[PhoenixMK] Отварање на јавна дебата околу идните планови на МК
PhoenixMK
Кога се објави пред речиси 20 дена можноста за остварување на планот Апулија да ја превземе Србија како привремено решение додека не измине опасноста од Хрватска (вклучувајки го и периодот кога ја држиме Грција под окупација) никој не се бунеше. Исто така никој не се бунеше кога пред некоја недела планот одеше кон остварување но србите кикснаа и Хрватска не нападна. Сега, откаkо веќе планот се оствари многумина почнаа да се бунат дека не сме требале да ја даваме Апулија (т.e. по вчерашните промени) па што сака нека било. Зар треба да ги изгубиме овие региони кои месец дена ги освојувавме за еден ресурс повеќе? Размислете дали можеме сами против две земји со еден куп посилни војници од нас? Планов беше последната, лута алтернатива доколку Унгарија не ја нападне Хрватска и моравме да реагираме навреме плус е од стратешко значење на цел ONE сојуз.
Како МоФа мислам дека докажав во овие месец и половина дека работам транспарентно, и комуницирам со јавноста нон стоп. Планот беше познат одамна, го објавив во мојот весник и мојата работа заврши тука. Требало да се информирате навреме и тогаш да протестирате. За да не мислите дека не го слушаме мислењето на јавноста и дека реагираме на ситуациите како ни текни, јас лично се решив да понудам неколку алтернативни решенија. Бидејки според мое видување, на многумина очигледно ресурсите им се поважни од се место сојузништвото, соработката и позицијата на Македонија воопшто, ви нудам 5 решенија. Кој план најмногу ќе го изгласате лично ќе настојувам кај Претседателот и ONE тој план да се оствари и еднаш засекогаш да се заврши ова.
1. Држење на Грција под окупација
Позитивности: Мирување и целосна посвета кон сојузничките борби. Евентуално доколку ослободат регион да ги прогласиме за НЕ и повторно да војуваме.
Негативности: немаме бонус од НЕ, краткотрајност, монотоност
2. Враќање на Апулија
Позитивности: Конекција со останатите региони и бонуси кои ќе допринесат на економски план за поголема продукција и профит на играчите.
Негативности: Отварање нов воен фронт со друга мастеркард земја која ќе допринесе за брзо време да ја изгубиме Апулија (или друг важен конектор-регион преку востание) но и региони на Апенинскиот полуостров каде ни е главниот град. Грција брзо ќе се ослободува поради многубројните востанија и тенкања од страна на хрватите така да ризикуваме бонусите да не ги искористиме ниту еден ден доколку Апулија или пак Епирус паднат уште на почетокот на војната. Полека империјата ќе ни се намалува.
3. Не/Враќање на Апулија и ориентирање кон Бугарија
Позитивности: Можност да им помогнеме на нашите Турски браќа побрзо да ја избришат Бугарија и наша слатка одмазда
Негативности: Ако се врати Апулија, ќе имаме три фронта. И да не се врати Апулија, Грците лесно ќе ослободат свои региони бидејки инфлуенсот што го прават Бугарите во војните е доста поголем од нашиот (зборуваме за активните играчи без тенкови) и можност од повторно бришење на оригиналните македонски територии и апенинските доколку отвориме фронт со Хрватска.
4. Напад врз Франција или тренинг војна
Позитивности: Помош кон Унгарија и спречување на нејзин нов фронт доколку озбилно нападнеме. Тренинг војна која ќе ни даде бонус на воен план. Можност за рентање на територии доколку секако прифатат (но претходно минатиот мандат ме одбија за рентање на еден регион поради лоши искуства)
Негативности: Губење на британското МПП негативно ќе влијае кон британците кои ќе мораат да бират меѓу нас, влошување на односите со Французите кои повеќето сеуште имаат топли чувства кон МК, губење на довербата и можност за дополнителен мир во иднина поради прекршување на мировниот договор, дополнителен фронт кој ќе атакува на нашите колонии
*лично сум многу против овој план бидејки јас сум еден од потписниците на новиот мировен договор меѓу Франција и Македонија. Принципиелен и човек од збор сум, но сепак мнозинството одлучува и ќе ја почитувам таа одлука.
