ЗАЕДНО МОЖЕМЕ!! ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА!!

Day 1,467, 10:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Dashovski

Воено/Политички план и визија за подобра еМакедонија.

Ќе преминам веднаш на главното за мојата визија како еМакедонија да стигне до висока организираност без меѓусебни кавги омрази и поплаки.

1.Парламент;
2.Синдикат;
3.Избори;
4.Гласање;
5.Координирање и политички функции;
6.Бришење на постоечките партии и создавање на една нова и единствена политичка партија;
7.Економија;
8.Рефунд;
9.ВХ Медал;
10.Воено дејствување.



Парламент : Парламентот би бил сосема спротивен на денешниот конгрес во кој секој од секаде може да се кандидира и да биде изгласан со купени гласови и да си гласа и одобрува државјанство на кој стигне.
Парламентот би го сочинувала воглавно владата и синдикатот.
Сите членови на владата воглавно би биле конгресмени, исто така членовите на синдикатот и малцинство од независни членови (кои тешко може да ги избегнеме со купувањето гласови)
Планот е парламентот да го сочинуваат актуелните конгресмени, но и членови кои не се конгресмени.
Парламентарци/Конгресмени би имала секоја воена единица (бројот на членови ќе зависи од големината на воената единица и бројот на територии кои ги поседуваме) кои ќе бидат претходно гласани и избрани од членовите (или лидерите) на единиците.По избирањето од единицата тие кандидати ќе бидат принесени пред лидерите на партијата кои ќе им дадат дозвола за кандидатура и ќе ги објават на гласачката листа.
На секој кандидат мора гласовите да му ги обезбеди самата единица (без купување гласови, во спротивно го губат конгресменското место за тие избори)
Парламентот ќе одлучува (на средби и дебати) кој закон ќе се гласа, што треба и што не треба да се превземе.
На овој начин сите воени единици и партии добиваат гарантирано место во парламентот а и свој глас во сите важни и неважни одлуки.

Синдикат : Синдикатот ќе го сочинуваат обичните граѓани избрани од координативното тело (на самиот синдикат) и кои ќе бидат независни од сите политички и воени единици.
Синдикатот ќе го сочинуваат граѓани кои се способни да го застапуваат гласот на обичниот народ и синдикатот ќе биде тој кој ќе дава оцена, ќе воочува на грешки и на добро донесени одлуки.
Синдикатот ќе биде тој што ќе прима поплаки и пофалби од обичните граѓани упатени према актуелниот парламент.Оваа организација ќе биде најбитниот фактор во македонскиот план на организираност, ќе биде стебло кое треба да не одржува сите (затоа што гласот на народот е секогаш тој кој е најбитен).Самиот синдикат ќе добие исто така конгресменски места кои воедно ќе дадат и право на глас за одлуките битни за иднината на нашиот народ.

ИЗБОРИ : Мислам дека поголемиот дел од изборите веќе ги објаснив погоре.
Тука ќе воведеме изборна комисија која ќе ги следи сите подржувачи на актуелните кандидати и ќе собира информации за нерегуларности како што е купувањето на гласови.
Во изборите би било добро да се воведе и предизборен и изборен молк, што значи со почеток од 9 часа пред изборите па се до крајот на изборите, ниедна тн организација која дава подршка на актуелните кандидати не смее да шаутира, пишува статии, и брка гласови во тековниот избирачки молк.Истото важи и за анти кампањите.
На изборите подршка треба да добијат само претходно објавените дозволени кандидати за кои ќе одговара изборната комисија и целосно ќе сносат одговорност единиците за секој свој кандидат.



ГЛАСАЊЕ : За гласањето ќе одредиме временски интервал по договор кога да започне (поради можни санкции од изборната комисија за одредени кандидати кои го прекршиле изборниот молк и изборните правила).
Најстрого е забрането било какво материјално обезбедување на гласови (во тоа е вклучено и плаќање на патните трошкови)

КООРДИНИРАЊЕ И ПОЛИТИЧКИ ФУНКЦИИ :
Претседател : би бил задолжен само за комуникација и соработка со алијансата, надворешни преговори, претставување на еМакедонија и емакедонците пред останатите еРепублики и спроведување на дело на одлуките изгласани заедно со парламентот.Претседателот има право да стави вето на одлука донесена од парламентот само со добро образложение и факти.Претседателот има право на глас (кој вреди 2 гласа) за приложените одлуки и закони пред парламентот.
Парламентарец : Секој парламентарец има право на глас за предложените закони и одлуки за иднината на еМакедонија. Секој закон ќе биде изгласан само доколку има 60% подршка од вкупниот број на парламентарци заедно со гласот на претседателот.
Координативно тело на парламентот : Координативното тело нема да има право на глас, нема да има конгресменско место ниту никаков медал.Координативното тело треба да ја прави координацијата помеѓу парламентарците и да организира состаноци во кои парламентот треба да донесува одлуки.КТ треба исто така да се грижи за јавниот ред и мир на тие состаноци.

БРИШЕЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ ПАРТИИ И СОЗДАВАЊЕ НА ЕДНА ЕДИНСТВЕНА :
Ова е само една морална одлука која би придонела за крајно укинување на сите партиски препукувања и кавги .Ако е можно и да избегнеме опозиција би било перфектно а и остварливо прибидејќи сите партии и паравоени/воени единици ќе имаат свои членови во владата/парламентот.Никој не би сакал опозиција која само би обвинувала без факти само колку да добие на популарност и да ја раздори македонската популација.Сите знаеме како функциониравме кога бевме само една партија и колку беше порелаксирано сето тоа без играње камај камај помеѓу веќе постоечките 5+ партии.

ЕКОНОМИЈА : Економијата е големо залче но е исто така работа на парламентот.
Економијата треба да се сведе на реално можниот максимум на ресурси, да се зачува тоа и да се сведе на зголемување на данокот на увезувачите а намалување на данокот на извозувачите.
Со тоа ќе ги заштитиме домашните производи и ќе дозволиме секоја граѓанин од еМакедонија да ја зацврсти својата економска положба а со тоа и да стане појак на воено ниво.

Рефунд : Рефундот според мојата визија треба да биде еднаков према сите воени единици по член активен.
Би сакал оние санкции за казнување на цела единица доколку еден нивни член згрешил-да се укинат и да го оставам тоа на саматаа таа единица (чиј член згрешил) да го казни својот член со неколку дневно не добивање на рефунд (или бркање од единицата) додека останатиот дел од единицата редовно ќе го прима државниот рефунд.
Во рефундот ќе бидат вклучени и медалите од избраните конгресмени.Мојата идеа е тој голд да биде подеднакво поделен на паравоените/воените единици со кои ти би напредувале понатаму, а со подобра војска подобра држава.



ВХ МЕДАЛ : Од ВХ ловци на медали тешко дека ќе се заштитиме, но сепак би можеле да пуштиме пилот проект кој би се соочел на секојдневно активирање на востание во еден од освоените територии со однапред договорен ВХ. Со тоа милионските трошења на зимница (во и вон еМкд битките) би требало да прекинат. Секој македонски граѓанин ќе има само една шанса за добивање ВХ медал со владина помош независно дали тој граѓанин има веќе добиено или нема добиено таков медал (во зависност од бројот на веќе добиени медали ќе биде и приоритетот на листата, најголем приоритет ќе имаат личностите кои сеуште немаад земено медал).

ВОЕНО ДЕЈСТВУВАЊЕ :
Военото дејствување би го сведол на временски интервали.Секоја единица би добила наредба каде и кога да мава во текот на денот, која битка да ја следи и каде да победи.

На момент целиот овој план и моја визија звучат премногу комплицирано и долга постапка.
Верувајте во животот важните работи никогаш не биле едноставни.
За оваа координација да стапи во сила ќе е потребен поголем временски период но и потребна ќе биде голема подршка и соработка од секој македонски граѓанин.
Се надевам доколку не успеам јас, некој понатаму (без разлика дали јас ќе бидам сеуште тука) ќе го примени сето ова, и ние ќе блеснеме како една голема организирана и паметна нација какви што треба и да бидеме, македонци.

ЗАЕДНО ДО ПОУБАВА МАКЕДОНИЈА!!!!




п.с. : Планот не е конечен, во него може некој да согледа многу неправилности или места за дополнување.Очекувам критики и предлози, каде сум згрешил и каде треба да се поправи и да биде поинаку.
Јас само ја дадов основната слика на планот, ваше е да го доправите и помогнете да сето тоа што заеднички ќе го осмислиме да го пренесеме во дела.Ништо од овој план не е конечно и секоја позитивна идеа може да биде вклучена.
На момент може да ви изгледа испревртено, но сватете го ова само како БЕТА верзија која треба понатаму да се надоградува.

п.п.с : бидете ми паметни какви што сте и исклучете ги глупавите коментари научени од глупавиот свет надвор од Македонија во стилот на прв,втор,нема цицки итн итн.
Ова е веќе сериозна работа.Време е!!