Црвен Крст на Македонија

Day 1,079, 09:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonia Red Cross

Македонски Црвен Крст е државна организација која има за цел да им помага околу здравјето (health-от) на тие што имаат потреба од тоа. Првенствено тоа се поновите играчи, но помош може да побара и било кој друг еМакедонец што нема доволно средства за да си го подигне здравјето.



Како функционира Црвен Крст ?
Средствата во Црвен Крст доаѓаат исклучиво преку донации, па затоа бидете хумани еМакедонци и донирајте колку сакате толку. На тој начин директно помагате на тие што навистина им е потребна помош, така што со тие средства им се купува и праќа храна.

Како да побарате помош ?
За да добиете помош од Црвен Крст, треба да испратете порака до нас. Ние ќе ја разгледаме вашата ситуација, ќе ви одговориме и ќе ви испратиме храна за да повратите поголем дел од изгубеното здравје.

Совет до поновите играчи во врска со војувањето и лечењето.
Со борењето многу повеќе си правите штета (трошок) одколку што добивате нешто. Бидејќи лечењето потоа ви излегува прескапо, а и плус тоа не нанесувате некаква посериозна штета во битките. Па затоа ако не сте знаеле и сте се бореле, пишете ни порака па ние ќе ви помогнеме. Но ако и покрај нашите совети и помош продолжите да се борите, лечењето ќе биде на ваш трошок. Затоа не се борете се додека не можете самостојно да си го одржувате здравјето (од вашата плата).



Црвен Крст на Македонија,
Cyril of Macedon


Други државни институции:
Народна Банка на Македонија (нивниот весник)
Министерство за Здравство (нивниот весник)
Министерство за Образование (нивниот весник)
Министерство за Информирање (нивниот весник)
Министерство за Одбрана (нивниот весник)
Министерство за Економија (нивниот весник)