5. Префрлување на главниот град на Балканот
Позитивности: Спојување на регионите т.е. бонусите добиени од Грција т.е. плус еден ресурс повеќе одошто тоа што моментално го имаме
Негативности: Да се збогуваме од користењето на Италијанските колониии, многу трошоци (преселби) и голем ризик да останеме на помал број на ресурси. Нема враќање назад. (бар додека не ни го избришат главниот град на Балканите)
😃
Селектирајте внимателно, ако кукате сега за ресурси после ќе кукате за региони! Како се освојуват региони, така и се губат. Не ќе можете да покажете со прст кон други особено кон Претседателот кој најмногу го обвинувате за било кој проблем.
Оставам на Вас, да го видам Вашето АРГУМЕНТИРАНО мислење
И за крај, сфатете дека САМИ не го постигнавме ова, САМИ не можеме против сите. Не летајте во облаци, тркалото се врти. Како што напиша Струмјанин во неговата статија "И ова ќе помине". Во оваа игра победува тој што има подобри сојузници, сетете се само на примерот со Војводина пред месец дена, најсилната држава паѓаше од страна на два играчи Ромпер и Аргроб кои правеа преку 20 милиона штета и тоа поединечно. Нашите тенкови да кажеме ќе ја неутрализираат нивната штета но што со другите? ако Србија мака мачеше со нив, замислете нам како ќе ни е на два фронта.
Кратки факти:
- Мир со Хрватска во блиска иднина ќе нема. МНР и Лавчан како амбасадор издејствуваа за мир пред војната. Иако претходно ни беше речено дека директна војна меѓу нас ќе нема сепак притисокот за помош кон сојузниците си го направи своето. Плус во интерес и на нашите тенкови е со Хрватска да немаме фронт не секогаш ќе можат да не вадат од калта.
- Мир со Бугарија во блиска иднина ќе нема бар од наша страна не постои желба.
- Можност за преговори со Грција не верувам дека ќе има доколку секако не контактираат ќе бидете известени но не верувам дека после бришењето ќе сакаат воопшто мир со нас.
- Мировен договор со Франција
- Враќање на Италија на мапата
Секако, можат да се случат многу промени додека трае оваа дебата. Ова е мое мислење и не мора да се согласите со мене (ако сум испуштил нешто додадете) но сакам и прифаќам само аргументирани ставови а не мислења од типот "третата опција" и јаки сме ова-она... И БЕЗ ПРЕПУКУВАЊА, мислам дека можеме барем еднаш да дискутираме на ниво како возрасни луѓе.
п.с За давањето на Апулија и отстранување на фронтот со Хрватска беа прашани и нашите тенкови и тие го делат нашето мислење дека дополнителен фронт не ни е потребен во моментов. DedaNoe доби согласност од нив за остварување на овој план.
Ваш
PhoenixMK
МНР Македонија
Comments
Едно ќе кажам ако сакате послушајте ме! Префрлете го главниот град во оригиналните територии пак! И ако има можност да се шириме надоле!
Добро Стефане, но образложи зошто би го сториле тоа. Такви ставови сакам да причитам, зошто од овие 5 опции таа ти изгледа најлогична.
Египет не можеме да го нападнеме, губиме многу МПП-а.
истото се однесува и на тие што дополнително ќе коментираат.
Поздрав
Свака част за напишаното.Постои и трета опција што може да се разгледа за да не го губиме бонусот од НЕ,а тоа е тренинг војна со србија,како што беше после ослободувањето од бугарија.
План број 1 и ништо друго.
Враќање на главниот град во оригиналните територии НИКАКО.
Напад на Франција НИКАКО, (се покажаа како луѓе од збор и го одржаа ветувањето за ненапаѓање).
Апулија нека си седи така се додека Хрватска не најде друга занимација, а мислам дека нема многу да трае пред да се случи тоа.
Што ти значи онаа последнота точка: “Враќање на Италија на мапата“ ?
