>>ДЕЛОВНИК за работа на Конгресот[Smekerot]<<

Day 1,467, 11:37 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Целта на оваа статија е да се створи СИСТЕМ за работа на Конгресот со што конгресмените и политичките партии би добиле поголема политичка одоворност во еМакедонија, а тоа би значело еден вид ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА на моќта на претседателот на државата и вклучување на Конгресот во водењето на државната политика. Тоа во реалниот живот се вика КОХАБИТАЦИЈА.
Според мене кохабитацијата во оваа игра е возможна бидејки конгресмените во своите раце имаат алатки кои можат да го спречат функционирањето на Владата именувана од претседателот па и самиот претседател. Тие алатки се: предлагање на закони за НЕ, даноци, донации; давање на државјанства; импичмент. Затоа политиката на Владата и политиката на Конгресот треба да се надополнуваат и да функционираат во КОХАБИТАЦИЈА.
За да се случи сето тоа потребно е по принципот на Владата и министерствата што функционираат во неа да се формираат КОМИСИИ во Конгресот кои тесно ќе соработуваат со министерствата на Владата во водењето и планирањето на државните политики.

Поради сето погоре напишано потребен е ДЕЛОВНИК за работа на Конгресот што ќе го постави СИСТЕМОТ на Конгресот и ќе им даде можност на конгресмените да земат активно учество во политичкиот живот на еМакедонија, а со тоа ќе им даде уште поголема одговорност на претседателите на политичките партии да внимаваат кој ќе кандидираат за конгресмен, а кај граѓаните да се створи свест дека самите ќе бидат криви за нефункционирањето на Македонија доколку го продаваат својот глас на избори.

ПРЕДЛОГ ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА КОНГРЕСОТ

- Раководење со работата на Конгресот-
Седниците на Конгресот ги води Претседател на Конгресот кој се бира со просто мнозинство од присутните конгресмени на ОСНОВАЧКАТА СЕДНИЦА која треба да се одржи најкасно за 24 часа од официјалното именување на конгресмените од страна на Плато. Основачката седница ја води претходниот претседател на Конгресот или конгресменот со најмногу конгресменски медаљи.
На истата седница новоизбраниот претседател на Конгресот си именува најмногу 5 заменици (задолжително по еден од секоја политичка партија во Конгресот). Замениците ќе имаат улога на контрола на трошењето на парите од БУЏЕТОТ на Конгресот.
Претседателот на Конгресот најмалку 12 часа пред почетокот на седницата објавува ДНЕВЕН РЕД (google document) според кој ќе се разговара на Конгресниот канал. Дневниот Ред МОРА да биде ставен во topic на конгресниот канал.

- Комисии на Конгресот -

1. Комисија за КОНГРЕСЕН БИЛТЕН.
Оваа комисија ќе има за цел да ги објавува во јавноста СИТЕ заклучоци донесени на официјални седници на Конгресот. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата. КОНГРЕСНИОТ БИЛТЕН ќе биде издаван од личниот весник на претседателот на Комисијата по строго утврдени правила и стандарди. Правилата и стандардите за пишување и издавање на КОНГРЕСНИОТ БИЛТЕН ќе бидат објаснети во ПРАВИЛНИК за КОНГРЕСЕН БИЛТЕН. Овој Правилник ќе биде донесен на седница на Конгресот, по предлог на Комисијата, со мнозинство на гласови од присутните конгресмени. Менувањето на ПРАВИЛНИКОТ може да се случи по предлог на претседателот на Конгресот поддржан од просто мнозинство на конгресмени присутни на седницата.
Оваа комисија ќе има свој канал #Kongres.Bilten

2. Комисија за ТЕНДЕРИ
Оваа Комисија ќе има за цел да ги објавува во јавноста сите ТЕНДЕРИ донесени на официјални седници на Конгресот. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата. ТЕНДЕРИТЕ ќе бидат издавани од личниот весник на Претседателот на Комисијата по строго утврдени правила и стандарди. Правилата и стандардите за пишување и издавање на ТЕНДЕРИТЕ ќе бидат објаснети во ПРАВИЛНИК за ТЕНДЕРИ. Овој Правилник ќе биде донесен на седница на Конгресот, по предлог на Комисијата, со мнозинство на гласови од присутните конгресмени. Менувањето на ПРАВИЛНИКОТ може да се случи по предлог на претседателот на Конгресот поддржан од просто мнозинство на конгресмени присутни на седницата.
Оваа комисија ќе има свој канал #Kongres.Tenderi

