[ МНФ ] MakedonecMKD - кандидат за Претседател на еМакедонија

Day 1,199, 16:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани,
МНФ одлучи на овие избори да кандидира свој кандидат за Претседател на еМакедонија.
Уочивме дека е сосема одговорно, како втора по големина партија, да понудиме наши визии, наши кандидати и наши проекти за подобрување на состојбата во еМакедонија.

МНФ е одговорна партија. Затоа МНФ одлучи да го кандидира најискусниот помеѓу нас:
MakedonecMKD http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/2012641


Ова е неговата предизборна презентација: http://www.erepublik.com/en/article/-1-1699270/1/20

Благодарни сме на ВМРО-ВЕП што отворено и јасно застана во подршка на нашиот кандидат.


Што е она за што треба да се даде подршка на MakedonecMK😨

1. Искусен и стар играч уште од времињата кога не постоеше еМакедонија
2. Искусен во политиката, поранешен претседател на македонската партија во Русија
3. Искуство во Конгресот
4. Се залага за забрзан развој на еМакедонија, 20% пораст на населението, 30% пораст на економијата
5. Се залага за плурализам и демократија
6. Го подржуваат две политички партии
7. Се залага за строга селекција на кандидати за министри
8. Ветува силна реформа на АРМ


Ние сме свесни дека влегуваме во битка со силни противници.
Но, во исто време сме сигурни дека нашите граѓани ќе знаат да кажат стоп на едноумието. Ќе знаат да кажат стоп на сомнителните трансакции во претходните неколку мандати.
Ние знаеме дека граѓаните ќе знаат да ги казнат оние кои никогаш не дадоа извештај (ниту финансиски) за своите мандати.
Ние знаеме дека граѓаните ќе знаат да кажат крај на оние чии министри за финансии се банирани заради сомнителни трансакции.
Ние знаеме дека граѓаните ќе знаат да кажат стоп на оние кои подржуваат само една паравоена единица, на сметка на сите други и на сметка на АРМ.

Затоа,
во сабота гласајте за MakedonecMKD. Гласајте за нови вредности во еМакедонија.