[ МакедонецМКД ] Кандидат за претседател на Р. Македонија

Day 1,199, 07:57 Published in North Macedonia North Macedonia by MakedonecMKD





Erepublik Market



Претплатете се:
pROTOGY's News



МакедонецМКД - кандидатура за претседател на Македонија








Кратка еБиографија

Еве и јас решив да се кандидирам за претседател на Македонија на изборите кои ќе со одржат на 5-ти март. Прво, за тие кои не ме познаваат да напишам кратка еБиографија за себе. Значи роден сум на 9 октомври 2009 година во областа Егејска Македонија (Грција) бидејки од таму потекнувам, т.е. пра баба ми била од Лерин. Но, кога сватив дека и овде во играта Грците ни се непријатели и се во непријателската алијанса, отидов во Феникс држава. Пред тоа да го направам, добив порака со предупредување дека не треба повеќе да останам во Грција Затоа, бидејки од Грција неможеше да се префрлиш директно во Феникс држава бидејки тие беа меѓусебно во војна, отидов преку неутрална држава – Данска. Од Данска одма отидов во Русија каде го поминав половина од мојот еЖивот чекајки ја еМакедонија. Таму се наоѓаше и нашата најголема партија – Македонија Вечна (Macedonia Timeless) во која бев член но истотака и нејзин претседател за 3 мандати. Во време на мојот мандат кој траеше 3 месеци успеавме од нашата партија да пратиме 3 конгресмена во рускиот конгрес. Потоа се префрлив во Србија и таму живеев 3 месеци. Имаше обиди од моја страна во Србија да го добијам конгресменскиот медал за во српскиот конгрес, бев и поддржан од партија, но бидејки имаше многу гласачи кои гласаа за српските кандидати, јас не успеав да влезам во конгресот. Потоа од таму добивме понуда од Крале Марко да го завземеме конгресот на Јужна Кореја и се повикуваа луѓе кои би сакале да го завземат нивниот конгрес, и потоа здравје боже да ја земеме првата Претседателска Фотеља. За конгресот да, успеавме, но за Претседателската Фотеља не успеавме бидејки кандидатот за Претседател кој беше Кореец, успеа да ја сврти приказната со тоа што не нападна и рече дека сме работеле против државата, па затоа дури и со помош на мулти акаунти успеа да стане претседател. Потоа од администраторите на еРепублик добивме сите известување дека ќе има нови држави. Меѓу нив беше и нашата Македонија, но со името ПЈРМ. Сите Македонци едногласно се согласивме да не одиме во таа држава, која тие ја викаа наша татковина, пишувавме многу петиции да го сменат тоа име во Република Македонија. Во тоа и успеавме но не сосема бидејки за да ги задоволат двете страни не додадоа како Република Македонија (ПЈРМ). Тогаш не преименуваа, сите си се преселивме во Нашата најмила и останатото го знаете . Истотака имаше доста патешествија во Белгија, во Чешка во кои добивме дел од конгресот, можевме и претседатели да добиеме... Лично за Македонската еИсторија ќе се погрижам да е напишана како што беше бидејки овде сите знаеме како што било и што побргу ја објавиме толку поверодостојна е.



Целта за овие претседателски избори ми е:
-Покачување на население за 20%
-Покачување на БДП за 30%
-Задржување на оригиналните Македонски региони – Западна Мк, Источна Мк и Повардарие.




Сега да се префрлам на кандидатурата и од колку делови се состои таа. На мене моментално ми е главен приоритет зголемувањето на населението. Објаснување: имаме доста играчи кои се регистрираа на еРепублик благодарение на најискусните Македонци но и на сарментина, кој успеа да направи реклама за Македонија на вестите и за тоа како сакаме да ја освоиме Гејлада. Моментално имаме 14.000 граѓани. Знам дека од 2000-3000 граѓани имаат 0 искуствени поени, затоа се согласувам дека треба овие денови со разни спамирања на социјалните мрежи, колку може во ВЖ (вистинскиот живот) да собереме што повеќе Македонци за да одбраниме Македонија.

Покренав проект кој е сеуште во изработка, лично јас со Makedonija Do Indija го изработуваме и веруваме дека ќе биде прифатен од сите вас. Како што знаеме, имаме повеќе од 2000 Македонци со 20-40 сила и се на пат да ја напуштат играта бидејки се исфрустрирани со тоа како работите се одвиваат. Всушност, економската криза неможе да биде спречена бидејки е настаната од промената на економскиот модул од страна на администраторите на еРепублика. Предлогот е да се оформи нова државна фирма која ќе помага на сите жители на Македонија кои имаат од 20 до 40 сила. Ќе одиме на принцип да тие работат во државната фирма за минималец, а за возврат да работат за минималец најмалку 1 недела. Така сите се задоволни. Со тоа придонесувате за побрз развој на економијата на Македонија.



Секој еден граѓанин на Македонија е важен и како таков јас лично ќе се погрижам сите работи кои не му се јасни во врска со играта да му станат јасни, во сите полиња. За да ги задржиме луѓето да ја играат еРепублик треба да имаме туторијали. Претходно ги имавме многу малку и тие сакаа некој лично да им објасни. На националниот чет владееше хаос, некои се регистрирале чисто ради реда, други се навредуваа на национална основа, религиска итн. Тоа се среди за 1 недела и тие кои останаа да играат беа тие кои се грижеа за доброто на еМакедонија. Затоа моја цел е да ги задржиме но и да добиеме нови играчи кои ќе се борат за да ја одбранат еМакедонија.