Achkoeoeo
Губиме МПП-а :/ не можеме тренинг војна ниту со Словенија дури и со Франција губиме МПП
Браво брат за напишаното, вредеше да се чита : )
@Achkoeoeo ако има војна со србија, ке се изгубат скоро сите мпп за тој што ке нападне
Vote!! o7
Каменковски, дека ќе се врати Италија на мапата ако Хрватска продри на Апенинскиот полуостров и дополнително НЕ и правење блокади
jas sum za - 1. Држење на Грција под окупација
iako ke nemame bonus za NE mislam deka ke mozime da se oddolzime na sojuznicive nasi za seta pomos so ni ja pruzija vo kampanjata protiv Grcija..mozda ke e monotono,no ke gi zajaknime dobrite odnosi so site sojuznici..i toa neka neka trae barem do krajot na segasniot pretsedatel DedaNoe-brzo ke mine vremeto,posle ke vidime so ponatamu
kako i sekogas-glas
Опција број 1 + тренинг војна со Обединети Арапски Емирати.
За Арапиве проверив и немаат ни еден МПП што значи не губиме ништо...
Опција број 1 + тренинг војна со Обединети Арапски Емирати.
За Арапиве проверив и немаат ни еден МПП што значи не губиме ништо... x2
Епа незнам што друго,само знам дека многу губиме што немаме НЕ,и ќе ни се врати ко бумеранг.Мора да се најде разумно решение,што го нема у листава.Сега за сега 1 е најдобро.
1. Држење на Грција под окупација
Da ne im dademe da disat : D
Јас сум да си останеме како што сме си и да ги држиме Грците и Италијанците под ропство уште долги години
Гласам за првата опција. Добро е да се држи Грција под окупација некое време. Тоа би им помогнало на нашите сојузници побрзо да напредуваат, а ние веќе ја постигнавме Големата Цел. Од друга страна тоа ќе ни даде време да се консолидираме и зајакнеме и во координација со ОNE во брзо време да почнеме да отвориме нов фронт.
Според мене не треба да се брза, ние моментално имаме многу добра позиција и голем број на региони и сме голема подршка на нашите сојузници. Треба да се земе и фактот дека активноста во играва значително ќе се намали во текот налетото, некои ќе заминат на одмор, на некој ќе му здосади, некој ќе си фати женска :😁, што уште повеќе ќе го отежни одржувањето на нашата доминација доколку имаме уште еден фронт.
more direkno vo indija da vlezeme bez nikakov trening
1. Држење на Грција под окупација
Не знам кој македонец не е задоволен само со тоа ? :/
За тоа почнавме да ја играме играта така?
Враќање на балканот со главен град и тренинг војна со Франција а Апулија не враќање оти ќе имаме премногу фронта
опција број 4
сите други не враќаат месеци наназад и не изложуваат на непотребен ризик
целата битка со Грција е од морални причини, а не од економски и кога тогаш ќе престане да биде интересна
[removed]
Значи доколку се префрли главниот град во никој случај не смееме да се откажеме од територии во Италија. Од кај знаете може ќе се издесјтвува мир со Хрватите( голем број и од хрватските играчи го сакаат тоа дури имав и дебати со неколку хрвати кои сакаат сојуз како бивша Југославија значи заедно со нас и Србите мада вака излегувам надвор од темата) Темата Египет е комплицирано прашање сега незнам кои МПП ги губиме ама можно е и да издејстувате тие да не нападнат со гаранција дека ќе им држиме тампон зона од Кипар Иран и секоја друга нивна закана. Истото да се побара и од Саудиска Арабија да се стигне до жито. После ова треба добро да се размисли што ќе се прави но најверојатно највеќе ни одговарало тренинг војна со Франција ( доколку е возможно) за да не губиме НЕ. Еве ти мое целосно мислење ако е точно горенапишанотот се надевам ќе го разгледате ова како опција бидејќи Апулија е една комплицирана тема и сега за сеа треба да остане ќе Србите нема да издржиме со Хрватите. о7
А да си седиме мирни некој период ? 🙂
Да ги задушуваме само востанијата што ги имаме и да помагаме колку можеме на сојузниците.
