>>Наплаќање исклучиво на ЕКОНОМСКИ ДРЖАВЈАНСТВА [Kongres]<<

Day 1,469, 04:16 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Знам дека сега Македонија се соочува со голем предизвик дали ќе се одбрани од налетот на грчките андарти но тој сегашен приоритет за Македонија не треба да влијае Конгресот да запре со своите тековни политики.
Како сегашен Претседател на Македонскиот Конгрес (процедурата за избор на Претседател, Потпретседатели и членови на Комисии како и текот на Основачката Седница на Конгресот ќе се објави во Конгресниот Билтен за чие излегување обврска презедоа Don Tas, United Macedonia и Krvnikot) ми се роди една ИНИЦИЈАТИВА која сакам да ја споделам со Вас граѓаните и попрактично и попластично да ви ја објаснам за да се избегне секаков сомнеж за можна злоупотреба на мојата функција за лични цели. Еве за што се работи:

Кампања Инвестирајте во Македонија



Се сеќавам во реалниот живот кога Сојузна Република Југославија (Србија и Црна Гора) му објавија ембарго на Косово. Тоа ембарго придонесе целосниот транспорт на стока за Косово и од Косово да се движи преку Македонија. Тогаш Владата на Македонија ја искористи таа можност и воведе ТАКСА за камиони кои од Македонија влегуваат во Косово од 600 евра по камион. Покасно кога заврши ембаргото парите од ТАКСАТА Царинската Управа на Македонија ги искористи да им купи коли (шкода фелиција) на сите градоначалници во Македонија. Оваа случка од реалниот живот ме инспирира истото од позиција на Претседател на Конгрес да го направам и со еМакедонија. Еве за што се работи:

Сите знаете дека нашите сојузници Србија и Полска веќе подолго време имаат по 10 ресурси и затоа златото кај нив е околу 500 нивни пари а кај нас златото е над 1000 мкд. Оваа ситуација умните играчи од Србија и Полска ја користат за да земат македонско државјанство, купат македонски денари и овде си изградат земјишта или си направат фирми за производство на рав. На тој начин тие заштедуваат многу а воедно и помагаат на Македонската економија со тоа што донасаат нивно злато на нашиот ММ и со изградбата на фирмите уништуваат денари кои кај нас во Македонија ги има во оптек претерано. Поради оваа ситуација во еМакедонија а инспириран од реалниот пример во Македонија дојдов на идеја да се воведе ТАКСА за државјанства за овие таканаречени сојузнички бизнисмени. ТАКСАТА е во износ од 2000мкд за странци по род и 1000мкд за македонци по род и на долго и на широко е објаснета во Правилникот за Државјанства.

Во правилникот е објаснето убаво и начинот на собирање на парите од ТАКСАТА и трошењето на парите преку ТЕНДЕРИ. Начинот на подготвување на ТЕНДЕРИТЕ е објаснет во Правилникот за ТЕНДЕРИ.

Низ следниот пример сакам да Ви објаснам како функционира овој СИСТЕМ.
Пр: Доага дечко од Србија што сака да отвори 10 салтпепери во Македонија. Дечкото го испраќаме на каналот #Kongres.Drzavjanstva. Таму тој пополнува Формулар за Државјанство и во формуларот дава слика од донираните 2000мкд. Бидејки неможе да се донираат парите во организација тие се донираат кај Претседателот на Конгресот во овој случај кај мене smekerot. Резултатите од Формуларот за Државјанство можете во секое време да ги проверите ОВДЕ а истиот документ стои во топик на каналот на Конгресот #eMKD.Kongres кој е 24/7 ОТВОРЕН за граѓаните. Одговорни за контрола на овие пари се Потпртседателите на Конгресот: sime0ss od ZPEM, Vasko Premier od MRDLJS, United Macedonia od OeM, apocalipsemk od eVMRO-DPMNE i Aminta Makedonecot od MO-UP. Овие играчи се должни да внимаваат Јас како Претседател на Конгресот да не ги злоупотребам парите од БУЏЕТОТ на Конгресот. Парите од БУЏЕТОТ можат да се трошат единствено со ОДЛУКА на Конгресот. Откако Конгресот ќе донесе одлука НАПРИМЕР да се купат 1000 тенкови и да се разделат помеѓу граѓаните тогаш започнува процедурата за ТЕНДЕР која е објаснета во Правилникот за Тендери. Ќе се избере најдобрата понуда и од БУЏЕТОТ на Конгресот ќе му се плати на тој што го добил Тендерот. А подоцна преку Комисијата за Донации и Спонзорства а според Правилникот за Донации и Спонзорства кој сеуште е во изработка ќе се поделат овие 1000 тенка на Македонските граѓани.

