>> EDIT: МАНДАТ за суштински РЕФОРМИ на Конгресот [Tigri]<<

Day 1,462, 10:09 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


EDIT: Тигри се кандидати во следниве региони:

Smekerot - East Macedonia - MRDLJS
Trte T - Al Bahah - MRDLJS
NesumToj - Asir - MRDLJS
Igorpmk85 - Thesaly - OeM
Dugalic - Epirus - MO-UP


Дојде денот кога Тигри решија да ја земат судбината во свои раце и на еМакедонскиот народ да му побараат МАНДАТ за РЕФОРМИ на Конгресот со што тој би се ДЕМИСТИФИЦИРАЛ и неговата работа ќе стане по ТРАНСПАРЕНТНА.

Сакам да Ве прашам вас почитувани пријатели за оваа година колку што постои Македонија:

1. Дали сте разбрале дека Конгресот има свој весник?
2. Дали сте слушнале дека Конгресот има свој претседател?
3. Дали сте во можност да наброите барем 3 претседатели на Конгресот од досегашните 12?
4. Дали сте прочитале некоја статија напишана од претседател на Конгресот?
5. Дали сте присуствувале на отворена за граѓаните седница на Конгресот?
6. Дали сте информирани барем за еден Дневен Ред на барем една седница?
7. Дали барем еден конгресмен за кого сте гласале до сега после неговиот мандат Ве информирал со статија за неговите активности во Конгресот?
8. Дали ги знаете сите надлежности на конгресмените?
9. Дали знаете дека постојат комисии во Конгресот и дали сте информирани за нивната работа доколку истите постојат?
10. Дали конгресмените имале заеднички состаноци со Академијата по одредени геостратешки и економски прашања?
11. Дали, дали, дали ....???????????

Ако на СИТЕ или на МНОЗИНСТВОТО од овие 10 прашања за Конгресот Вашиот одговор е категорично НЕ тогаш сте наши ИСТОМИСЛЕНИЦИ на кои им е преку тасета од купување на гласови и Конгрес без суштина и се согласуваме дека навистина е ВРЕМЕ ЗА РЕФОРМИ кои ќе му донесат поголема ТРАНСПАРЕНТНОСТ и поголема политичка улога на Конгресот во општеството.

Ние петтемина истомисленици од единицата Тигри, јас Smekerot, Trte T, NesumToj, Dugalic и Igorpmk85, застанавме зад една политичка агенда која преку оваа статија сакаме да им ја презентираме на политичките партии и доколку се согласуваат со нашите политики да не кандидираат за конгресмени. А од вас почитувани пријатели бараме на изборите за конгресмени да ни дадете доверба за да можеме да ја реализираме следната Програма:

1. За избор на претседател на Конгрес да победи оној кој ќе има најдобра програма и најмногу можности истата да ја реализира.
2. Конгресот да има свој Весник или Билтен преку кој Претседателот на Конгресот ќе има обврска да го објавува Дневниот Ред за секоја седница и заклучоците кои произлегле од секоја точка.
3. Бараме да се формира Комисија за државјанства и да постојат одобрување на 2 типа на државјанства: политичко државјанство и економско државјанство. Политичкото државјанство го одобрува Претседателот на Конгресот во јавна статија додека економското државјанство би чинело 1 голд за македонци по род и 2 голд за немакедонци по род. Голдот од државјанствата би се донирал во Буџетот. Оваа идеја ја образложуваме со фактот дека едни та исти македонци кога Македонија губи региони се преселуваат во други земји за да остваруваат поголем профит, тие ги нарекуваме еГастарбајтери, но кога Македонија добива региони сакаат да се вратат назад. Додека ние сме дишеле на шкрги и сме живееле со 3 ресурси се со цел кога тогаш да ја повратиме Македонската Империја, тие остварувале екстра профити во странство. Поради тоа ќе платат 3 голд во НБРМ ако сакаат македонско државјанство. За странските гастарбајтери таксата ќе биде 2 голд бидејки тие во Македонија бараат државјанство затоа што нивната земја има помалку ресурси од нашата. Комисијата за државјанства ќе има мандат и да одбива државјанства на странски платеници кои ќе сакаат политички или економски да и наштетат на Македонија.
4. Ќе бараме заеднички состанок со Академијата по однос на геополитички односно економски прашања кои се од интерес за Македонија и сојузниците.
5. Ќе бараме да се формира канал на Конгресот кој ќе биде отворен за јавноста но право на збор ќе имаат само конгресмените. Целта на овој канал ќе биде барем двапати во еден мандат да има отворени седници на Конгресот за да видат граѓаните кој конгресмен како дискутира и да створат лично мислење на кого да му ја дадат довербата на следните избори.
6. По завршувањето на мандатот ќе излеземе со ОТЧЕТ за нашето залагање и нашите политички активности во Конгресот.


Почитувани лидери на ТОП 5 политичките партии во Македонија (бидејки само тие можат да кандидираат конгресмени) доколку нашата Програма Ви се допаѓа и ја поддржувате бидете повеќе од сигурни дека петмината Тигри за еден месец се подготвени да направат СЕ за доброто на Македонија и нема да погрешите доколку не кандидирате од Вашата партија.

Освен нашата Програма која е услов за нашата кандидатура постои уште еден услов а тоа е Smekerot да биде кандидат во неговото родно Кочани во Источна Македонија. Други услови немаме.

Оваа Програма ќе биде доставена во ingame порака на сите лидери на ТОП 5 политички партии.

ВРЕМЕ Е ЗА ПОЛИТИКА, ВРЕМЕ Е ЗА ВИСТИНСКА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА

Да живее РЕФОРМИРАНА, ДЕМОКРАТСКА и ТРАНСПАРЕНТНА МАКЕДОНИЈА

Со искрена почит Вашите Тигри
Smekerot, Trte T, NesumToj, Dugalic и Igorpmk85




За сите оние од старамајка што сакаат да стават shout

EDIT: МАНДАТ за суштински РЕФОРМИ на Конгресот [Tigri]
http://tinyurl.com/74dpya4