целини: Вранинска Струга и Мала Струга, најверојатно наречени така според речните ракави на Црн Дрим, при далјанот. Цар Душан им овозможил на прочуените дубровнички трговци да можат да се движат низ неговата држава. Таа положба придонесла да се развие трговијата во позначајните македонски градови. Карваните на дубровничките трговци, натоварени со скапоцена и разновидна стока од западните европски земји, се задржувале главно во Скопје, тогашна престолнина на српската држава, а еден помал дел од трговците го продолжувале својот пат и кон јужниот дел на Македонија. Тие често ги посетувале и Прилеп, Битола и Охрид. Дубровничките трговци, коишто ќе стигнеле до Охрид, наминувале и во Струга за да го продадат она што го носеле, но и за да купат струшки сточарски и земјоделски производи. Душановиот наследник кралот Урош не бил кадарен да го спасе царството од цепкање и слабеење. Одделни српски феудалци се стремеле да станат што е можно посамостојни и да не зависат од централната власт. Тогаш се засилил амбициозниот крал Волкашин (1365-1371). Тој успеал да ја зајакне својата власт во Прилепско, Битолско, Охридско и Струшко. По неговото загинување во битката при реката Марица, во 1371 година, таа територија ја наследил легендарниот јунак од народната поезија на сите Јужни Словени Крале Марко (1371-1395). Иако турски вазал, Крале Марко се грижел да ги заштити Македонските Словени од се почестите турски грабежи во овој дел на Македонија. Струга не останала долго под непосредната власт на Крале Марко, зашто великиот жупан Андреа Гропа (најверојатно по потекло Албанец) се зацврстил во Охридско и во Струшко како самостоен господар. Но и Гропа не можел да направи нешто позначително за заштита на населението во својата управувачка област. Животот станал неснослив. Завладеало чувство на општа несигурност и страв, уште пред воспоставувањето на турската власт во целата област. А во тоа време Турците започнале трајно да ги освојуваат и покоруваат македонските градови. Прочуениот војсководач Тимур Таш бег, организирал поход од Самоков преку Овче Поле кон Југозападна Македонија. Неговите војски ги зазеле градовите Штип, Велес, Прилеп и Битола.

2.СТРУГА (ТУРИСТИЧКИ МЕСТА)

-Црквата СВ. Никола Дримени
СВ. Никола Дримени е малечка црква која се наоѓа на левата страна на реката Црни Дрим во центарот на Струга. Нејзиниот патронен празник е 19 декември кога редовно се изведува црковна богослужба.
[img]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/4b/Sv._Nikola_Drimeni_05.JPG[/img]

-Спомен дом на браќата Миладиновци

Спомен домот на Браќата Миладиновци е подигнат во знак на благодарност на Димитар и Константин Миладинови за се она што направија за македонската национална преродба. Оваа значајна институција се наоѓа во улицата која што го носи нивното име. Во приземјето на домот изложен е алатот на нивниот татко Ристо, кој изработувал грнчарски предмети кои имале широка примена во тогашниот живот. Од тоа време датираат и неколку уметнички изработени глинени лонци кои се поставени на посебно место во домот. На првиот кат изложени се експонати на работата на Браќата Миладиновци и поедини предмети од животот и работата на нивните современици со кои Браќата Миладиновци одржувале плодотворни пријателски врски. Вториот кат целосно е посветен на животниот пат и работата на Браќата Миладиновци каде се прикажани и нивните остварувања.


ХОТЕЛИ:

Хотел Плажа

Хотел Дрим

Хотел Бисер
(Ако најдете слика од друг хотел ПМ)

Поважни настани:
-Струшки вечери на поезијата
-Ревија на народни носии
-Струшка музичка есен
-Kenge Yehoo


Мостови, поетско читање во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата

3.Познати личности:
Димитар Миладинов (Струга, 1810 - Цариград, 1862)
Константин Миладинов (Струга, 1830 – Цариград, 18 јануари 1862
Ристо Крле (Струга, 3 септември 1900 - Скопје, 29 октомври 1975)
Наум Петрески - познат македонски пејач на народни песни
Наумче Мојсовски - македонски ракометар, член на македонската ракометна репрезентација

