[MoFA - PhoenixMK] Околу воениот конфликт со Хрватска

Day 1,289, 11:47 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Здраво сограѓани

Морам да се обратам преку својот весник бидејки не сакам да ја истуркам статијата за Турција која ја пуштив денес преку министерството за надворешни работи.

Сакам да појаснам некои работи плус ми стигнаа неколку прашања на пошта околу Хрватска. Еве ќе одговорам на некои, нека си го пронајдат одговорот на прашањата:

1. Дали имало контакт со Хрватска на официјално ниво пред оваа Влада незнам но ако немало сега има. На моја иницијатива и амин од шефот Струмјанин пуштив порака до Хрватскиот Претседател и нивниот МоФА за поставување Амбасадор на еМакедонија во Хрватска. Добивме позитивен одговор и веднаш бев контактиран од тогашниот нивен амбасадор Ивица Кавасаки. За да покажеме дека сме сериозни, пуштивме статија во Хрватска преку МНР. Целта е нашите играчи да се почитуваат меѓусебе и да се игнорираат троловите од двете страни. Како што објасни Амбасадорот Лавчан во неговата статија, Хрватска тој дел го почитува на официјално ниво.

2. Да, точно е дека Хрватите масовно се вклучиле во кампањата за додавање на еМакедонија и покрај тоа што самите биле свесни дека ќе бидеме нивни противници на военото поле. Им благодариме за поддршката.

3. Ова не е РЛ. Ова е игра. Сите верувам имаме позитивни чувства кон хрватскиот народ во РЛ но овде сме противници. За жал, нивни најверни сојузници се нашите смртни непријатели Грција и Бугарија и нормално е да се појават тролови кои ќе урлаат постојано против Македонија и македонците играјки го нивното оро. Не дека и ние немаме тролови, ги имаме еден куп но сепак морам да признаам дека и јас сум разочаран од тие хрватски играчи. Ако немаат ништо против нас во РЛ, не мораат да не навредуваат за атер на Грците и Бугарите и да удираат со ниски удари.

4. Да, имам контактирано со Хрватски официјални лица. Еднаш се вклучив и на нивен МоФА канал и навистина си поминав супер. А на нивниот официјален канал па и на египетскиот разменив еден куп муабети со хрватски играчи.

5. Па додека сеуште траеше Српско-Хрватската војна , нивни официјални лица ми рекоа дека директен конфликт со нас ќе нема и ќе направат се за да го избегнат. Хрватска е моментално во таков кафез што мора да избере меѓу две алтернативи: Унгарија или Македонија.

6. ЈАС, Струмјанин и Амбасадорот немаме таква моќ со дипломатија да ја спречиме Хрватска да не изгласа за NE. Во различни сојузи сме и со различни интереси. Еден од екс хрватските претседатели и сам кажа дека мораат да помагаат на сојузниците кои се во ужасна криза. Оваа војна е за помош на сојузниците слично како ние пред неколку месеци кога се жртвувавме за Турција против Бугарија и Грција. МНР го одржувам доста активно и

7. Хрватска заедно со Бугарија и Грција е наш најголем противник во играва и со нив во блиска иднина нема да потпишеме МПП па макар и да прогласат неутралност. Доколку сакаат да бидат наши сојузници ќе треба да покажат на дело. Не, уцени од нивна страна нема и не верувам дека ќе има да паѓаат на толку ниско ниво како Грците и Бугарите. Србија не ја напуштаме како сојузник во било кој момент.
____________________________________________________________________________

Значи да појаснам, војна со Хрватска особено по официјалното соопштение на Словенија дека потпишуваат мир со нив не е изненадување а верувам дека и повеќето од вас бевте свесни дека ова ќе се случи. Постојано прашував хрватски играчи и така ова за мене не е изненадување. Македонија додуша е и единствената опција на Хрватска за НЕ во моментов. Србија, Црна Гора, Словенија и Босна не смеат да ги нападнат а Унгарија е преголем залак за нив. Ова е војна за помош на нивните сојузници и обид да не истераат од Апенинскиот Полуостров.

Ве молам без паника. Се крена голема врева и песимизам кога Грција не прогласи за природен непријател а денес си седиме сталожено пиејки си кафенце на мира. Ако можеме против Грците можеме и против Хрватите. Зошто и таму да не се напиеме кафенце? Што не спречува?

И ние имаме асови во ракавот, има да ги измачиме и измалтретираме на нерви додека не нападнат. Одамна имаме развиено План Б и План Ц 😃 планот Б веќе се остварува, RW во Апулија и купување два дена 😃 a планот Ц наскоро ќе го видите 😃 Планот Б вклучува превземање на Апулија и евентуално Молисе на краток временски период од страна на Србија додека не постигнеме некој договор со Хрватите или не помине опасноста од нивен напад врз нашите колонии.

Тајната на нашиот успех е во организацијата, посветеноста и пред се волјата за победа. Војната со Грција како да не сплоти сите во ЕДНО! Ова беше моментот кој го чекавме за да им ја покажеме на противниците нашата сила, македонската борбеност. Со прекрасна организација и неверојатна тактика Грците ги фрливме на колена а противниците се тресат од нас. Доказ дека ни се восхитуваат и противници.. видете само колку играчи од други земји доаѓаат на сопствена иницијатива да се борат за нас. Дури и Аргентина и Бразил испратија воена помош во знак на почит. Македонија сега има потпишано МПП со 20 земји што е рекорд. Имаме прекрасни пријатели покрај себе. Не би сакал да откривам кои земји би сакале да потпишат МПП со нас наместо со нашите противници 😃

Смирено и сталожено, следете и почитувајте ги официјалните наредби на МОД и успехот сам ќе си дојде. Игнорирајте ги троловите и пријавувајте ги. Игнорот најмногу боли верувајте. Секако, воздржете се и Вие од безпотребни навреди.

Не ни можат ништо! 😃

Да живее Македонскaта Империја!

п.с. следува отчет за сработеното

Ваш
PhoenixMK
МНР Македонија