>>Зошто наплатуваме ЕКОНОМСКИ ДРЖАВЈАНСТВА а имаме само 3 ресурси?[Smekerot]<<

Day 1,473, 19:28 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Бидејќи темата со државјанствата сеуште е актуелна би сакал во оваа статија да одговорам на прашањето што многу често ми се поставува, а тоа е:
- Зошто да се наплаќа македонско ЕКОНОМСКО ДРЖАВЈАНСТВО на македонци и на странци кога ние имаме само 2-3 ресурса?


Доколку во оваа статија барате одговор на прашањата:
- ДАЛИ треба да се наплатува ЕКОНОМСКО државјанство?
- На КОГО треба да му се наплаќа ЕКОНОМСКО државјанство?
- ДАЛИ има БЕСПЛАТНИ државјанства или СИТЕ се наплаќаат?
- ЗОШТО парите од државјанствата не одат во НБРМ?
- ШТО е тоа БУЏЕТ на Конгресот?
- КОЈ фактор се конгресмените да кажуваат за државјанствата?
- ШТО се тоа ПОЛИТИЧКИ БЕСПЛАТНИ државјанства?

треба да знаете дека тој одговор нема да го најдете во оваа статија но можете да го побарате во мојата претходна статија со наслов „Наплаќање исклучиво на ЕКОНОМСКИ ДРЖАВЈАНСТВА“, додека идејата за плаќање на ЕКОНОМСКИТЕ државјанства можете да ја прочитате во мојата кандидатура за конгресмен со наслов „Мандат за СУШТИНСКИ РЕФОРМИ на Конгресот“, а начинот на плаќање и трошењето на парите од државјанствата во мојата кандидатура за Претседател на Конгресот со наслов „ДЕЛОВНИК за работа на Конгресот“.

Но да се вратиме на нашата денешна тема ....

СИТЕ знаете дека нашите сојузници Србија и Полска имаат 10/10 ресурси и тие ресурси ги држат со месеци додека ние со судни маки доаѓаме до 8/10 ресурси и тие имаме проблем да ги задржиме. Затоа нашите играчи се навикнати да бараат полско или српско државјанство (понекогаш турско во зависност колку ресурси има Турција) за да остваруваат поголем економски бенефит и сега им е чудно зошто некој би барал македонско државјанство кога ние имаме само 2-3 ресурси во моментов па одозгора и да им наплатуваме за тоа државјанство. Одговорот е многу едноставен. ТОА Е ПОРАДИ КУРСОТ НА ЗЛАТОТО. Во Полска и Србија курсот на нивните пари во однос на златото е помалку од 500 нивни пари за 1 злато а кај нас е повеке од 1000 мкд за 1 злато. Во тој случај некој пољак или србин за да изградат земјиште во Србија или Полска ќе им треба 2 голд додека во Македонија тоа ќе го направат за помалку од 1 голд или за да направат еден Saltpeper во Србија или полска ке треба да дадат 15 голд додека во Македонија ќе го направат за помалку од 7 голд. Тоа се ГОЛЕМИ финансисики придобивки за тие играчи. Од моето досегашно искуство како Претседател на Конгресот имам лично разговарано со триесетина странски баратели на македонско државјанство (најчесто срби) и досега ниеден не се побунил за наплатувањето на државјанството туку напротив отккао ке им ги образложам причините не охрабруваат во водењето на таквата политика бидејки на тој начин сите добиваме. Тие добиваат државјанство за 5 минути (ако аплицираат во друга земја постои можност воопшто да не добијат), ние добиваме задоволни сојузници и пари во буџетот на Конгресот кои ќе ги користиме да помогнеме на Македонија. Имаше дури и еден случај да еден од кандидатите за претседател на Србија се откаже од неговаат кандидатура за да аплицира за македонско државјанство кое му беше експресно одобрено за да изгради фирми овде и пак се врати назад во Србија за да се кандидира за претседател. Нашата политика од него и од сите други апликанти е пофалена и поддржана. Доказ за тоа се сите логови кои ги имам (бидејки користам mIRC а тој автоматски ги чува логовите од разговорите и од каналите на кои сум, а јас сум скоро секаде) и доказ за тоа секако се оние кои се скептични во однос на оваа политика на Конгресот и постојано се присутни на каналот за доделување државјанства #Kongres.Drzavjanstva сакајки да се уверат дали постои доследност и истрајност во политиката за државјанства на Конгресот.
Доколку се јават многу „неверни Томи“ јас би можел да побарам од сите апликанти кои добиле државјанство да ми дозволат јавно да ги објавам моите разговори со нив околу државјанствата за да можат граѓаните на Македонија да се уверат дека навистина тоа е така или да ги замолам тие што не веруваат да дојдат на каналот за државјанства и да ги следат разговорите со апликантите.



Во Македонија постои и една друга група на граѓани кои поради некои причини (неинформираност, лични причини, политички причини, карактерни особини, спротивставено мислење, материјални придобивки ...) ги манипулираат граѓаните (оваа појава особено е забележителна од некои од операторите на #eMKD) со изјави дека СИТЕ државјанства се наплаќаат, дека конгресмените се БОТОВИ кои со поткуп станале конгресмени и тие треба да го слушаат Претседателот на државата а не да се организираат у некаков Конгрес, дека со парите од државјанствата не треба да располага Конгресот туку Претседателот на државата, дека со оваа политика се нарушува односот на Македонија со сојузниците, дека конгресот бил држава во држава, дека парите од државјанствата на крајот ќе ги снема и некој ќе ги украде, дека само некои одредени луѓе ТРЕБА, МОЖАТ И ЗНААТ како се води Македонија а ние сите останати доколку сакаме да не биде ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да климаме со главите и да ги слушаме ... Сакам на оваа група да и порачам дека нивниот филм за Македонија го гледавме многу пати и дека дојде време Македонија да води СВОЈА АВТОХТОНА политика кој ќе ги штити интересите најпрво на Македонија и македонските граѓани а потоа и на пријателите.

Изјавите на некои оператори на #eMKD од единицата Армакедон дека ќе влијаат врз некои конгресмени да не ја почитуваат одлуката на Конгресот за наплатување на економски државјанства и тие конгресмени да одобруваат државјанства на своја рака ќе ја сметам како НЕДЕМОКРАТСКО, НЕЛЕГАЛНО, НЕЗАКОНСКО мешање на единицата Армакедон во работата на Конгресот и нивно непочитување на законите кои на легален начин се донесени од Македонскиот Конгрес и на тој начин рушење на и така кревката демократија која Конгресот се обидува да ја создаде. Па тогаш нека суди македонскиот народ на кој му одговара БЕЗРЕДИЕ И БЕЗАКОНИЕ и кој сака да ЛОВИ ВО МАТНО!!!




СЕКОГАШ ТУКА ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА НАШАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА
Ваш
Smekerot


За оние родени од старамајка што сакаат да стават shout

Зошто наплатуваме ЕКОНОМСКИ ДРЖАВЈАНСТВА а имаме само 3 ресурси?[Smekerot]
http://tinyurl.com/cf2k6l4