Македонци играат за другите држави во erepublik

Day 1,237, 12:23 Published in North Macedonia North Macedonia by CPB Skopje

Во овој број сакам да кажам нешто повеќе за македонците кои играат и помагаат за другите едржави, а најбројни се оние кои играат за еСрбија. За да се зголеми бројот на население во еМакедонија важно е да донесуваме нови играчи, но и нашите Македонци да играат за еМакедонија а не за другите едржави. Разговарав со некои од нив (да не спомнувам имиња) и имав неколку прашања од кое најважното ми беше: Зошто не играте за еМакедонија? На ова прашање најчести одговори беа: поголема е организираноста во еСрбија; имаме поголема подршка од населението таму; повеќе ни помагаат во одредени цели кои се актуелни во играта; се почитуваат сите одлуки што ги донесуваат најпаметните, најискусните и најсилните играчи во државата; плановите на едржавата ги почитуваат сите жители на таа едржава и некои други работи кои нема да ги спомнам.
еМакедонија има голем напредок во намерата за зголемување на населението и така и ќе продолжи. Најважно е повеќе да биде актуелна оваа игра во нашата држава, да ја рекламираме повеќе на нашите пријатели со што ќе се зголеми и бројот на нови млади играчи (ебебиња) и нашите државјани Македонци да играат за нашата еМакедонија, а не за други. Со зголемувањето на населението ќе ни бидат отворени картите за отстварување на нашите планови.

Во овој број ќе ги објавам и најбитните линкови за населението на еМакедонија (ова е за поновите играчи, старите веќе ги знаат)

официјален форум на еМакедонија
Министерство за Образование - нивниот весник
Министерство за Здравство- нивниот весник
Црвен Крст на еМакедонија- нивниот весник
Министерство за Информирање - нивниот весник
Народна банка на Македонија - нивниот весник
Министерство за Економија - нивниот весник
Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник


Ваш, CPB Skopje