4.еСтружани:
KepenciMKD
klimco
(пишете ПМ)
 

Comments

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,461, 13:11

Запознајте ја МАКЕДОНИЈА(2) - Струга - http://www.erepublik.com/en/article/-2-1-1908041/1/20

V l a d O
V l a d O Day 1,461, 14:17

"Последен попис за бројот на населението во Струга е направен во 2002 година. Според тој попис во градот Струга живеат 1655 жители."

da me otepas ne znaev deka tolku malku ima : /

BooMeR MKD
BooMeR MKD Day 1,461, 14:28

Според податоците од пописот на население спроведен 2002, во Општина Струга имало 63376 жители.

... од википедија видов...

akconel
akconel Day 1,461, 15:26

Не сме 1600 луѓе бе не сме село. 20 тина ијлади сме.

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,463, 05:14

greska bese toa bez naselenie odime oti ne go znaeme tocniot broj

Zergoljub
Zergoljub Day 1,463, 05:25

Како Струга немат друга
И да имат, шо ке ти е

Nonconformist mkd
Nonconformist mkd Day 1,463, 06:06

o7

V+S

KepenciMKD
KepenciMKD Day 1,463, 12:15

На Струга дуќан да имам

Што ми е мило ем драго
На Струга дуќан да имам,
Оф леле, леле, либе ле,
Срцево ми го, џанам, изгоре.

На Струга дуќан да имам,
На КЕПЕНЦИТЕ да седам,
Оф леле, леле, либе ле,
Срцево ми го, џанам, изгоре.

На КЕПЕНЦИТЕ да седам,
Струшките моми да гледам,
Оф леле, леле, либе ле,
Срцево ми го, џанам, изгоре.

Струшките моми да гледам,
Кога ми одат на вода,
Оф леле, леле, либе ле,
Срцево ми го, џанам, изгоре.

Браво за статијава, поздрав од екс Претседателот на еМакедонија
КепенциМКД Стружанецот \o/

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,463, 12:23

eve koj struzanec ke go stavime

TheTrooper69
TheTrooper69 Day 1,463, 13:02

Smeni go hotelot Plaza od listata i dodaj go hotelot Evro, dodaj go hotelot Beograd isto, avtokampot Livadista i avtokampot AS. Selata Kalishte i Radozda, turistickata naselba Ezerski Lozja i vikend-naselbata Gorna Belica (15 km od struga na 1400 nmv). Napomeni deka Sv. Kliment pocinal vo ohrid, megutoa toj poteknuva(ne sum siguren bas) i predava pogolem del od svojot zivot vo struskiot region. Sry neam mn info vo momentov zosto neam vreme da gi najdam tocnite izvori. Pozz i bravo za statijava. Mwa

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,463, 13:09

@TheTrooper6: abe srcka jas se trudev za nekoj od tie so si gi pisal ama ni slika ima ni podatoci ni nis ;(

Coksi
Coksi Day 1,464, 05:21

Kako struga nema druga ooooooooooooo

TheBrusH
TheBrusH Day 1,464, 06:55

KAKO STRUGA NEMA DRUGA !!!!!
POZDRAV STRUZANI ....

Elena88eli
Elena88eli Day 1,465, 05:24

Преубав град и љубезни луѓе, не дека татко ми е од Струга туку стварно е така о/
Познати личности: Анастасија Петреска, Величе Шумуликоски, Артим Шаќири, Велко Марковски,...

sasimak
sasimak Day 1,466, 09:09

величе ме е од струга

TheTrooper69
TheTrooper69 Day 1,466, 14:13

velice e od lozani, artim od livada etc etc. Tie trenirale vo struga i od tamu izlegoja vo evropa i svetot

SkecX
SkecX Day 1,468, 07:42

што има на еРепублик да ја запознавам СТРУГА ?

Petar II Makedonski
Petar II Makedonski Day 1,468, 10:59

@SkecX dosadata

Ko3a4e
Ko3a4e Day 1,486, 03:50

Мене ме заборај бе?!

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.