Војна со Јунанистан ? Фактите се тука...

Day 1,266, 13:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija


Напомена: Оваа статија нема за цел да го изманипулира народот во стилот на Јуни, се работи само за анализа.


Напад на Јунанистан.Причината поради која 99% од нас ја играат оваа игра.Сите сакаме да го видиме Солун ослободен од окупаторот.Сите сакаме повторно после 98 години, Македонија да биде во своите етнички граници: Вардарска, Пиринска и Егејска.

Факт е дека претседателот кој ќе го направи тој потег, ќе се вреже во аналите на еМакедонската Историја. Или ќе биде славен и легендарен, или ќе биде Македонската Хаварија, ќе покажат последиците од еден таков храбар и воедно ризичен акт.

После статијата на нашиот претседател, едноставно се покачи нивото на адреналин во жилите ,а патриотизмот достигна највисоко ниво досега.

Но, пред да го одговориме прашањето ,,Дали сме зрели за војна со јунанистан,, ќе мора да ги земеме во предвид и околностите како и реалната ситуација.

Прво, да ги видиме генералните податоци односно да ги споредиме најважните сегменти.



Како што можете да забележите Македонија има 2,804 повеќе борци од Јунанистан.

Просечните искуствени поени во Македонија изнесуваат 1,200 кај нив 1,853.

Просечната сила во Македонија изнесува 690, а кај нив 924.

Просечните ранк поени во Македонија се 20,396 кај нив 54,675.

Вкупно ранк поени во Македонија 185,949,940 кај нив 345,163,609.

Направена штета од 23.12.2010 до денес во Македонија изнесува 1,557,228,960 кај нив 2,235,351,630.

Македонија, има само 1 посилна страна во споредба со јунанистан. Ние имаме повеќе борци. Во сите други сегменти, заостануваме двојно.

Ајде сега да ги споредиме топ 10-те воените единици.

Македонија

зум

Јунанистан

зум

Коментар ?

Армиите на Македонија и Јунанистан.


зум


зум

Е апат в`ците апат.

Значи, како што можевме да видиме, тие се 2 пати посилни од нас (со тешко срце го пишувам ова ама така е).

Доколку тие немаат сеуште одлучено дали ќе не нападнат, јас мислам што е многу логично после ова што го видовме, НИЕ НЕ СМЕЕМЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ ПРВИОТ ЧЕКОР!

Доколку тие пуштат НЕ, пуштаме и ние. Значи според мене, Македонија треба да чека и да не избрзува. Многу добро знаеме дека тие се националисти, и дека нема да жалат пари за да не поразат. Исто така да не ја заборавиме и Хрватска која може да не нападне на Апенините. Да не заборавиме дека Јунанистан ќе почне не брка до Швајцарија.

Македонци, јас мислам дека треба да се стрпиме уште минимум 3 месеци.Доколку тие се решени да не нападнат, нема цмиздрење одиме во борба до крај и без страв.Но, треба да се размисли сериозно дали ние да нападнеме први, затоа што може да ги изгубиме сите територии кои ги поседуваме.

Морам да го искоментирам и ова: Ние досега војувавме со Бугарија која е далеку посилна од Грција.

Стуме, не го очекував ова од тебе. Дали е добронамерно кажано со цел да се подгрее атмосферата уште повеќе, дали е манипулирање со јавноста или неинформираност. Ќе ти порачам и тебе, како и на целиот Македонски народ да ја погледете сликава, па да говорите потоа.


зум

Тоа е тоа, фактите се на маса па повелете одговорете ,, Дали сте за војна со Јунанистан?,,