Грците секако дека ќе ги држиме под окупација ама тоа и нас негативно ќе се одрази ќе немаме НЕ а и во последно време откако ја освоивме Грција повеќе наши се откажаа него нивни и плус претерано досадно ќе биде само со нив да се тепаме
1. ДА ЈА ДРЖЕМЕ ГРЦИЈА ПОД ОКУПАЦИЈА !!!!
Меракот на сите да ја освоиме грција се напраи. Сега останува само да ја држиме под окупација што е можно подолго, дефинитивно не можеме да издржиме многу фронта така да паметно би било да се оди на план 1
о/
Меракот на сите да ја освоиме грција се напраи. Сега останува само да ја држиме под окупација што е можно подолго, дефинитивно не можеме да издржиме многу фронта така да паметно би било да се оди на план 1
+1
1. Држење на Грција под окупација
-Нема да должам многу.Ова е најдобро решение.Јас искрено не обрнував многу внимание на позитивните работи туку на негативните.Со ова губиме само продуктивност и ништо друго.Обрнете внимание колкави загуби ќе имаме ако одбериме нешто друго.Доколку не се одбере ова јас ќе бидам многу разочаран.Голем бел бумбар за првиот предлог )
1. Држење на Грција под окупација
Позитивности: Мирување и целосна посвета кон сојузничките борби. Целта е да се држат што повеќе време под окупација и загушување на востанијата и евентуално доколку ослободат регион да ги прогласиме за НЕ и повторно да војуваме.
Негативности: немаме бонус од НЕ, краткотрајност, монотоност
@ Achkoeoeo
Каде виде дека навредив јас ? немам навредено никаде и не го правам тоа, а ти за навредата добиваш репорт ..
Еве генијалните планови и прогнози минатото!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1760709/1/20
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1769445/1/20
Ако некој го бива толку и греши оваа влада нека се кандидира и нека не управи што друго да му кажам, а дека на некоја група секогаш биле против против сите потези кои се докажале како добри тоа е вистина.. незнам кој би се навредил од тоа.
Ja bi se dogovoril so egipet oni da ne proglasat za NE
samo ke gi povrzeme regionite (taka se gubi minimum MPP
drugoto ke im go ostavime
oni ke bidat zastiteni od kipar
a nie ke se potrudime da povrzeme ostatokot
Glavnot grad da si go vratime nazad u originalni
taka pak ke ima sansi da dobieme neokoj resurs povise
i zanimacija na arabiskiot poluostrov
Убаво ја објасни ситуацијата со Србија, кога остана само на еден регион, кога беше нападната на 3 фронта. Ако ја вратиме Апулија истото може и нас да ни се случи.
Само некои имаат меморија од златна рипка или така им чини.
Значи не смееме да ја вратиме Апулија се додека Хрватите не се заангажираат во директна војна со Унгарија или Србија.
Сепак,може да се разгледа варијантата за враќање на главниот град во оригинална територија, ако имаме подобри бонуси од тоа.
[removed]
Гласам за 1!!! А тие што викаат да си ја вратиме Апулија ке ги послушаме кога ке направат 20 милиони влијание!!
@Achkoeoeo
Не паѓај на провокации.
Значи ја бараме најдобрата варијанта за излез од моменталната ситуација каде при толку региони немам корист од повеќето плус немаме НЕ па со тоа ни бонус од тренинг и ранк.
