Да ви се по****м...

Day 1,393, 14:54 Published in Poland Poland by Koteski

Две песни во контекст на статијата...

http://www.youtube.com/watch?v=8KXNwdOC670
http://www.youtube.com/watch?v=qnKu2JByLTs

Да ви се по****м на Панзери и АрМакедон...

Да ви се по****м на виртуелното злато...

Да ви се по****м на БХ и ЦХ медалите...

Да ви се по****м на базуките...

Да ви се по****м на фирмите...

Да ви се по****м на ранкот...

Да ви се по****м на силата...

Да ви се по****м на партиите...

Да ви се по****м на 'фенси' англиските имиња на пара-војските...

Да ви се по****м на концептот на пара-војски...


Ај доста ви е...

Што не е во ред со вас? Дали сте вие нормални? Ви ги читам статиите и коментарите и можам да заклучам дека вие си имате проблееееем.

Ах само кога ќе ми текне како сите се колневте во еМакедонија, па како сите патриоти, па сите сложни, па сите вакви, сите такви...па се бараше во пара-војски со 300 сила, а сега цивили од 1 500 сила ви се слаби и ситна риба...па ни треба државна армија, ама јас ќе бидам во пара-војска...
Ги паметам тие денови...на сите ни беа полни устите дека треба да сме обединети, барем во играва да не се делиме...

Знам, така кажуваат и од партиите во РЖ, само што третата страна користи...

Да ви се по****м и во дволичноста...

еПатриотизам???

Па дали сте вие нормални бре? Патриотизам во игра со копче 'Fight' и 'Eat food'??? Во ред е некогаш да се прочита некој патриотски говор, чисто внесување во играта, сум бил и јас таков, ама 'ти не си патриот затоа што маваш во Португалија и имаш египетско државјанство', е тука малку сте изгубиле контакт со реалноста...

Нема да го тупам со РЖ политика, само запрашајте се, во себе, одговорете си искрено, доколку сонувате за обединета Македонија, колку сме блиску или далеку од остварувањето на тоа...

Да ви кажам што јас добив од еПатриотите. Кога го банираа ScymeX на неколку дена (знаете дали е оправдано или не, дали беше мала казната или не) фрчеа шаути со денови, UNBAN ScymeX, закани за напуштање на играта, се добиваа фф поени на кило...

Кога ме банираа мене, Пљакот, никој ништо не кажа. Инаку, да ви кажам, бев баниран поради шаут: 'Профилот се продава' и со тоа, не сум ги почитувал правилата на играта. Модераторите ми рекоа дека за тоа се добива бан од 3 дена, не перманентен. Секако, немав дадено пари за играта и сите жалби ми беа одбиени. Како и да е, загубата на играч си 3700+ сила беше ситна работа за моќната еМакедонија. На крајот на краиштата, правев само 100к со едно испукување. Пред 8-9 месеци играчи со толку сила ни го исцицаа цело злато за да ја изгубиме војната со еБугарија. Не, не сакав шаутирања и да јадете казнетни поени поради мене. Само ви кажувам...

За да добијам 2 ММ медали, буквално се окозив од пишување. Седев со саати за да напишам една статија, мислев, смислував...Кога се појави ДекстерМКД, напиша една статија и собра преку 1300 гласови и 1500 претплати...Ете колку цени и проценува македончето...

Овде одма морам да напишам дека немам ништо против Декстер и Сајмекс...можам да кажам и дека пиев кафе со Декстер уште додека вие си игравте ОеМ и МНФ (ова ептен фалбаџиски xD), која ми беше поентата, ќе сфатите...

Но, во ред е. За мене ова беше игра која ми го пополнуваше слободното време кое го имав премногу. Сега сум вработен, од 12 ч. до 20 ч. и баш ми е гајле за играва!

За крај, си ја поздравувам старата екипа од Тигрите: Среерс, Лајвшит, Трајче, Жути, Спецанз, Лудабаба, Драгонче, Фелпс, Ел Че, Марио, Стеф, Ѓоре (извинете тие што не ве напишав), некои банирани, некој во Хаос, некој во МТО, некој во ДБК, Волци...беше вистинско уживање да се игра со вас. Не бевме вмешани во ниту една расправија, во ниту една власт, во ниту една политичка плуканица. Можам слободно да кажам дека ние сме победниците во оваа игра. Само заради вас ми е криво што ме банираа. Исто така, му посакувам на Шмекерот многу среќа во ре-изградувањето на Тигри...

ЗА ЖАЛ ТУКА ЈАС НЕ ПРИПАЃАМ...

п.с. Верувам во една теза, на Македонци и македончиња. Ситуацијата во РЖ е иста и во играва. Малку Македонци, премногу македончиња. Јас ги препознав Македонците. На оваа тема може со денови да се пишува. Бидете ми поздравени, морав да исплукам вака уште еднаш, со цела енергија и со гради полни со 'свеж' скопски воздух...

Ако сакате шаут, во ред. Ако не сакате, во ред.