3. Комисија за ДРЖАВЈАНСТВА
Оваа Комисија ќе има за цел да одобрува македонски државјанства. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата.
Комисијата ќе има за цел да ја проверува наплатата за одобрување на државјанства. Правилата и стандардите за одобрување на државјанства ќе бидат објаснети во ПРАВИЛНИК за ОДОБРУВАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВА. Овој Правилник ќе биде донесен на седница на Конгресот, по предлог на Комисијата, со мнозинство на гласови од присутните конгресмени. Менувањето на ПРАВИЛНИКОТ може да се случи по предлог на претседателот на Конгресот поддржан од просто мнозинство на конгресмени присутни на седницата.
Оваа комисија ќе има свој канал #Kongres.Drzavjanstva

4. Комисија за ОДБРАНА
Оваа комисија ќе има за цел да го известува Конгресот за активностите на Генералштабот и МОД тимот. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата.
Членовите на Комисијата ќе присуствуваат на каналот на Генералштабот со право на збор (бидејќи таму ќе го претставуваат ставот на Конгресот) но нема да имаат право на глас во Генералштабот. Членовите на оваа комисија ќе бидат линк на Конгресот со Академијата по однос на воено безбедносните прашања на Македонија.
Оваа Комисија ќе има свој канал #Kongres.Odbrana

5. Комисија за НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
Оваа Комисија ќе има за цел да го известува Конгресот за активностите на Министерот за надворешни работи и неговиот тим како и активноста на македонските претставници во ОНЕ. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата. Членовите на Комисијата ќе присуствуваат на каналот на министерството за надворешни работи каде ќе го претставуваат ставот на Конгресот. На каналот тие ќе имаат право на збор без право на глас. Членовите на оваа Комисија ќе бидат линк на Конгресот со Академијата по однос на прашањата од надворешната политика.
Оваа комисија ќе има свој канал #Kongres.Nadvoresni

6. Комисија за ДОНАЦИИ И СПОНЗОРСТВА
Оваа Комисија ќе има за цел со средства од Буџетот на Конгресот да донира храна и оружје на македонските граѓани. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата. ДОНАЦИИТЕ И СПОНЗОРСТВАТА ќе бидат објавувани во весникот на претседателот на Комисијата. Тие ќе бидат делени според правила утврдени во ПРАВИЛНИКОТ за ДОНАЦИИ И СПОНЗОРСТВА. Овој Правилник ќе биде донесен на седница на Конгресот, по предлог на Комисијата, со мнозинство на гласови од присутните конгресмени. Менувањето на ПРАВИЛНИКОТ може да се случи по предлог на претседателот на Конгресот поддржан од просто мнозинство на конгресмени присутни на седницата.
Оваа Комисија ќе има свој канал #Kongres.Donacii

7. БУЏЕТ
Приходите во БУЏЕТОТ на Конгресот ќе се обезбедуваат од донации на Конгресмените од нивните медаљи, донации од граѓани, продавања на државјанства. Парите од БУЏЕТОТ ќе се наоѓаат на сметката на Претседателот на Конгресот. Буџетот ќе биде контролиран од замениците на Претседателот. За секој влез и излез на пари од БУЏЕТОТ потребно е евиденција во google document. На крајот од мандатот Претседателот и неговите заменици излегуваат со заедничка статија за потрошените средства од БУЏЕТОТ. Средствата од Буџетот се трошат исклучиво со одлука на Конгресот со просто мнозинство на конгресмени присутни на седницата, односно за тендер одобрен од Конгресот.

Доколку некој член на Комисија не присуствува на 3 состанока на Комисијата ќе биде заменет со нов член.
Еден конгресмен може да биде член на повеќе Комисии доколку има време и знаење да се справи со одговорноста.
Конгресот може да одлучи со просто мнозинство од присутните конгресмени на седницата да се формираат и нови и различни Комисии од предложените.




Пред некој ден еден дечко од Армакедон ми изрецитира се што во мојата единица Тигри сме зборувале на канал. Незнам јас какви хакери се Армакедонци и дали и како можат да читаат разговори по други канали но знам дека сите канали кои ги користат и во минатото ги користеле официјални државни институции се формирани од Армакедонци. Поради таа причина одбивам да присуствувам на канали од минатото каде што се собирале конгресмени. За таа цел формирав и нов канал за Конгресот #eMKD.Kongres кој за време на мојот мандат доколку бидам избран за претседател на Конгресот ќе биде официјален канал на Македонските Конгресмени.

Со оваа статија сакам да им се заблагодарам на сите играчи кои гласаа за мене и кои ми овозможија да го добијам првиот конгресменски медал и да помогнам играва да добие на сериозност, а Конгресмените од денес да не се третираат како БОТОВИ туку како дечки и девојки кои поради нивната политичка способност и храброст излегле на избори и добиле доволно гласови за да ги претставуваат македонските граѓани во Конгресот. Приликата ја користам и да се заблагодарам на партијата МРДЉС и нејзината претседателка Mia Coluci што ми даде доверба и ме кандидира за конгресмен.



За оние од старамајка што сакаат да стават shout

ДЕЛОВНИК за работа на Конгресот[Smekerot]
http://tinyurl.com/chn8zgz