Значи останува или да се инатиме со грците и да ги дрзжиме под окупација за инат и при тоа да не напредуваме или да се најде некоја друга варијанта кога ем би ги држеле по окупација ем ќе си лапаме бонуси од ресурси и НЕ. xD
3
Грција грција грција не се надевавме ни дека ќе ја освоиме па сеа и да ја држиме океј е тоа ама сфатете дека губењето НЕ за подолго време влијае и тоа многу! А и еден ресурс + ако се префрли главниот град е истотака голем плус за сите нас. Мора да има некаква тренинг војна. Бугарите не доаѓаат у предвид исто е тоа како да си ја вратиме Апулија и да војуваме со Хрватите. А бугарија а хрватска исти *** извинете на вулгарност 🙂
@ Achkoeoeo
Мое мислење е тоа и си го искажав не се кријам туку си го кажувам како што е јавно, и има голема вистина во тоа.. погледај последниве месеци артикли и самиот ќе го зебележиш тоа. И незнам кај виде дека е навреда, јас ниту користев вулгарни зборови ни ништо напротив ти користиш и нормално дека ќе те пријавам не дека нешто ќе ми порасне чисто заради тоа што незнаеш културно да се однесуваш ..
И јас си кажав мислење како и сите други што/како, ако ти случајно си се пронашол во мојот текст - твоја работа.
Грција под окупација ...
PRICELESS ; )
1. SAMO TAA OPCIJA NI E NAJPAMETNA, A I PLUS STO GI PRASUVATE DRUGITE KOGA ONI NI POLA OD POLITIKATA NE JA ZNAAT, A AKO IM E ZA 0.5 STR. TOGAS IMAAT NAPOLEON PA NEKA VEZBAAT NA SVOJA STETA A NE NA STETATA NA CELATA DRZAVA!!!!
Некој горе спомна С.Арабија,разгледајте ја можноста,јас изразувам доверба во вас,само немој да не лажете,или да ја испревртите вистината.Пак ќе повторам,не се толку битни ресурсите колку што е НЕ битно.
ДО ДЕКА НЕ СЕ ОТКАЖАТ ГРЦИТЕ ОД ИГРАВА КЕ ГИ ДРЖЕМЕ !!!!!!!!
Губиме важни МПП-а ако нападнеме некои од нив, не смееме тоа да си го дозволиме
Snajde ne Hrvatska i Slovenska Rabota zatvoreni u Kafez 😃
@hikagenius
Не се битни тие 0.5 сила колку што е битен напредок на сите играчи!!!! Без војна нема напредок! Тоа е тоа! Значи тренинг војна со Франција највеќе ни одговара значи едно мпп со Британија губиме колку што разбрав од статијата! Египет и Саудиска Арабија +2 ресурса! И тоа е тоа после може и на Иран да се иде бидејќи водат контроверзна политика па да испаднат од ОНЕ и тука да имаме нова шанса!
Тренинг војна со Франција ... а вие мислите утре Франција ќе ја има на мапата ?
jas sum za da ostaneme ovaka kako sto sme. Da zajakneme malku ekonomski da napraime nekoj kapital, bebinjata da potporasnat. Znaci samo da ugusuvame vostanija od GR i IT i da si furame. Bez preselba na balkanot zatoa sto gejcite i tatarite ke ne izedat, jaki se zaedno jebi ga 🙂. Toa e moeto mislenje i mislam deka e prifatlivo za pogolem broj na igraci.
Треба да се размисли за опција бр. 5. Префрлување на главниот град на Балканот.
""Позитивности: Спојување на регионите т.е. бонусите добиени од Грција т.е. плус еден ресурс повеќе одошто тоа што моментално го имаме""
Зошто воопшто не се спомнуваат Египет и Саудиска Арабија нели може да ни дадат региони да ги споиме и да дојдеме и до некој регион плус.
Главен град - Повардарие. (мислам дека најмногу има жители кога би се направило успешно востание во умбриа)
од оригиналниве региони
1. Овошје
2. Алуминиум
3. Говеда
4. Централна Грција / Пелопонез = железо
5. Крит/ Јонски острови = риба
од старт имаме исто како и сега што имаме - 5 ресурси.
Во египет и саудиска арабија има уште 3 ресурси - нафта, жито и шалитра..
Ние сме најзаслужни за нивното ослободување па се надевам дека може да се договори да ни отстапат некој регион а тие на мира да си подготвуваат бејби-бумови и да се развиваат.
abe drzi gji grcite da ne im tekne vise da se upalat na igrava ! 😃
1. Држење на Грција под окупација
2. Тренинг војна со Обединети Арапски Емирати