Во врска со економската ситуација, знам дека во Македонија не е сјајна, но секој нов почеток е тежок. Тоа е случај и со Македонија, бидејки сме нова држава, ќе ни треба повеќе време да ја стабилизираме нашата економија. Затоа во прв план ќе ми биде да направиме уште неколку фирми од Владините организации. Во Македонија поточно во Западна Македонија имеме Овошја (Fruits), во Повардарие имаме Алуминиум (Aluminum) и во Источна Македонија имаме Говеда (Cattle). Овие се значајни продукти кои се нови за нас, но ветувам дека и со тоа ќе се справиме. Истотака во врска со задржување на постоечките региони, ни требаат Македонци со силни воени чинови бидејки без нив нашата војска би била многу послаба. Приоритет истотака ми е и зачувување на постоечките Македонски региони – Западна Мк, Источна Мк и Повардарие. Затоа ќе градиме нови одбранбени системи со цел подобра одбрана на регионите. А за да се одбраниме од ЕДЕН и од Гејлада и Бугарија ќе треба да донесеме нови играчи бидејки со што повеќе играчи во еден регион на држава, толку повеќе ќе го чини напаѓачот, т.е. да плати повеќе за да го нападне регионот. Во врска со фирмите во Македонија би требало да имаме повеќе државни резерви, а што повеќе успешни фирми во Македонија, толку повеќе златници ќе одат во Македонија од данокот.

Прва работа која како Претседател ќе ја направам е тоа што на седница на Конгрес ќе предложам драстични реформи во даночната политика во еМакедонија. Ќе работам во полза на народот,и ќе ја следам програмата на МНФ за посилна Македонија.



На еМакедонија во овој момент и треба даночна политика која ќе овозможи решавање на неколку проблеми:
1. Драстично намалениот стандард на граѓаните (намалени плати, зголемена цена на злато)
2. Намелен извоз (намален прилив на злато)
3. Зголеме е увозот на нашиот пазар (одлив на злато)
4. Намелена ефикасност на фирмите (секоја работи со по неколку вработени)
5. Одлив на играчи во другите држави


Со овие мерки го очекувам следново:
- зголемување на приходот од платите
- подобрување на продажбата на домашните фирми
- намалување на увозот
- не очекуваме намалување на буџетските приходи
- повеќе злато во домашната економија (стабилизација на курсот)



Јас како кандидат од редовите на МНФ се залагам за:

1. Плурализам и силна демократија во еМакедонија.
2. Силен развој и раст на Армијата на Република Македонија - АРМ.
3. Реформа на државната управа.
4. Развој на економијата.
5. Борба со сиромаштијата во еМакедонија.
6. Вклученост на сите играчи во структурите на државната управа, армијата и државното стопанство.
7. Достапност на функциите до што е можно поголем број на играчи.
8. Транспарентност и отчетност во трошењето на државните пари.
9. Зајакнување на меѓупартиската соработка.




Мислам дека доколку станам претседател на Македонија не треба да одиме офанзивно, треба да бидеме РЕАЛИСТИ и да сватиме дека имаме голем потенцијал, но бидејки сме држава стара само 5 месеци треба уште да се зајакнуваме. Помош овие недели тешко да ќе добиеме, како што Србија има кампања за освојување на региони во В. Британија и сите војници се насочени кон освојување на тие региони. За неколку месеци се надевам дека сите, заедно ќе одиме во офанзива за освојување на нашата Егејска Македонија. Трпението е тоа што ни треба во моментов.
За новата Влада на Македонија, играчите кои ќе бидат министери ќе ги соопштам после претседателските избори. Несоодветно однесување на Министерствата кон народот и обратно нема да се толерираат. Имаше предлог од Министерството за Информирање да се направи Центар за Анализи за кои лично ќе лобирам за таа цел да се оствари. После споменатите приоритети на ова Министерство за тој центар, би сакал да додадам дека нивна работа истотака ќе биде и набљудување на постоечките Владини организации, за превенција на мито и корупција меѓу редовите на Владата. Тој центар еднаш месечно ќе составува извештај за тоа каква е состојбата со Владата, новости, пријави на мулти, сомнителни играчи итн.



Доколку победам на изборите, министри ќе бидат:

Премиер - Васил Чакаларов
Министер за Одбрана - дуданмкд
Министер за Надворешни Работи - Македонија до Индија
Министер за Образование - в.мк
Министер за Информирање - Бранислав1995
Министер за Здравство - коле оф лерин
Менаџер на МАКСТОР - механџијски




Верувам и ветувам дека во текот на мојот мандат доколку станам претседател максимално ќе се трудам да ги остварам своите цели за подобра Македонија!

ВРЕМЕ Е ЗА ДЕМОКРАТИЈА, ДОСТА Е ЕДНОУМИЕ! ДОСТА СО ЕДНОПАРТИСКИОТ СИСТЕМ!

На 5ти, ГЛАСАЈТЕ ЗА ВИСТИНСКИ МАКЕДОНЕЦ. ГЛАСАЈТЕ ЗА МАКЕДОНЕЦМКД!




Ваш