Мој весник, мој став - Што остваривме...

Day 1,400, 12:49 Published in North Macedonia Ireland by MeDs.
Edit: Насловот на статијата може е престрог, но понесен од еуфоријата самиот се наметна. Првичнот наслов беше ШТО ОСТВАРИВМЕ...

Поради тоа истиот ќе биде променет



После завршувањето на мандатот на Аминта, некако работите како да спласнаа во играта. Престанаа навредите помеѓу играчите, не од причина дека се помирија туку нема кој да пишува статии. Веке нема ни објави од весниците, со што можеме да заклучиме дека нема активни играчи кои што објавуваат статии. Единствени статии во периодов се извештаите на Амбасадорите кои што ја преполнија гатегоријата за политички анализи. Пред извесен период имаше објава на статии на секои 2 часа, а пред да ја воведат промената со категоризација на артиклите требаше да бидеш среќен ако статијата ти изджи 10 мин во latest.

Категоријата за економски анализа фаќа прашина. Mинатaта недела една статија, оваа помалку... Не се сомневам дека имам момци во играва кои што го разбираат економскиот модул и се полни со идеи но некако или се во погрешна партија, или секогаш се во тимот на вице претседателот. Вчера дури спонтано во коментарите на статијата на saveass се започна дебата за можните економски решенија кои што би и помогнале на Македонија.
Огромен поздрав до шмекерто, савеасс и свмихаил. Може дискусијата не беше на ниво на џенталмени но сепак успеавме да ја вратиме на прав пат.

Веќе измина половина од мандатот на нашиот претседател дон тас и пак ништо. Кандидатура стабилна и обилна, да се помачиш да ја прочиташ: Збор до збор кој што буди самодоверба и надеж дека ова е правиот човек кој што ќе не извади на прав пат. Навидум правиот, но на дела сеуште ги чекаме неговите остварувања.

Кратко ќе се обидам да направам осврт на неговите планови да не речам предизборни ветувања, да направиме рекапитулација до каде сме и накаде одиме. Што сме извршиле а што не чека да сработиме.

1. Економија....
Се ветуваше дека ќе се извадат непотребните пари од касата со помош на намалување на даноците на плата и на ДДВ. Направена е корекција на данокот на приход од 9% на 6%. Касата повторно е полна има околи 1милион денари, и толку. Интервенција за стабилизација на монетарниот пазар - нема. Идеи многу, а конкретна акција нема.

2. Внатрешна политика...
Сите се залагаме за обединување. Дали се обединивме... Хммм јас не мислам така. Секојо си стои во кругот каде што се чуствува безбеден. Непознати луѓе не сакаме да примиме во него, зашто да ни го реметат мирот. Повторно секој си влече на своја страна се додека не се исцепа знамето. Сведоци сме на све помасовно селење на нашите играчи во други држави и земање туѓу државјанства. Според мене кукавичка постапка. Но секој си има право на избор и секој си одговара за своите постапки.
Од baby boom немаме ништо. Подолго време се најавуваше во весниците нови играчи свежа крв. Но крв јас само гледам во битките на друго место нема.
Академијата или не е формирана или потајно работи за доброто на Македонија. Сепак еден академик (United Macedonia) ни се пензионираше, а Струме е повеќе оф него онлине. За тенковите не сакам да коментирам, бурно ја бранат секоја битка и вложуваат напори да за ги чуваме оригиналните територии.

3. Надворешна политика...
Курсот е јасен ОНЕ... Да сите го знаеме тој курс ама некако ветерот не ни е поволен. Те не дува од лево, те од десно. Да, цело е кога има се но некако ОНЕ последниве недели исто така си го бара поволниот ветер за да излезе од сенката на ЕДЕН. Како викаат која е разликата меѓу идеалниот и обичниот маж.... 12 сантиметри... една MasterCrad картичка. Свесни сме сите како се добиени важните битки и не можеме ништо против тоа. Но треба да бидеме како Докузовски малку, внеси луѓе од клупа, смени тактика макар прими и црнец во екипа (ЛЕСТЕР БО МЕККЕЈЛЕБ О О О О О).

4. Образование...
Да дојде Септември почнаа учениците на школо.

5. Војска...
Рефунд, рефунд, рефунд... на кој канал да се уклучиш само за тоа се прашува. А вие во МТО колку зимате, а вие во Хаос колку зимате...
Сеуште се дели на паравоените а се дели и на цивилите. Во овој период забележувам значително повеќе донации за цивили од било кој мандат. Убаво е и за нив да има донации но пак не успеваме да извојуваме победи. Неко меџу нама није наш. Дневниот инфлуенс ни бега на страна и никако да имаме контрола над него. Дисциплина во редовите НУЛА, и самите модови се пожалија на тоа. Но што е тука е традицијата продолжува се за доброто на Македонија.

Единствена работа за која што ми е стварно мака што досега се нема започнато за реализирање е надоградбата на tower center за послабите играчи. ОДЛИЧНА идеа за помиш на играчите, но ништо и од таа работа. Барем за сега.

На државната сметка има 36 златника. Како ќе се успее да се помогне со овие пари за купување на фирми за надоградба не знам... Ама сепак оставаме на тимот да ни покаже дека грешиме.

6. Резервисти...
Со еден збор цивилите...

7. Територии...
Да, играта е динамична територии се добиваат и губат. Сепак од желбата за задржување на териториите во Египет и СА не ни се оствари. Како да се оствари кога сами си ги кренавме востанијата за истите. Во моментов ги губиме и оригиналните територии, но тоа не било пречка за нас. Пак ќе се вратиме од “мртвите” а и некој од брзите прсти ќе си ќари RH медалче. Само Грците да не ни ја разбијат тактиката дека само поради тоа ги губиме териториите 🙂.

8. ТИМ...
Тим како што би посакал секој претседател МОД, премиер заменици министри. Луѓе со искуство. Но некако не им се пишуваат статии. Освен статиите по дефаулт за амбасадори, наредби и извештаи за средствата ништо ново. Помпезно се најавуваа пормени во начинот на работа но изгледа ако ја смениш капата не го менуваш и умот. Се пак си тераме по исто.


Сума сумарум уште еден претседател кој што ќе помине. Многу ветени работи, исполнети ќе видиме. Изгледа влегуваат во стадиумот, “они не се секираат за државата па јас ќе му ја мислам, нека бркаат знаменца каде сакаат”.

Искрено немам лошо мислење на нашиот претседник, ниту за неговиот кабинет. Lavcan само ми прави грешка зад грешка ама ај ќе му простам 🙂, но сеуште се бараме самите себеси во играта и правиот пат по кој да продолжиме.

Можеби требаше да му дадеме шанса на демигод да ги проба своите луди идеи, да видиме до каде ќе ја однесе државата.

Се надевам не ви беше досадна статијава, и дека сите заедно ќе започнеме да работиме за доброто на еМакедонија.

Поздрав.

П.С. Ме мрзи да ловам печатни грешки со оглед на тоа дека текстов го пишувам во еден здив. Слободно пишете во коментар веднаш ќе поправам

Поздрави и честитко со желби за здравје среќа и успех во работата со песната “Излези момче гордо на тераса”

Ваш
МeDs Leinad


Мој весник, мој став - Што остваривме...
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1866836/1/20