Сакаме оваа акција на Конгресот за наплаќање на државјанствата да се ПРОМОВИРА преку македонските амбасадори во Полска и Србија со што би им се отвориле очите на многумина српски и полски државјани за поголем економски бенефит доколку добијат македонско државјанство а со тоа и Македонската економија да виде некој ќар а македонските играчи кои и во услови кога Македонија има само 3 територии седат и ја бранат и не го менуваат своето државјанство да добијат некој тенк или храна за возврат на нивниот патриотизам.



НАПОМЕНА: Знам дека има многу дечки што поради било која причина нема да ја прочитаат до крај статијата и нема да ги прочитаат Правилниците на конгресните Комисии па ќе излезат со ТЕЗИ дека македонско државјанство се наплаќа на СИТЕ и дека е срамота да се прави тоа и такви дрн дрн работи. Оваа прилика ја користам уште еднаш да им предочам дека во Правилникот за Државјанства јасно си пишува дека постојат ПОЛИТИЧКИ ДРЖАВЈАНСТВА кои се БЕСПЛАТНИ. Такви државјанства Конгресот одобрува на воени единици или поединци кои бараат државјанство да пукаат за Македонија и да добијат 10% поголем инфлуенс поради законот за НЕ. Конгресот во такви случаи со ОДЛУКА одобрува БЕСПЛАТНИ ПОЛИТИЧКИ ДРЖАВЈАНСТВА. Таквите државјанства немора да бидат само за воени единици и за тенкови, можат да бидат и за македонски бебиња кои поради незнаење или неискуство се родиле во странство, но такви државјанства можат да се даваат и поради безброј други причини. Освен овие категории постои и категорија на ИТНИ државјанства, но тие категории не се предмет на оваа статија.
ПРЕДМЕТ НА ОВАА СТАТИЈА СЕ ЕКОНОМСКИТЕ ДРЖАВЈАНСТВА.
Од денес ниеден когресмен НЕ СМЕЕ да одобрува државјанства на своја рака туку државјанства ќе се одобруваат исклучиво со ОДЛУКА на Конгресот и сите конгресмени се известени преку ingame порака за оваа ОДЛУКА на Конгресот.
На овој начин сакаме да воспоставиме РЕД И ПОРЕДОК во државата и да оствариме ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИТ
.

ПОРАКА ДО СКЕПТИЧНИТЕ ГРАЃАНИ: Доколку сте скептични и мислите дека некој ќе ги злоупотреби парите од БУЏЕТОТ на Конгресот од денес Конгресот ги ОТВАРА ВРАТИТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ и секој граѓанин може да присуствува на каналите на Конгресот #eMKD.Kongres и #Kongres.Drzavjanstva и никој нема право да Ве кикне или банира од таму. Доколку не се согласувате со оваа или било која друга ОДЛУКА на Конгресот повелете на канал и кажете го тоа на еден демократски и цивилизиран начин. Можете да протестирате со спамирање или на некој Ваш креативен демократски начин но никој нема право да ве кикне или банира од канал. Единствено можат да го мутираат каналот ако има недолично зборување или ако оневозможувате непречено одвивање на седниците и работата на Конгресот и Комисиите.



ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА НА ШИРОКО ОТВОРЕНИ ВРАТИ. ВЛЕЗЕТЕ ВО ВАШИОТ ДОМ, ВО ДОМОТ НА СЕКОЈ ГРАЃАНИН НА МАКЕДОНИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ КОНГРЕС

За оние од старамајка што сакаат да стават shout

Наплаќање исклучиво на ЕКОНОМСКИ ДРЖАВЈАНСТВА[Kongres]
http://tinyurl.com/cy5azx2

Со искрена почит
Ваш Smekerot

СЕ за Македонија