ePulitzer Prize (НАЈДОБРА СТАТИЈА ВО СЕПТЕМВРИ) [ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО]

Day 1,410, 12:59 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Belgium by El1teBE


Конечно!!! Како што беше ветено во следнава статија , еве ја објавата на номинираните за најдобра статија за месец септември, 2011 година.

I НАГРАДА: НАЈДОБРА СТАТИЈА ЗА СЕПТЕМВРИ 2011

Номинирани се (по азбучен редослед):

1. Dushko Avramovski за статијата
[TOP] Did you know ? [Statistic & Analysis]
За трудот кој е вложен во статијава, затоа што стана пример за истражувачкото новинарство во еМакедонија, иако според мене, резултатите и фактите кои ги носи и не се толку многу полезни за обичниот читател. Немаше кој не му рече „браво“ за ова. Еве уште едно големо „браво“ од мене!!!

2. Koteski за статијата
Да ви се по****м...
Изгледа како уште само една плукачка статија, но според мене во нејзе може да се бараат корени за да се подобрат оние кои грешеле или грешат - во некоја мера - поучна.

3. KralliMarko за статијата
Кога ерепублик нема на 1 час!
Иинтересно и смешно. Можеби првата статија во месецов која не навредува, повредува или тангира некого, а е навистина смешна.

4. MeDs Leinad за статијата
Moj vesnik, moj stav
Доста конструктивна статија. MeDs беше првиот кој се осмели да пишува за недостатоците на оваа Влада, и тоа аргументирано, со факти. Не со цел да плука по некого, или да дискредитира нечија работа, туку, најмногу со цел да го отвори патот кон подобрување на работата на Владата, и остварување на ветувањата од предизборието.

5. Strumjanin за статијата
Уште еден предлог до идниот Претседател [ S T R ]
Кратко, ама слатко саркастично видување на Македонштината и популистичките идеи и светогледи на властите - иако не се работи за eRepublik concern, туку за RL. Струме од секогаш знаел како да боцне, штета само што остана неразбран или недоразбран. За сарказмот со кој пишува, и за тоа што остана неразбран од масите.

6. tomibair за статијата
САБАЈЛЕЧКИ ШЛАЈМ[tomibair]
Од многуте статии на tomibair се одлучив да ја изберам оваа - чиста вистина за еден млад човек кој го живее животот на толпата луѓе кај нас, и на кој му е скурчено. Прекрасен пејзаж на дистописката Македонија во која умираме барајќи живот. И уште еден доказ дека tomibair не припаѓа меѓу нас - тој е вонземјанин!!!

II НАГРАДА - НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА (ИЛИ ВО СЛУЧАЈОВ ВИДЕО) ЗА СЕПТЕМВРИ 2011

Наградата за фотографија овој месец без конкуренција (за што се сложија членовите на Советот на еПулицеровата награда) оди во рацете на
tomibair
за следното видео - http://www.youtube.com/watch?v=2bWd3Q637Io
објавено во статијата
20 години независна ВИСТИНСКАТА Македонија![TOMIBAIR] VIDEO
Во него Томи со своето критичко мислење отвори дискусија и го наметна прашањето на аголот од кој се гледаат работите. Исто така, уште еднаш докажа дека е одличен режисер 😃 ЧЕСТИТО!!!


ВАЖНО: Ставовите искажани во статиите и видеото не се и мои лични ставови или ставови на било кој од членовите на Советот. Не значи дека и вие мора да се согласувате со нив за да гласате за нив. При изборот, ни беше битен текстот, а не контекстот. Или поточно - ни беше поважна формата, а не содржината.



Победникот ќе биде одлучен по пат на гласање од страна на вас (ОСТАВАЈТЕ ВО КОМЕНТАР ЗА КОЈА ОД НОМИНИРАНИТЕ СТАТИИ ГЛАСАТЕ), и од страна на независно тело - Совет на еПулицеровата награда во кој ќе членуваат донаторите на средства во буџетот за еПулицеровата награда, јас, и Министрите за Информирање и Образование (во случајов Mandanata и MinaMKD). Соодносот на поените ќе биде 50% - Совет, 50% читатели (во случај на изедначен број на гласови - пресудни ќе бидат гласовите на Советот, односно, победник ќе биде статијата која добила повеќе гласови од Советот). Номинираните исто така ќе бидат само предложени од моја страна, а одлуката за нив ќе ја донесат членовите на Советот.

Фондот за награди за овој месец изнесува 2318 MKD (скромно, како за почеток).
ВО ФОНДОТ ДОНИРАЛЕ:
el1temkd - 1000 MKD
Voix of Macedonia - 1000 MKD - (благодарам)
Toniey - 200 Q1 FOOD (продадено *0,64) = 128 MKD - (благодарам)
nikola cvetanov - 100 Q3 FOOD (продадено *1,90) = 190 MKD - (благодарам)
Им благодарам на сите за поддршката!!! Фондот ќе биде поделен на двајца жители на еМакедонија, првиот - добитник на наградата за најдобра статија (75% од фондот, или 1738 МКД), и вториот, добитник на наградата за фотографија (25% од фондот, или 580 МКД). ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ, ДОБРЕДОЈДЕНИ СЕ И ВАШИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОНАЦИИ ТУКА!!!

ЕПА СЕГА ОСТАВЕТЕ СЕ, И ВО КОМЕНТАР ГЛАСАЈТЕ ЗА НАЈДОБРАТА СТАТИЈА!!! ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ОДВОЕНОТО ВНИМАНИЕ!!!

ЗА SHOUT:
ePulitzer Prize (НАЈДОБРА СТАТИЈА ВО СЕПТЕМВРИ)
http://www.erepublik.com/en/article/epulitzer-prize-1-1873315/1/20