Неделава што измина...

Day 795, 05:39 Published in Russia Russia by Toneh

Како што се ближи крајот на оваа недела, The Week That Was (TWTW - Неделава што измина) е тука за една мала ретроспектива на случките кои ја карактеризираа минатава недела. Да започнеме.

Азија
Кина се обидува да го врати Jillin
Кина се обиде трипати да си го врати регионот Jillin од Русите, и ептен се приближија до нивната цел, со еРоманска помош, но сепак им пропаднаа RW борбите. Без никаква поддршка од EDEN, тешко дека еКина ќе може да си го поврати овој регион, кој хипотетички би ѝ дал на Sol членката гранична линија со Унгарскиот регион Heilongjiang. Доколку се случи вакво нешто, Унгарија би можела лесно да ја блокира еКина со панад, по што Русија би возвратила на нападот од нивната земја, или од било кој регион од Северна Кореја, кои се под нивна окупација. Во таква ситуација, интервенција од надвор најверојатно ќе биде потребна. Korean regions.


Импичмент на Претседателите на Русија и Јужна Кореја
Русија изгласа импичмент за нивниот претседател, kotekzot, на Ден 792. Dmissele, Конгресменот кој го предложи ова, спомна дека kotekzot претходно аплицирал за Пакистанско државјанство. Русија е преплавена со т.н. партизани, и останува да се види дали ќе може било кој изгласан Претседател да го заврши својот мандат.
Импичментот на Јужно-Корејскиот претседател, кој се случи на Ден 788, се совпадна со одлуката на Теократите да ја напуштат земјата и да се преселат во Шпанија. Изборите во Јужна Кореја ќе бидат интересни за надгледување, за да се види каква влада ќе произлезе од такви избори.

Индонезија напаѓа, Тајван се повлекува

Каква врска има листата на војни на Аргентина со ова?

Рано во денот 793, Индонезија го нападна регионот Јужен Тајланд и брзо се повлече од нападот - чуден маневар, кој скоро и не го забележаа луѓето и медиумите. Најлогично објаснување за овој потег е дека можеби Индонезија пробала да тргне накај Индија, но поради некоја причина, се предомислиле. Како и да е, гледајќи ги заедничките ДВЗ (Договори за Взаемна Заштита, т.н. MPP) договори со Тајланд откриваат друг мотив. Поради тоа што Тајланд има два ДВЗ, еден од кој е со Аргентина. Поради ова, Индонезија е во војна со Аргентина, заблагодарувајќи се на потпишаниот ДВЗ со Тајланд - нешто што им одговара на Индонезијците, поради тоа што Аргентина е во војна со Перу, и можат да разменат региони дур не стигне Индонезија до границата со Перу (сега има смисла сликата, нели? 😃). Владата на Перу, која е пријателски настроена према EDEN, има само неколку ДВЗ (иако, дури се пишува оваа статија, има неколку кои се сеуште на листата за одобрување), што значи дека брз удар од страна на Индонезија би можел да им донесе нов регион со high iron. Погледнете го делот "Јужна Хемисфера" од оваа статија за повеќе информации.

Србија се движи преку Земјениот мост, ги победува RW војните
Српскиот Претседател, RavenSerbia, го заработи најлесниот Battle Hero (BH) медал во неговата еРепублик кариера, преку напаѓање и освојување на Sindh. По размената на регионот Sindh, Србија за брзо време одобри изградба на Q5 болница таму, што навестува дека србите планираат да поседат таму подолго време (моментално тој регион е населен со преку 1200 граѓани, што го потврдува горенапишаното). Имам напишано неколку статии во кои напоменував дека ако Србија тргне накај Sindh, тоа би претставувало потенцијален напад врз Karnataka, регион кој е под окупација на САД. Но, ќе мораме да почекаме за да видиме, бидејќи очигледно Србија не се брза.

Србија сега може да ја види Karnataka од Sindh, но мора да помине низ неколку Индиски региони првин

Во текот на оваа недела, елитата на EDEN се обиде да ослободи три региони кои се окупирани од Србија, долж мостот. Имено, се работи за Balochistan, Sistan-Baluchistan, и Sindh. Ниеден од тие обиди не беше посериозно оспорен од Отпорот, но изгледа дека Србија нема да дозволи EDEN да ги ослободи деловите од Земјениот мост кои би можеле да резултираат со тоа да Србија биде потенцијална мета на некој од high iron регионите на Индија и Кина.


Мала Азија

Турција претрпува масовно банирање и Интернет несреќа
еРепублик беше цел на DDoS напади пред неколку дена, и админите успеаа да ги изолираат напаѓачките IP адреси во Турција; но, поради тоа што не можеа да ги пронајдат точните IP адреси кои го предизвикале нападот, админите го банираа целиот интернет провајдер, кој снабдува со интернет поголем дел од турското население. Ова, во комбинација со перманентно банираните BattalGazi, старешина на Phoenix, и неколку позначајни турски граѓани (вклучувајќи го и Претседателот, Ertugrul Han), по што Турција беше исклучително ограничена во најголемиот дел од изминатава недела. По некое чудо, Турција не успеа да интервенира навремено за да го тргне банираниот Претседател од неговата функција на Ден 793, што значи дека ќе остане без лидер уште една недела. Грција заслужува награда поради тоа што не си ја искористи предноста која ја имаше, по напоменатите случки кои им се случија на нивните противници - Турција.

Грција му ги враќа регионите на Израел

Поради малата пауза од конфликтот со Турција, Грција почна да му ги враќа регионите на Израел. Сепак, Грција сеуште го држи Haifa District регионот под нивна контрола, преку што го штити Израел од потенцијални напади од Турција.

Јужната Хемисфера
EDEN и Австралија започнуваат RW борби во Јужна Африка
Бразил и Јужна Африка немале сјајен однос, поготово по окупацијата на неколку региони на Јужна Африка, од страна на Бразил, и хакирањето на сметката на поранешниот Претседател Ines Schumacher, заедно со форумот на Јужна Африка, случки за кои се номинално одговорни хакери поврзани со Бразил. Пред неколку дена, ваквите инциденти се појавија пак. Поранешниот граѓанин на САД и моментален Командир на австралиската армија, Cerb, започна RW во Gauteng, на ден 788, потег преку кој очигледно сакаа да им вратат на Бразил поради тоа што првин ја предадоа, па нападнаа и окупираа неколку делови од Австралија. Иако Јужно-Африканскиот Претседател, Mark Morcom, јавно призна дека добро би било да си го повратат high diamond регионот, и истотака јасно напомена дека Јужна Африка не поддржува никакви RW борби, освен ако не се наменети за да им се одмаздат на Бразил.

Иако тој и Ј. Африка го сакаат Gauteng назад, треба да се напомене дека Ј. Африка помогна во RW борбите само поради надворешното влијание. Сепак, или Cerb или Австралија го направија овој маневар без претходно да ја известат Ј. Африка, или пак немаше доволно луѓе заинтересирани за да се преселат во Бразил и дa се борат, но RW борбите пропаднаа по релативно тесна борба, со оглед на важноста на регионот.
Дополнителни EDEN елити учествуваа во пропаднатата RW борба против Индонезија во Western Cape, и лидерот на Австралија започна неуспешна RW борба во Llanos, регион кој е под окупација на Бразил.

Локацијата на Ј. Африка ги поврзува Јужна Америка и Азија, факт кој ги заинтересира Индонезија (виолетова боја) и Бразил (жолта боја).

Како одговор на RW борбата во Gauten, Бразил изгласа прекинување на економските врски со Ј. Африка, потег кој предложува дека односите во Јужната Хемисфера ќе оладат, и дека можно е да има тензии. Ј. Африканскиот Претседател Morcom потврди дека ситуацијата во Јужната Хемисфера може да се загрее, по што тврдеше дека инвазија е неизбежна, и побара ДВЗ со САД. Таа инвазија дојде...

Индонезија ја напаѓа Јужна Африка
Рано во Ден 794, уште пред да се објави оваа статија, предвидувањанта на Mark Morcom се покажаа како точни, чим Индонезија истовремено ги нападна јужно-африканските региони Free State и Eastern Cape. Овие напади врз Ј. Африка дојдоа пред да се потпише ДВЗ, и пред да се постави некаква-си одбрана, во обид да се заштити од силната Phoenix членка. И двете борби, дури се пишува оваа статија, се безбедни, но недостигот на ДВЗ на Ј. Африка и импресивното тенкирање од страна на Индонезија можат да го сменат текот на оваа борба.


Европа


Западна Европа, каква што ја знаеме, на Ден 794.
EDEN го напаѓа Обединетото Кралство, ја става Белгија на мапата

Во крајот на последната недела Полска изврши инвазија врз Обединетото Кралство (О.К.), потег кои многумина го сметаа како почеток на страшни борби меѓу EDEN и Phoenix; дури и по првата борба, повеќето очекуваа дека ова ќе биде нешто повеќе од "лажна војна". Сепак, грешевме, чим нападите на Шведска и Полска беа лесно елиминирани, и се чини во овој момент дека тој потег е само иницијативен блок.
О.К. си ја искористи неспособноста на EDEN, и го нападна данскиот регион Midtjylland кој е под шведска окупација. Во меѓувреме, сè повеќе и повеќе луѓе се прашуваат кога остатокот од EDEN, поготово САД, ќе се вклучи во борбата против Обединетото Кралство.
Силите на EDEN ја вратија Белгија на мапата, преку победа во RW битката за Брисел, кој е опколен со шпански-окупирани и полско-окупирани региони, и ќе можат да ги оддржат изборите кои се ближат, т.е. на 25ти; EDEN по ова им го вратија регионот Flanders на Белгија. Оваа земја е типично Phoenix-настроена, но следниве избори ќе ја одлучат композицијата на нивниот Конгрес.

Франција остана со еден регион

Во жестока борба, EDEN успеаа да ја поразат Франција, заедно со членови од војската на Phoenix во регионот Franche-comte, по што Франција остана само со регионот Corsica. Географијата на еРепублик ја спречува Шпанија да ја нападне Франција, што значи дека или Полска ќе мора да ја нападне Corsica, или Франција ќе остане со тој регион, освен не ги ослободи другите региони.

RW борби ширум Шпанија и Полска
Воглавно, повеќето војни што се случуваа ширум Европа беа неколку RW борби по регионите кои се под окупација на Шпанија и Полска. Повеќето од овие борби беа лесно одбиени од двете држави, респективно, сè до Ден 793, кога Полска беше “нападната” во 13 региони, истовремено, што покажа дека Phoenix е доста координиран. Силите на отпорот успеаа да освојат 2 региони (Bavaria и Saarland), што ќе ѝ даде шанса на Германија да оддржи избори на 25ти, но се очекува Полска да возврати на нападот, и останува да се види дали Германија ќе издржи до 25ти или не. Доколку успеат, тогаш оваа мала Phoenix земја ќе може да ги контролира апликациите за државјанство рачно, кои спротивно би биле одобрени автоматски – факт што им одговара на EDEN.


Малата Чешка Република можеби ќе проба да се прошири

Австрија под закана
Две работи претежно се случуваат за време недостаток на воени активности: земјите дебатираат за внатрешни работи (чита: секакви статии за градење болници), или размислуваат за инвазија на земји со кои никогаш немале проблеми. Република Чешка планира мирно спојување со соседната Словачка, и оттаму да ја нападнат историски-неутралната Австрија, со помош од Полска. Alfred Ball, Претседателот на Австрија одговори, во надеж дека неутралноста на Австрија ќе биде почитувана, и напомена дека Австрија нема да прими добро евентуалните напади. Овој весник се прашува штп ќе се случи со EDEN доколку Чешка ја нападне Австрија со помош на Полска, и доколку остатокот од EDEN се противи? Дали е можно да EDEN го снајде истата судбина на ATLANTIS, кога тензиите меѓу сојузниците стигнаа до критична точка? Мојот инстинктивен одговор е ‘не’, од проста причина што вмешаните земји се мали и не му се од голема важност на EDEN сојузот, но ќе мораме да почекаме за да видиме што ќе се случи.

Србија ја држи Романија на нозе

Србија ја спречи Романија да ја нападне одново-изградената бугарска нација, преку RW борби во Ruse, и истотака преку напади врз Софија. Ниеден од овие напади не успеа, но Србија успеа да ја држи Романија зафатена, која само можеше да ѝ помогне на Кина и други EDEN сојузници, поради тоа што беле блокирана.

Многу цели ќе се појават пред нишанот следната недела

Сума сумарум
Ова е втората недела по ред која е окарактеризирана со помала активност, но скорешните случувања покажуваат сигнали на потенцијални конфликти во следните недели и месеци. Сè додека фокусот на Phoenix и EDEN е на Европа, сцената нема многу да се смени, освен ако Германија и Франција не спојат неколку победи во ред, или ако EDEN ја нападне целосно Англија, т.е. Обединетото Кралство. Ќе биде интересно да се следи дали Србија и Индонезија ќе пробаат да освојат high iron региони во Јужна Америка, или дали Република Чешка ќе започне борба со нејзините соседи додека имаат поддршка од суперсилата наречена Полска.


Напишано од Lieutenant Scheisskopf